Нешто сосема различно: Концептот на „Kia“ влегува во сериско производство? - Канал 5

Нешто сосема различно: Концептот на „Kia“ влегува во сериско производство?

„Kia“ ја разгледува можноста за сериско производство на концептот „Vision Meta Turismo“, како дел од плановите за проширување на својата гама со нови типови на каросерија.

Нешто сосема различно: Концептот на „Kia“ влегува во сериско производство?

„Meta Turismo“ е концепт „GT“ со четири врати, ниско поставен и необичен ентериер, дизајниран да понуди различни искуства за возачот и патникот. Иако досега се откриени многу малку детали, овој модел потенцијално би можел да се вклопи во гамата на „Kia“ како стилски електричен седан, под името „EV7“ или „EV8“.

Оливер Самсон, раководител на дизајнот на „Kia“ за Европа, рече дека новиот мал кросовер „EV2“ практично ја заокружува сегашната гама на брендот, што ја става компанијата во „уникатна ситуација“ додека работи на следната генерација модели. Според него, тие би можеле да започнат со втората генерација на „EV6“ и „EV9“.

На прашањето дали моделите ќе донесат значајни промени во дизајнот, Самсон за „Autocar“ изјави: „Секогаш бараме нешто ново, па затоа секој пат кога започнуваме проект не си велиме дека автомобилот мора да изгледа како нешто што сме го правеле претходно.“

„Ако најдеме нов дизајн за кој сметаме дека совршено се вклопува со „Kia“, е исклучително прогресивен и изгледа различно од сè што сме го правеле претходно, ќе размислиме да го воведеме во семејството“, додаде тој.

Самсон додаде дека „Kia“, која работи на следната серија модели, „размислува за различни пристапи во дизајнот“, истакнувајќи: „Сакаме да испробаме нови начини на обликување на површините, можеби дури и да воведеме различни силуети.“

Според него, „Meta Turismo“ служи како „обид или визија“ што истражува „како можеме да дизајнираме седан поинаку - не само однадвор, туку и одвнатре, во односот помеѓу возачот и патникот. Зошто мора да бидат потполно исти? Ако возачот прави нешто сосема различно од патникот, зошто сите мора да седат во иста положба, како во училиште? Ние сме отворени и постојано бараме нови можности. Сè уште има простор за подобрување“.

На прашањето дали „Meta Turismo“ алудира на иден производствен модел, Самсон одговори: „Навистина сакаме да воспоставиме дијалог со нашите клиенти, за да бидеме сигурни дека не дизајнираме нешто што е целосно надвор од допир со реалноста. Ги следиме нивните реакции - дали е тоа во согласност со она што го очекуваат од „Kia“.“

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер