„BMW“ ги повикува на вонреден сервис поради можен дефект кој може да доведе до пожар. Само во Германија во сервисите ќе бидат повикани 430.000 „BMW“ модели од Серија 3 произведени од 2004 до 2011 година (E90 и E93), а бројките за останатиот дел од Европа не се соопштени.
Како што е наведено, во екстремни случаи проблемот со регулаторот на вентилаторот кај радијаторот може да доведе до пожар во возилото.
Затоа во вонредниот сервис ќе бидат проверени инсталациите на уредот, кои ќе бидат променети доколку постои сомнеж за дефект. Според „BMW“ ова повикување на вонреден сервис трае уште од средината на јануари.
Дефектот може да доведе до прегревање, краток спој или топење на контактите или дури дури и до пожар во возилото, а корозијата ја зголемува можноста за дефект.
Поправката на возилата трае околу еден час.