Притвор за 11 членови на криминална група инволвирана во криумчарење мигранти

Судија на претходна постапка им одреди притвор на 11  членови на криминална група инволвирана во криумчарење мигранти, а на останатите лица им е одредена мерка на претпазливост, соопшти МВР.

-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во Сектор за криминалистички истраги, при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Регионалните центри за гранични работи „Исток" и „Југ", во координација со ОЈО за ГОКК, вчера спроведе координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку грчко-македонската граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-липковскиот регион.

Како што соопшти МВР, криминалистичката истрага над организираната 20-члена криминална група со дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност се спроведувала од мај 2018 година, како и над еден полициски службеник кој ја помагал криминалната активност на групата.

-ОСОСК до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против вкупно 21 лице, и тоа: Ќ.Н.(32), Ќ.М.(29), И.А.(38), С.М.(31), А.А.(33), Е.Г.(31), М.И.(47), У.М.(33), Ш.Е.(26) М.М.(27), Ј.Д.(42), Е.С. (30), M.E. (23), Е.О. (23), Е.Н.(28), А.М. (29), Џ.Б.(23), И.Р.(27), Љ.М.(42), Х.А.(48) и Љ.Т.(58) поради основано сомнение за сторени кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти" по член 418-в, „криумчарење на мигранти" по член 418-б од КЗ на Р.Македонија и за „помагање" во врска со истото кривично дело, се наведува во соопштението од МВР.

Лицата Ќ.Н., Ќ.М. и И.А. заедно со организаторите задолжени за прифаќање и превезување на илегалните мигранти С.М. и А.А., со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, организирале криминална група во Република Македонија, која од средината на 2018 година досега, организирале криумчарење на лица илегални мигранти кои на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани илегално од Грција преку т.н. „зелена граница" во околината на Дојран и Гевгелија.

Оттаму, како што велат од МВР, со помош на водичи мигрантите биле носени на претходно договорени локации, од каде се вршело нивно прифаќање од страна на лицата членови на групата со товарни и со патнички моторни возила. Илегалните мигранти биле превезувани до Кумановско-липковскиот регион, односно во селата Ваксинце и Лојане, каде биле времено сместувани и засолнувани во објекти на соработниците на криминалната група, а потоа криумчарени преку македонско-српската граница. Најголем број од лицата илегални мигранти кои биле криумчарени од страна на групата биле по потекло од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Далечниот Исток, кои претходно престојувале на територијата на Грција.

Организираната криминална група, при реализирање на криумчарењето на илегалните мигранти, користела и повеќе други лица во својство на помагачи и соработници на криминалната група. Лицето С.М. остварувало контакти и средби со полициски службеник, со цел добивање на известувања за поставеноста на полициски патроли, контроли или заседи, како и информации за тоа дали криминалната група е предмет на истрага во МВР и насоки како да го прикријат нивното криминално делување.

Во соопштението од МВР е наведено дека се извршени претреси во 20 објекти во Скопје, Штип, Радовиш и Струмица, по што лишени од слобода беа вкупно 16 лица, а еден е на издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 418-д. При претресите пронајдени и привремено одземени се 12 патнички моторни возила, 46 мобилни телефонски апарати, 36 сим картички, 17 држачи за сим картички, бела прашкаста материја, марихуана, пиштол кал.9 мм, воздушна пушка кал.4,5 мм ЦЗ, 112 куршуми, 5770 евра, 197.000 денари, 105 американски долари, 100 швајцарски франци во различни апоени, нотеси со телефони и податоци за лица, документи за патување во Грција и други документи.

-Пријавените се изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна е одредена мерка притвор на 11 од кривичнопријавените лица и тоа на Ќ.Н., Ќ.М., И.А., Е.Г., Х.А., Е.Н., Љ.М., А.М., Ш.Е.,М.Е. и Е.О.. На останатите им е одредена мерка на претпазливост, се наведува во соопштението од МВР.

Секојдневната борба на актерот Брус Вилис и неговото семејство

Познатиот актер Брус Вилис (69) повторно ги растажи фановите ширум светот. Останала само сенка од некогашниот човек и акционен херој.

На видеото објавено на неговиот официјален Инстаграм профил, се гледа како славниот актер седи на скалите од својот дом и свири на хармоника, додека на гитара го придружува лице чијшто идентитет е непознат бидејќи е снимено од зад грб.

На видеото кое е во црно-бело, се гледа неговиот отсутен израз на лицето, како да не знае каде се наоѓа, или како да не знае што прави. Обожавателите не можат да се помират со неговата болест.

- Го слушам како свири и сфаќам дека е неверојатно талентиран. Те сакам Брус!

- Брус беше, е и секогаш ќе биде најдобар. Боже, чувај го овој човек и неговото семејство!

- Многу е тажна неговата состојба. Музиката е одлична терапија.

- Не можам да престанам да плачам кога го гледам ваков. Господ да те чува - беа само дел од коментарите на оваа објава.

Неговата сопруга, Ема Хеминг Вилис, проговори за влијанието на неговата болест врз семејството преку видео што го испратила до Здружението за фронтотемпорална дегенерација, кое неодамна одржа едукативна конференција за оваа болест.

- Беше многу тешко на почетокот додека не ја имавме вистинската дијагноза. Кога конечно дознавме од што боледува, почувствував дека повторно можам да дишам, како некоја тежина да ми се симнува од рамењата. Можев да ја видам поддршката што очајно ми беше потребна за мојот сопруг и за целото семејство“- вели Ема во видеото.

На Вилис во април 2022 година му беше дијагностицирана афазија, а 6 месеци подоцна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД).

- За жал, предизвиците во комуникацијата се дел од симптомите на болеста со која се справува Брус. Иако ова е болно, олеснување е што конечно имаме јасна дијагноза за да знаеме што да правиме – додаде Ема.

Не постои лек за оваа болест, а најчести симптоми се: промена на личноста и однесувањето, тешкотии во говорот, проблеми со меморијата.

Ема пишува книга

Како што објаснила Ема, нејзиниот сопруг не е ни свесен дека е болен, а семејството се труди што повеќе да му олесни и се борат заедно од ден на ден.

- Немав потреба ова да го чувам како семејна тајна, напротив. Сакав да излезам во јавноста за луѓето да обрнат внимание на суптилните сигнали на болеста кои се појавуваат со месеци, па дури и години пред дијагнозата. Како и за секоја друга болест, навремената дијагноза е клучна, иако нема лек за ФТД - изјави Ема.

Поранешната манекенка решила своето искуство од грижата за својот болен сопруг да го преточи во книга. Пишувањето е при крај и таа се надева дека нејзиното искуство ќе му помогне на некој друг. Книгата ќе се вика „Отворено поле“ и ќе биде објавена во 2025 година.

- Сакам оваа книга да дојде во рацете на партнерите за нега, односно оние кои се грижат за своите најблиски болни со ФТД или штотуку дознале за болеста која ќе им го промени животот. Тие треба да знаат дека не се сами, дека постои поддршка, па дури и надеж - изјавила Ема, а пренесува „Yahoo“.

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

притисни ентер