Признанието „Актерот на Европа" врачено на португалската актерка Марија До Сеу Гера - Канал 5

Признанието „Актерот на Европа" врачено на португалската актерка Марија До Сеу Гера

Со врачување на престижното признание „Актерот на Европа" за 2019 година на португалската театарска и филмска актерка Марија До Сеу Гера.

Признанието „Актерот на Европа" врачено на португалската актерка Марија До Сеу Гера

Актерката Марија До Сеу Гера е основач на култниот театар „Барака" од Лисабон.

Добитничката на највисокото признание на манифестацијата До Сеу Гера изрази задоволство што е во Преспа и што нејзиното име ќе биде запишано во европската културна меморија, заедно со други такви актерски величини, добитници на наградата.

За посебни достигнувања во областа на промоција на Преспа, наградата „Клучевите на Преспа" им беше врачена на Агим Пољоска од Северна Македонија и Захари Иванов од Бугарија. Повелбата „Балканот – срцето на Европа" ја добија Стојан Андов од Северна Македонија, Ставрос Ѕимас од Грција и Кјутим Чашку од Албанија

Според градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски, 17 години по прогласувањето на Преспанското Езеро за меѓуграничен европски парк меѓу нашата земја, Грција и Албанија, визијата за кулутурно поврзување со соседите станува повеќе од реалност.

– Но, ова поврзување не е само кулутурно, со огромен број заеднички прекугранични проекти, одлична соработка и неисцрпливи потенцијали – визијата за влез на нашата држва во Европската Унија е се пореална и повидлива. Сите проекти, настани, акции и промоции, што со заеднички сили ги покреваме и учествуваме, се со крајна цел за зближување на народите од трите страни на Преспанското Езеро, нагласи Гошаревски.

Наредните денови, како што рече, на крилјата на пријателството, уметноста и театарот, Преспа ќе биде културен центар на Балканот и ќе живее во духот на највисоките културни вредности коишто можат да се достигнат.

– Нашите пријатели од соседството со нивната актерска магија ќе ни го исполнат срцето со емоции кои можат да се почувствуваат само низ театарската драма, комедија и трагедија, додаде ресенскиот градоначалник.

Наредните денови Преспа ќе биде домаќин, како на театри од земјава, така и од соседството, меѓу кои од Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора,

Фестивалот завршува на 11 јули со прогласување на победниците и врачување на наградите за најдобрите театарски достигнувања на годинашното издание.

Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа" беше востановен пред 17 години кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското Езеро за меѓуграничен европски парк меѓу Македонија, Грција и Албанија. Група европски и македонски интелектуалци го покренаа Интернационалниот театарски фестивал, на бреговите на Преспанското Езеро, кој секоја година ќе го слави како голем подвижник на историјата, „Неговото величество актерот".

По оваа оригиналност „Актерот на Европа" го препознаваат насекаде во светот величествените европски имиња како Љуба Тадиќ, Брус Мејерс, Раде Шербеџија, Ана Патерсон, Милена Зупанчич, Јон Карамитру, Зијах Соколовиќ, Костас Гакидес, Ирина Евдокомова, Димитри Орготска…

Фестивалот на кој до сега учествувале околу 200 претстави од скоро сите европски земји, се одржува во организација на „Езеро без граници", Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

МЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста.

Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини.

Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим.

Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети.

На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста.

Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

Денеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување.

Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија.

Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот.

Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение.

На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер