ВМРО-ДПМНЕ: За коленичење зборува мали Фрчкоски од СДС, која партија како черга се распосла пред ДУИ за ден повеќе на власт
1ВМРО-ДПМНЕ: За коленичење зборува мали Фрчкоски од СДС, која партија како черга се распосла пред ДУИ за ден повеќе на власт
МакедонијаПритвор од 30 дена за Јанакиески и Божиновски Мерка притвор од 30 дена им е определен на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, соопшти утринава Основниот суд Скопје 1.– Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник", по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 точка 1. од ЗКП односно „ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението. Јанакиески и Божиновски рано утринава се приведени и однесени во затворот во Шутка. Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде побара политички азил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПретставен е новиот Хјундаи Тусон- порасна во сите правци (ФОТО)Новиот Хјундаи Тусон целосно го менува својот изглед и расте во сите правци.Во последните години, при менувањето на генерациите на своите модели, Хјундаи не се срами од големи промени во дизајнот, па затоа не е изненадувачки што го примени истиот рецепт и на новиот Тусон. Еден од најпопуларните теренски возила на корејскиот бренд добива сосема нов изглед, поголеми димензии и темелно редизајниран ентериер. Значителен раст во сите правци Дизајнот е многу поаголен од порано, со многу остри линии и речиси квадратна силуета. Во некои детали, наликува на електричните теренски возила на неговата сестринска марка Киа, што е донекаде очекувано бидејќи камуфлажираните прототипови наговестуваа дека новата генерација ќе биде поголема и поаголна. Новиот Тусон е долг 4,70 метри, што значи дека е 60 милиметри подолг од својот претходник. Половина од тоа зголемување се однесува на меѓуоскиното растојание, кое е продолжено за 30 милиметри и сега изнесува 2.785 милиметри. Автомобилот, исто така, порасна во ширина. Сега е долг 1905 милиметри, односно 40 милиметри повеќе од претходно, што би требало да има позитивен ефект врз просторот во кабината. Промената е видлива и кај поголемите задни странични прозорци, а Hyundai работеше и на практичноста. Задните странични врати сега можат да се отворат под агол од 83 степени, десет степени повеќе од претходникот, што би требало да го олесни влегувањето и излегувањето од автомобилот. Со висина од 1685 милиметри, Tucson е исто така 20 милиметри повисок, додека патниците на задните седишта добиваат 29 милиметри повеќе простор за глава. Светлечка H напред и назад Промените во димензиите се придружени со сосема нови дизајнерски детали. Има осветлен мотив H на предната и задната страна, што ги прави светлосните потписи напред и назад да изгледаат многу слично. Новиот изглед го следи дизајнерскиот правец на Hyundai наречен Art of Steel, а резултатот е автомобил кој визуелно има многу малку заедничко со сегашниот Tucson. Огромен екран, но Hyundai не ги заборави копчињата Промените не ја заобиколија ниту кабината. Hyundai целосно го реновираше кокпитот со цел да го интегрира новиот инфозабавен систем Pleos во него. Производителот сè уште не ја откри големината на централниот екран на допир. Се претпоставува дека би можел да го користи 17-инчниот екран од Grandeur, наместо 14,6-инчниот раствор што го користи новата Elantra. Без оглед на конечната големина на екранот, љубителите на класичните команди ќе бидат среќни кога ќе дознаат дека физичките копчиња не исчезнале. Голем број конвенционални контроли остануваат под големиот екран, така што возачот нема да мора да посегнува по екранот за секоја функција. Hyundai не се откажа ниту од посебна дигитална инструмент табла. Тенкиот екран е поставен високо на контролната табла, директно во видното поле на возачот. Распоредот потсетува на решенијата од Grandeur и Elantra, но до одреден степен и на поедноставена верзија на кокпитот што BMW го воведува со моделите Neue Klasse. Перфорираните навлаки за седишта, дрвените декоративни елементи и амбиенталното осветлување се комбинирани со доволен број класични физички контроли, додека поголемите надворешни димензии им носат повеќе простор на патниците. Голем прашалник под предната корица Техничките спецификации на новата генерација засега остануваат тајна. Во оваа фаза, Hyundai првенствено го претстави дизајнот и ги објави димензиите, додека повеќе информации треба да бидат познати во текот на годината, пред почетокот на продажбата во Јужна Кореја. Новиот Tucson треба да пристигне на другите пазари во текот на 2027 година. Сегашниот Tucson во Германија започнува со поволна цена од 25.990 евра, а сегашниот опсег на мотори е доста широк. Бензинските верзии имаат 150 или 180 КС, додека дизел верзијата развива 136 КС. Понудата вклучува и класичен хибрид со вкупно 239 КС и plug-in хибрид со 288 КС. За новата генерација, деталите за опсегот на погонски склопови сè уште не се потврдени. Рачните менувачи веројатно ќе исчезнат од опсегот, додека иднината на дизел моторот е неизвесна. Спортската верзија N Line, од друга страна, се смета за многу ветувачка. Со должина од 4,70 метри, новиот Тусон станува значително поголем и посериозен автомобил, а неговите димензии веќе се оддалечуваат од традиционалниот концепт на компактен теренец. Оние кои го претпочитаат Киа можат да почекаат одговор од сестринската марка. Новата генерација Спортаж пристигнува следната година, а се очекува и тој да претрпи обемна дизајнерска трансформација.Тагови: Хјундаи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За коленичење зборува мали Фрчкоски од СДС, која партија како черга се распосла пред ДУИ за ден повеќе на властЗа СДС сите се криви, само нивниот талог не е.СДС, овој пат со ликот на мали Фрчко, син на долгогодишниот идеолог чии совети партијата ја донесоа на биолошкиот минимум, пак во сите бара вина и од сите бара одговорност. Но од нивниот коалициски партнер за кој во Гостивар, градоначалникот Лимани со кој ја делат локалната власт, не бара ни одговорност ниту бара одговори за состојбата со водата и нејзиниот квалитет. Извештаите под надлежност на централната власт за водата во Гостивар веќе се објавени, но СДС нема доблест да ги побара тие што се под надлежност на локалните институции. Затоа што ако тоа го направи, ќе треба од самата себе да бара одговори, зошто заедно со партијата на Таравари, СДС ја води општината и нејзините институции. На мали Фрчкоски, кој заедно со неговите партиски другари од СДС, ниту отидоа во Гостивар, ниту на граѓаните им однесоа некое шише вода за време на најголемата криза која ги зафатила, најмудро му е да молчи како за водата, така и за другите теми. За коленичење зборува човекот кој од клупа е на функција, државна или партиска во СДС, кој за ден повеќе на власт коленичеше и како черга се распосла пред коалицискиот партнер ДУИ, а за да дојде на власт пак коленичи кај странски држави, мислејќи дека со изгубени избори пак ќе ги донесат на власт. Зборуваме за пораз на СДС на избори, затоа што сите анкети, но и граѓаните како на неколкуте последователни изборни циклуси, јасно кажуваат дека предавничката СДС ќе доживее уште еден дебакл, кога и да се случат изборите, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСедуммина загинати во пад на туристички хеликоптер во Кенија Сите седум лица загинаа кога туристички хеликоптер денеска се урна на планината Ололокве во Кенија, потврдија локалните власти.Несреќата се случила околу 9:13 часот по локално време додека хеликоптерот летал од резерватот Лоисаба кон реката Евасо Ниро, пишува Euronews. Кениската управа за цивилно воздухопловство објави дека станува збор за моделот Eurocopter EC130 B4. На снимката која се прошири на социјалните мрежи се гледа густ црн чад од местото на несреќата во подножјето на планината. Потврдени се седум жртви „Во хеликоптерот имало седум лица – пилотот и шест патници“, изјави Фредрик Кабунге, директор на Одделот за истрага на воздухопловни несреќи, за АФП. Тој потврди дека хеликоптерот превезувал туристи на панорамски лет и дека никој не преживеал. Тешка акција на теренот Црвениот крст на Кенија објави на платформата X дека нивните тимови за одговор при итни случаи се на терен во округот Самбуру. Тие во моментов работат со други агенции за пристап до местото на несреќата. „Потрагата и извлекувањето е во тек, но акцијата е отежната поради непристапниот терен и пожарот на местото на несреќата“, се вели во подоцнежното соопштение на Црвениот крст. Тие додадоа дека дополнителен тим бил испратен од Исиоло за да помогне во операцијата. Информациите се уште се собираат, а нови детали ќе бидат објавени подоцна.Тагови: Кенија хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19