Продаден уште еден „Apple-1“ компјутер: Не е надмината рекордната цена - Канал 5

Продаден уште еден „Apple-1“ компјутер: Не е надмината рекордната цена

Еден од привте модели на компјутерот, креиран од основачите на компанијата „Apple“, е продаден на аукција во САД.

Продаден уште еден „Apple-1“ компјутер: Не е надмината рекордната цена

„Apple-1“ комјутерот во 1976 година го реирале Стив Џобс, Стив Возниан и неколку други луѓе. Еден од рачно креираните модели, се најде во понудата на аукциската куќа „John Moran Auctioneers“.

Компјутерот е понуден по почетна цена од 200.000 долари а се очекувало да достигне два до три пати повисока цена. Конечната понудена цена изнесувала 400.000 долари.

Ова не е рекордна цена по која е продаден некој „Apple-1“ компјутер, затоа што во 2014 година на аукција ваков модел на компјутер достигнал цена од 905.000 долари.

„Apple-1“ компјутерите се креирани помеѓу 1976 и 1977 година во гаража во Калифорнија. Склопувани се рачно, во куќиште од дрво и креирани се вкупно 200 примероци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер