МакедонијаПробиена е целата траса и конечно целосно ќе се доврши булеварот „Борис Трајковски“По три децении, реконстукцијата и проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ кочечно станува реалност – порача градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, при увидот во градежните работи на терен. Тој информираше дека пробивањето на трасата е реализирано речиси 90%, а по целосно расчистување, следниот чекор ќе биде асфалтирање и финализирање на делницата од кружниот дек кај Драчево до Пинтија. Вкупната инвестиција за целиот проект изнесува околу 2 милиони евра, а предвидува и нова атмосферска канализација, велосипедски и пешачки патеки. - Во минатото со неверување граѓаните гледаа, 30 години немаше барање на начин од страна на градските власти за да се овозможи слободен пристап, фукционална безбедна траса за граѓаните од Драчево, Зелениково, Студеничани. Со силна динамика веќе 2-ра недела се работи овде и веќе имаме пробивање на трасата од 88%, останатите 12%, станува збор за уште 3 или 4 објекти..Во наредните 10тина дена ќе бидат пробиени и ќе имаме целосно овозможување на пристап, односно почеток на реализација на овој булевар. - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на град Скопје Ѓорѓиевски оцени дека станува збор за еден од најважните сообраќајни потези во овој дел од Скопје, кој секојдневно го користат најмалку 100.000 граѓани. -Ако динамиката на работите продолжи како досега, реконстукцијата на булеварот „Борис Трајковски“ според најавите на надлежните ќе биде завшрена до крајот на годината и ќе придоенсе за значително подобрување на сообраќајната безбедност во овој дел од градот. Ѓорѓиевски посочи и дека со засилено темпо се работи и на други капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои клучката кај Момин Поток и мостот на Вардар, кој треба да ги поврзе улиците „Љубљанска“ и „Скупи“ Паралелно со инфрастуктурните проекти, градските власти уверуваат дека се работи и на подобрување на состојбата со комуналната хигиена..Ѓорѓиевски информираше дека завршена е тендерската постапката за набавка на 40 нови камиони за собирање отпад, додека во тек е и финалната постапка за набавка на околу 2400 контејнери, кои треба да бидат испорачани во наредните две недели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецотПремиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот. - И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки. Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје. - Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има. - Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара? - Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам. Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната неделаДоналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември. „Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп. Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средбаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаИнфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗСИнфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3 отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто. На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter