Пристинаа нови 5.000 вакцини во штипскиот регионален вакцинален пункт

Во штипската сала „Јордан Мијалков", во кој се имунизира населението над 69 години и вработените во критичната инсфраструктура, попладнево пристигнаа 5.000 вакцини од кинеската „Синфорам".

Дијана Коцева Миланова, лекар на вакциналниот пункт, вели дека во изминатите пет дена само на овој пункт се имунизирани над 4.600 граѓани.

– Само денеска до 12 часот имаме аплицирано 500 вакцини. Дел од вакцините, кои изминатите пет дена ни пристигнаа на пунктот, се дадени и на Здравствените домови во општините од штипскиот и струмичкиот регион, каде што се вакцинираат повозрасните граѓани, со цел да не патуваат до регионалниот пункт, вели Коцева-Миланова.

Со новите вакцини, наредните денови ќе се имунизираат и вработените од критичната инфраструктура од општините од штипскиот и струмичкиот регион, како и лицата кои имаат добиено термини. Вработените во најголемото штипско основно училиште „Ванчо Прќе" денеска имаат закажани термини за имунизација.

Таа додава дека претпладнево паднал системот на „Мој термин", застојот на имунизацијата на пунктот, како и на останатите во земјава бил од 40 минути до еден час. Откако системот повторно профункционирал без застој и проблеми се одвива имунизацијата. /МИА

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

- Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата./МИА

притисни ентер