Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
1Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
МакедонијаПритвор за неготинец кој принудил пријателка на полови дејства и потоа ја уценувал за париДваесет и деветгодишен жител на Неготино со живеалиште во Германија е осомничен за две кривични дела - полов напад и уцена. Тој на 2 декември заедно со неговата сопруга и уште една пријателка излегле во ресторан во Скопје каде пиел алкохол и конзумирал дрога, а по вербална расправија со неговата сопруга, таа сама заминала дома, а тој се понудил да ја врати пријателката дома, но наместо кон нејзиниот дом, возел на различни локации низ Скопје обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи. Откако жената не се согласила, тој и се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар каде со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал. Додека биле во апартманот, се јавувал со видео повик кај сопругата и кај други лица барајќи од нив да му донесат кокаин за да не ја убие девојката. Три дена подоцна, осомничениот и го пратил видео клипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, бил приведен. На осомничениот му е одреден притвор. Јавен обвинител ја побарал оваа мерка од причина што има реална опасност од бегство и отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постоел ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал. Тагови: притвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаТошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зонатаНа граничниот премин Ќафасан денеска беше промовиран системот „One Stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија, во присуство на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, и албанскиот премиер, Еди Рама.Со воведувањето на овој систем се заокружува процесот на воспоставување заеднички гранични контроли со соседните држави кои не се дел од Шенген-зоната, по успешната имплементација на моделот „One Stop“ со Република Србија и Република Косово. Станува збор за значаен чекор во модернизацијата на граничното управување, кој овозможува поедноставени процедури, побрз проток на патници и возила и намалување на времето на чекање на граничните премини, без притоа да се намалат безбедносните стандарди и контролите. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека воспоставувањето на системот „One Stop“ со Албанија претставува исполнување на уште еден важен приоритет на Министерството за внатрешни работи, насочен кон олеснување на движењето на граѓаните и унапредување на регионалната поврзаност. „Со воведувањето на системот 'One Stop' со Република Албанија го заокружуваме она што го започнавме со Србија и Косово – воспоставување современ модел на заеднички гранични контроли со сите наши соседи надвор од Шенген-зоната. Нашата цел е едноставна: граѓаните да поминуваат побрзо, да нема непотребни задржувања, а граничните служби да работат поефикасно и покоординирано. Границите треба да бидат безбедни, но истовремено и функционални, особено во време кога мобилноста на граѓаните, туризмот и економската соработка постојано се зголемуваат“, истакна Тошковски. Дека ваквиот модел дава конкретни резултати покажува и досегашното искуство со Република Србија. На граничниот премин Табановце, каде што системот „One Stop“ беше воведен во јули 2025 година, времето на чекање во одредени периоди е намалено од неколку часа на околу 30 минути, и покрај зголемувањето на бројот на патници за 15 до 20 проценти. Позитивните искуства од заедничките контроли со Србија, како и од граничните премини Блаце – Хани и Елезит и Јажинце – Глобочица со Република Косово, претставуваат основа за натамошно унапредување на граничното управување и со Република Албанија. Со новиот систем на Ќафасан се овозможува координирано спроведување на граничните проверки на едно место, со што се избегнува непотребното повторување на процедурите и се создаваат услови за побрз и поефикасен премин на границата. Ова е особено значајно за граѓаните на двете држави, за туристите и за превозниците, имајќи го предвид интензивниот сообраќај на овој граничен премин, особено во летната туристичка сезона. Покрај олеснувањето на патувањето, системот придонесува и за подобра координација меѓу граничните служби, поефикасна размена на информации и зајакнување на прекуграничната соработка. Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на граничните премини, дигитализација на процедурите и унапредување на соработката со соседните држави, со цел обезбедување побрз проток на патници и стоки, повисоко ниво на безбедност и подобри услуги за граѓаните. Воведувањето на „One Stop“ со Албанија е уште еден конкретен резултат на регионалната соработка и потврда дека со заеднички решенија границите можат да станат побрзи, поефикасни и побезбедни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!По повод 22 Ноември - Денот на албанската азбука, упатувам искрени честитки до сите припадници на албанската заедница, напиша на својот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Јазикот, писмото и културното наследство се темелни вредности на секој народ и важен дел од неговиот идентитет. Нивното почитување не нè разделува, туку нè зближува и нè прави побогати како општество. Нашата заедничка одговорност е да градиме држава во која различностите ќе бидат вредност, еднаквоста принцип, а меѓусебната почит темел на заедништвото. Да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги почитува различностите. Општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво почитуван, прифатен и вреднуван. Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!- стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
БалканСо сезонска ски-карта може да скијате во четири земји, важи за три дена уживање на снеготСе приближува скијачката сезона, а новиот договор овозможува користење на ски-билети во неколку ски-центри во регионот. Уживајте во скијањето на Јахорина, Копаоник и на други дестинации.Вистинската зима сè уште не пристигнала, а љубителите на скијањето веќе се подготвуваат за својот омилен дел од годината и за активностите на снегот. Покрај опремата и изборот на ски-центри, скијачите водат сметка и за ски-билетите, чии цени се разликуваат од едно до друго скијалиште. Затоа, претставници на ски-центри од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија одлучија да им овозможат полесно уживање во зимските чари. Имено, на Јахорина беше потпишан договор за регионална соработка, наречен „SKI REGION“, кој предвидува заемно признавање на сезонските ски-билети и можност за нивно користење во траење од три дена во партнерските ски-центри. Договорот е потпишан со цел поврзување на регионалните ски-центри, подобрување на туристичката понуда и заедничка промоција на зимскиот туризам. Генералниот директор на Олимпискиот центар „Јахорина“, Игор Жиљак, изјави дека сопствениците на сезонски ски-билети за Јахорина ќе можат да скијаат три дена на Бјелашница, како и по три дена во партнерските ски-центри во Словенија, Србија и Црна Гора. „Сите ски-центри во регионот се согласија нашите сезонски билети да важат во центрите со кои имаме потпишано договор, за три дена скијање. Се надевам дека на овој начин на туристите ќе им овозможиме подобро скијање и поубава атмосфера“, рече Жиљак. Тој изрази очекување дека договорот ќе придонесе за промоција на зимскиот туризам и за зголемување на интересот за регионалните ски-дестинации, вклучувајќи ги Јахорина, Бјелашница и Копаоник, пренесува сараевскиот портал „Кликс“ (Klix). Почетокот на зимската скијачка сезона се разликува од планина до планина, а на Копаоник е планиран за 3 декември, кога ќе се одржи настанот „Ski Opening“. Првиот ден, скијањето ќе биде бесплатно. Се разбира, почетокот може да се промени во зависност од условите на теренот.Тагови: снег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook