Проблемите кои на овој човек му ги создава името - се вика Доналд Трамп! - Канал 5

Проблемите кои на овој човек му ги создава името - се вика Доналд Трамп!

Се вика Доналд Трамп, но политиката не го интересира ни најмалку. Тој не е претседателски кандидат но има исто име со Доналд Трамп. Вели дека кога ќе се претстави, луѓето во последно време го гледаат попреку!

Проблемите кои на овој човек му ги создава името - се вика Доналд Трамп!
Доналд Трамп од Алабама долги години има проблеми поради своето име и мора постојано да се објаснува. луѓето мислат дека зборуваат со богаташот Трамп, и постојано му нудат најскапи летови, хотели, недвижнини. А откако Доналд Трамп доби политички амбиции - Доналд Трамп од Алабама, кога ќе се претстави, добива лоши реакции!

- Кога ќе кажам дека се викам Доналд Трамп сите се мрштат. Разбирам дека тој не ви се допаѓа, но не мора да се изживувате врз мене! - вели воздухопловецот.

Неговата сопруга Сузан е убедена во едно - нејзиниот Доналд Трамп, ако ништо друго, барем има многу поубава коса од богатиот Трамп!Image result for доналд трамп

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош.

Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи  на Бит пазар

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија со симпатичен и разигран дизајн.

53 годишната Хајди и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека.

Манекенката носеше сина фустан-носија (дирндл) со црвени детали, соодветни сатенски чевли со потпетици и бели очила за сонце во ретро стил.

Сепак, во препознатливиот стил на Хајди, ниту овојпат не можеше да се пропушти еден смел детал. Горниот дел од нејзиниот фустан во стилот „дирндл“ беше тесен и припиен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте, кое дополнително ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрие.

Контроверзната Германка сето тоа го искористи за да објави провокативно видео на социјалните мрежи.

Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви тешкотии се соочила додека се обидувала соодветно да го затегне горниот дел од фустанот. Во еден момент изгледаше како фустанот да ѝ е дури и мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер