МакедонијаПриведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгодиПолициски службеници во изминатите 24 часа во три различни контроли лишиле од слобода тројца возачи, кои управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди. Против нив, како што иниформираат од МВР ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово вчера во 5:30 часот во с.Јосифово, валандовско, го лишиле од слобода Т.Ј. (52) од с.Удово, валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово. Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка денеска во 07.00 часот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.13 промили алкохол во крвта. Полициски службеници од ОВР Берово вчера во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во с.Смојмирово, беровско, го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Црник, пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица, информираат од МВР. Тагови: полицаец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во сосВо вторник (10.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Браќа Нуне.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 150 гр. свежи печурки 100 мл. павлака за готвење 100 мл. масло 50 гр. путер 1 лажица путер од кикиритки сол, бибер и сув зачин Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотУбава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косатаСобраната коса во цврсто опавче или пунџа е чест избор на многу жени. Ваквото минималистичко обликување на косата одговара на многу модни комбинации, но стручните лица предупредуваат на што да се внимава за да не изгубите дел од косата. Залижаната коса наназад, т.н. slick back, е редовен избор на припадничките од поубавиот пол. Овие фризури се практични, уредни и ги нагласуваат цртите на лицето. За измазнување на фризурата, најчесто се користат гелови, креми за стилизирање и четки со густи влакна, кои помагаат да се измазни и зацврсти непослушната коса. Но, експертите за нега на коса предупредуваат дека честото практикување на ваков тип фризура може да доведе до проретчување на косата долж линијата на челото. „Ризикот кај цврсто зачешланата коса е тракциска алопеција, односно губење на косата долж линијата на челото и на слепоочниците предизвикано од постојано влечење на фоликулите“, објаснува експертот за нега на коса Тина Муи за „Њујорк пост“. Губењето на косата не се случува преку ноќ, туку е резултат на често и постојано врзување на косата наназад. Според експертите, ваквите фризури можат да придонесат до ќелавост, но тие обично не се главната причина. Во последните години, забележан е пораст на губењето на косата кај жените од сите возрасти. Хормонската или нутритивната нерамнотежа, стресното секојдневие, болест, губење на тежината (вклучително и она предизвикано од лекови) или хроничен недостаток на сон, исто така можат да го нарушат циклусот на раст на косата и да доведат до нејзино засилено опаѓање. Фризурите кај кои косата е зачешлана наназад – доколку се носат премногу често, или премногу затегнато, можат да предизвикаат кршење на влакната, губење на густината или постепено повлекување на линијата на косата наназад. Затоа, експертите советуваат да се намали затегнувањето при собирање на косата. „Олабавете ја фризурата, не го влечете коренот и бидете нежни при чешлањето или стилизирањето. Ако чувствувате болка, пецкање или иритација на скалпот, пуштете ја косата“, советува Шаина Рејнфорд, сопственичка на бренд за нега на коса. Токму пронаоѓањето рамнотежа помеѓу посакуваниот изглед и здравјето на косата е клучно во одржување на нејзиниот квалитет и густина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter