Приведени седум возачи на територија на СВР Тетово за пребрзо возење - Канал 5

Приведени седум возачи на територија на СВР Тетово за пребрзо возење

Приведени седум возачи на територија на СВР Тетово за пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 километри на час.

Приведени седум возачи на територија на СВР Тетово за пребрзо возење

Полициски службеници при СВР Тетово вчера извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци, о кои 67 во Тетовско и 61 во Гостиварско. За време на контролата по член 297А - безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле приведени седум лица, соопшти МВР.

На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, е приведен М.Б.(47) од тетовското село Челопек, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ровер“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100км/час. На истото место од слобода била лишена Р.А.(42) од Тетово, која управувала патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час. Кај наплатната станица Желино е приведен и А.А.(33) од с.Раковец, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час. На автопатот Скопје-Тетово, пак, кај местото „Студена вода“ се приведени В.З.(24) од с.Желино, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и С.Ш.(30) од Тетово затоа што управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час.

На патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М.(42) од Скопје затоа што управувал патничко возило ,,бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и Н.Б.(54) од Охрид затоа што управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик, наведуваат од МВР.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер