Пробал да паркира електричен Тајкан, ама многу згрешил (ВИДЕО)

Сопственикот на овој Taycan ги доживеа сите привлечности на електричниот погон на своја кожа.

И најочигледна е работната крива на електричниот погон, според која возачот има максимален вртежен момент достапен практично од самиот почеток. Во превод, ова значи дека треба да се биде внимателен со педалот за гас, особено кога станува збор за електрични ѕверови со јачина од 500 и повеќе коњи, или со над 600 Nm достапни од самиот почеток.

Едно американско списание нè потсетува на приказната од ,,Top Gear” која раскажува како коњите кажуваат колку брзо ќе удрите во ѕид, а вртежниот момент е колку далеку ќе го однесете ѕидот со вас. А, ова најдобро го покажува видеото подолу, каде ништо не можеше да го спречи Тајкан во неговата намера. Тој го помести црниот автомобил настрана, а потоа и синиот го доби своето.

Не е познато што ја предизвикало несреќата и дали возачот случајно стиснал погрешен педал. Кој знае, можеби од страв постојано го држел гасот и се обидувал да се спаси со вртење на воланот, што е една од вообичаените панични реакции.

Двајт Хауард: Бен Симонс е младиот Леброн Џејмс

Популарниот Супермен новиот центар на НБА лигашот Филаделфија Двајт Хауард упати пофални зборови за својот млад соиграч Австралиецот Бен Симонс.

Бен е извонреден млад плејмејкер, поточно Point Forward",кошаркар кој некогаш студираше на престижниот ЛСУ Универзитет.

Неговите играчки квалитети никогаш не биле спорни но сега неговиот нов соиграч центарот Двајт Хауард го спореди со никој друг туку со големиот Леброн Џејмс.

„Бен Симонс е младиот Леброн Џејмс. Тој може да биде еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.Обожувам да го гледам додека игра, сакам колку е несебичен и колку може да биде лош за другите тимови. Тој се уште се развива и тоа луѓето лесно го забораваат, изјавил Двајт Хауард.

Популарниот Супермен неодамна стана нов член на Филаделфија со порака дека само Док Риверс вистински сакал да го ангажира.

Српската влада ја повлече одлуката за повлекување на црногорскиот амбасадор од Белград

Српската влада, по вечерашниот состанок кај претседателот Александар Вучиќ, се предомисли и ја повлече одлуката за протерување на црногоскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ.

Премиерката Ана Брнабиќ, која заедно со министерот за надворешни работи никола селаковиќ, беа кај претседателот, изјави дека таа заедно со владата и целата србија, комплетно се согласуваат со изјавата на амбасадорот Владимир Божовиќ.

Црна гора го протера српскиот амбасадор Божовиќ, поради неговите изјава дека одлуката на подгоричкото собрание од 1918 година, за припојување на земјата кон кралството на СХС, била ослободување на Црна Гора и ја одразила слободната воља на црногорскиот народ.

Фото: Шерон Стоун со чудни модринки по нозете

Холивудската актерка Шерон Стоун отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста секако со својот беспрекорен изглед и стајлинг.

Но, сега 62 годишната ѕвезда ги изненади фановите со чудна фотка. Стоун уште еднаш покажа дека на социјалните мрежи воопшто не им робува на трендовите, да се објават фотографии на кој изгледате совршено, актерката редовно објавува фотографии на кои е без шминка и е во опуштено издание.

И во седмата деценија од животот Шерон изгледа одлично, сепак сега фановите се изненадени од нозете на атерката , тие на сликата излгедаат полни со модрици и рани. Никој не знае зошто актерката има повреди на нозете.

Без разлика на се Шерон за фотката доби илјадници лајкови и одлични коментари.

-Мојот пријател и брилијантен стилист ми го испрати ова денес. Не само што сум восхитена, туку сим и благодарна што и со 62 години и понатаму се занимавам со моделинг. Ви благодарам на сите што годинава ме ангажиравте, истакна Шерон Стоун во својата последна објава.

притисни ентер