Пристигнува пратката од 500 илјади вакцини од „Синовак“, ревакцинирани над 210 илјади граѓани - Канал 5

Пристигнува пратката од 500 илјади вакцини од „Синовак“, ревакцинирани над 210 илјади граѓани

Пратката од 500.000 вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак", денеска ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје. 

Пристигнува пратката од 500 илјади вакцини од „Синовак“, ревакцинирани над 210 илјади граѓани

Пратката ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во Северна Република Македонија, Џанг Ѕуо.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на „Фејсбук" објави дека вакцината „Синовак" е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација.

– Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица, напиша Филипче.

Со 500-те илјади вакцини од „Синовак" и со 100.620 дози од вакцините „Фајзер" набавени преку Ковакс системот, од утре почнува вакцинацијата на лицата кои изразиле желба да се вакцинираат. Министерството за здравство најави до 15 јули ќе бидат вакцинирани околу 462.211 граѓани пријавени преку веб-платформата vakcinacija.mk.

Вчера беа вакцинирани 8.792 граѓани, а вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини. Ревакцинирани се 214.571 граѓани.

Со последните бројки, 51 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 45 проценти над 65 години. Од граѓаните над 60 години, 38 отсто имаат примено барем една доза.

Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на сајтот vakcinacija.mk, како најлесен и најбрз пат да се вакцинираат против коронавирусот.

Епидемиолошката слика во земјава и натаму бележи позитивен тренд. Вчера не беше регистрирано ниту едно починато лице од Ковид-19. Беа евидентирани само шест новозаразени од направени 3.147 тестирања и четворица оздравени.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.

Најмногу активни случаи има во Скопје и тоа 88, потоа следува Куманово со 28, Тетово 22, Прилеп 18, Охрид 17, Кичево 16. Во 12 градови нема ниту еден активен случај, а во девет само по еден заразен со коронавирусот.

Досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања на Ковид-19.

Грција за уште една недела ги продолжи правилата и предусловите за влез на македонските граѓани. Задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот.

Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

За туристите, важат истите правила и рестрикции што важат и за Грците, како што е полицискиот час од 1.30 часот, што ќе се укине од понеделник 28 јуни, а маската е задолжителна само во затворени простории и на отворено доколку има гужва. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.

Од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, исклучок освен за Македонија има и за Австралија, Албанија, Босна и Херцеговина, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јапонија, Израел, Канада, Белорусија, Либан, Црна Гора, Бахреин, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд.

Од минатата седмица, како што објави МИА, беа воведени две промени: можноста за влез во Грција и со негативен антигенски рапид (брз) тест и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест.

Министерската одлука со важност до 3 јули 2021 година во 6 часот наутро веќе е објавена во Службен весник на Грција.

Досега во светот со коронавирусот се заразиле над 181 милиони лица, починале 3,9 милиони, а оздравеле 166 милиони луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Вчера (16.10.2026) во Општинското средно гимназиско и медицинско училиште во с.Неготино, гостиварско, Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар.

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун. Во склоп на овој проект предвидени се и работни состаноци со одговорните за образование во сите локални самоуправи, информативни предавања за учениците од прва година средно образование и подигнување на општата безбедност и намалување на криминалитетот и нарушувањата на јавниот ред и мир.

На 16.10.026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ "Страшо Пинџур" во Кавадарци за учениците од осмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и последиците што може да настанат, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер