Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции
1Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
Шоу бизПроблематичен збор во малтешко-англиски спор на „Евровизија“Нови контроверзии се јавија околу „Изборот за песна на Евровизија“ на само неколку дена пред крајниот рок за поднесување песни. Британската радиодифузна корпорација (ББЦ) поднесе официјална жалба до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во врска со песната на Малта за натпреварот. Жалбата е прифатена. Во средиштето на скандалот е насловот на песната на претставничката на Малта, Миријана Конте - „Kant“. На малтешки јазик, „kant“ (кант), едноставно, означува „пеење“. На англиски, според „Речникот на Оксфорд“ и други извори, зборот „сunt“ се изговара исто, но се пишува различно, а се опишува како вулгарен синоним за „вагина“ или „вулва“, и обично се користи како вулгарен и навредив поим, најчесто - за жените. Миријана Конте со објава на „Инстаграм“ го изрази разочарувањето од одлуката. „Штотуку нè известија дека ЕБУ одлучи да не го дозволи малтешкиот збор 'kant' за нашиот влез на Евровизија. Многу сум шокирана и разочарана, особено затоа што имаме неполна недела да ја пријавиме песната, но ветувам дека шоуто ќе продолжи“, напиша Конте. Малтешкиот министер за култура, Овен Боничи смета дека овој случај е „уметничка цензура“, како што рече за весникот „Тајмс оф Малта“. - Ги разбирам многуте луѓе кои се крајно разочарани од одлуката на ЕБУ. И јас го делам тоа чувство, изјави Боничи. „Доколку одредена песна се смета за неприфатлива поради која било причина, радиодифузерите имаат можност да ја променат или да изберат нова пред крајниот рок во согласност со правилата на натпреварот“, објаснуваат од ЕБУ за ДПА. Инаку, со исклучок на спорниот збор, песната на Конте е целосно на англиски јазик. Во Малта сега се води дебата за можната замена за тој збор, бидејќи рокот истекува за само неколку дена. „Евросонг“ оваа година ќе се одржи во Базел, Швајцарија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзвори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции Правда, култура, спорт, односи меѓу заедниците ги презема Вреди, ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство, социјална политика, евроинтеграции и вицепремиерското место за добро владеење, а земјоделство ќе оди кај ЗНАМ. Ова неофицијално е досега договорено меѓу премиерот и коалиционите партнери за владина реконструкција. Извори на Канал 5 брифираат дека најверојатно владиниот тим ќе го напушти вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министрите Цветан Трипуновски, Игор Филков, Борко Ристовски, Зоран Љутков и Фатмир Лимани. Информациите засега никој не ги потврдува ниту демантира, но начелно постигнале согласност за рокада на овие ресори. Според лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, сите опции се на маса и треба да се согледаат грешките, но уверува дека односите во коалицијата се на највисоко ниво. „ Сега во моментов разговараме само за министерските позиции, сите опции се отворени бидејќи треба да се слушнат сугестиите на владините партнери, но секако да се согладаат и сондажите на граѓаните колку тие се задоволни од реализација на проектите на одредени ресори. Ние не разговараме само за местата на ЗНАМ, туку за сите места во владата и реализацијата на владината програма во две години.“ - Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ Неофицијално, конечна одлука за распределбата на ресорите ќе има вечерва, откако премиерот Мицкоски ќе се сретне со Димитриевски за да го прецизираат договорот, а потоа се очекува внатрепартиски да решаваат за новите имиња. Целиот процес на реконструкција во владата се најавува дека ќе заврши многу брзо, а според премиерот списокот до Собрание ќе биде доставен најдоцна до први јули. Тој потенцираше дека промената во кадрите нема да запре со министрите, туку следни се директорите кои во првите две години од мандатот на оваа влада не ги исполниле своите ветувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕРПредлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, електронските докази, посебните истражни мерки, финансиските истраги, увидот во списите, одржувањето рочишта и изведувањето докази на далечина, постапувањето по обвинителен акт, главната расправа, правните лекови, скратената постапка и други аспекти на кривичната постапка. Предлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, како и со меѓународните и европските стандарди. Воедно, законот е усогласен со 18 директиви на Европската Унија, особено во делот на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, правата на жртвите и конфискацијата. Најзначајните новини во Предлогот на Законот за кривичната постапка се: • Подобрување на одредбите за конфискација; • Дигитализација на кривичната постапка; • Ревидирање на одредбите за посебните истражни мерки; • Унапредување на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, како и правата на жртвите согласно законодавството на Европската Унија; • Усогласување со Законот за АРО, Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство; • Отстранување на недостатоците утврдени во досегашната практика. Со предложените решенија се создава основа за поефикасна, потранспарентна и помодерна кривична постапка, усогласена со европските стандарди и потребите на современиот правосуден систем.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелацијата за министерот Тошковски на пленарна седницаЖестока расправа во собранието за интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, поднесена од Левица.Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти. Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата. Јана Јосифоска ја следи седницата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter