Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца
2Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаПриведен директорот на Комунална хигиена, Сабахaдин РустемиСВР Скопје Единицата за Економски криминал попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје.По неколку неделниот хаос со ѓубрето во Скопје и по инспекциските надзори паднаа првите апсења – приведени се две лица од КХС, посочија од обвинителството, а според извори на Канал 5 од истрагата станува збор за директорот на претпријатието Сабахадин Рустеми и уште едно лице од раководството. Од ОЈО Скопје посочија дека двајцата се сомничат кривичното дело – загрозување на животната средина и природата со отпад. Дополнително, прибрана е дополнителна документација. -По наредба на ОЈО Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување на докази. Приведени се двелица од раководството на ЈП Комунална хигиена – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело 230 од кривичниот законик. - ОЈО Набргу по апсењето на директорот Рустеми, пристигна реакција и од градоначалничката Арсовска на социјалните мрежи и со соопштение до медиумите. Таа во својата објава вели дека премиерот Мицковски и МВР со апсењето на директорот сеат страв пред вториот изборен круг. Таа за состојбите го обвинува УО на КХС, односно претседателката Јулијана Спировска, која вели дека три години ги опструира сите набакви и работата на прептријатието. Но, институционалниот одговор засега не ја менува состојбата. Поразени и понижени – вака го опишуваат чувството скопјани од сликата која периодов владее со Скопје. полните контејнери и просторот околу нив и натаму остануваат на секој чекор во „метрополата“ – па граѓаните веќе состојбата ја коментираат и со шегување. -Прекрасно изгледа, одлично – ова е круната на се/.Бидејќи тука живеам, на приземјето сум, ова е многу убаво, како доаѓа, филм да се снима./. Се чуствувате ли поразен како скопјанец од сликата што ја гледаме изминативе денови? Многу, многу. Лоша слика, поразена, понижена/Јас сум роден во Скопје, вака ѓубре немало никогаш, никогаш, јас еве 80 години ќе наполнам. Нормално е во 2025 вака да ни изгледаат улиците? Не, ова е лудница. Ако смрдеата изминативе денови беше само во околината на контејнерите сега може да се почуствува и подалеку.. Дождот само дополнително ја влоши состојбата.. -Дождот изминатите два дена можеби ја изми прашината од улиците, но сето она што е во контејнерите и околу контејнерите, се разлеа по нив.. Сепак, дождот на виделина извади уште една поразителна слика – вака изгледа денеска реката која е испеана во бројни песни и е дел од државниот грб. Во Вардар која никогаш не изгледал повалкан се слеваат илјадници шишиња и секакви предмети – кои тешко можеа да ги избегнат и речните птици. На што личи Вардар ќе се види и надвор од државава низ објективот на туристите. -Работам во областа на туризмот, со странски туристи работат, велат повалкан град во светот не сме виделе. Ваквиот став може да се забележи и кај странските блогери кои изминатиов период го посетиле Скопје и каде го коментираат отпадот кој е на секој чекор. Тагови: Град Скопје ѓубре Конунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаЈанчев: Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитетЗимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.Во моментов механизацијата е ангажирана на расчистување на патниот правец кон Бошавијата и горните села, каде што се работи на отстранување на снегот и одржување на проодноста на патиштата. Екипите и механизацијата се на терен и продолжуваат со активностите согласно временските услови и потребите. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСанчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез, од социјалистичката партија PSOE, гласаше денес на предвремените парламентарни избори и изрази увереност дека излезноста ќе биде историски висока и дека има добро чувство за изборите.Тој им рече на новинарите на гласачко место во мадридскиот округ Монклоа дека „гласот е најголемата моќ“ и дека би било добро сите граѓани кои имаат право на глас да излезат на гласање, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE. „Колку е поголема излезноста, толку подобро ќе се одразат чувствата на граѓаните и толку поголема сила ќе има владата за да продолжи да ги спроведува своите политики“, рече Санчез. Избирачките места се отворија утрово во Шпанија за предвремените парламентарни избори кои би можеле да ја доведат крајната десница на власт за прв пат откако земјата се врати во демократијата по смртта на генералот Франциско Франко во 1975 година. Повеќе од 100.000 припадници на Националната полиција и Цивилната гарда ќе се грижат за безбедноста на 22.493 избирачки места. Право на глас имаат повеќе од 38,5 милиони гласачи, избирајќи ги сите 350 членови на Долниот дом на парламентот преку затворени партиски листи, како и 208 од 266 членови на Сенатот. Премиерот го избира исклучиво Долниот дом, додека преостанатите сенатори ги назначуваат регионалните парламенти. Новиот Долен дом ќе се состане на 23 декември за да го избере претседателот на парламентот, а потоа шпанскиот крал Фелипе ќе предложи кандидат за премиер, кој обично е лидер на партијата што освоила најмногу гласови. За да биде избран, кандидатот мора да обезбеди апсолутно мнозинство, или најмалку 176 гласови, или едноставно мнозинство во вториот круг гласање. Нема рок за преговори за владина коалиција, но новата влада мора да се формира во рок од два месеци од тоа гласање за да се избегнат нови избори. Иако редовните избори не беа закажани до следното лето, шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез ги распиша изборите откако конзервативната Народна партија (ПП), крајнодесничарската Вокс и десничарската каталонска сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ ги отфрлија итните законски мерки предложени од неговата влада за решавање на станбената криза во земјата. Анкетите на јавното мислење пред изборите покажуваат дека Санчез нема да успее да го продолжи својот осумгодишен мандат, а се очекува конзервативната Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Фехој да освои најмногу гласови и би можела да формира влада со поддршка на крајнодесничарската Вокс. Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, ги распиша изборите откако парламентот ги отфрли неговите декрети на 2 октомври, кои беа наменети за ублажување на растечкото незадоволство поради зголемувањето на кириите и присилните иселувања.Тагови: Педро Санчез Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МетеоПриватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор.. -На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни. Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен. Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14