3Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовремено
АвтомобилизамПристигнува ЕУРО 7- секој возач теба да знае важни информации пред 2026. Новиот еколошки стандард Euro 7 стапува на сила во 2026 година и претставува најголема промена во правилата за емисии од воведувањето на филтрите за честички за дизел. Возачите ќе се соочат со построг мониторинг на штетните гасови, контрола на издржливоста на батериите и мониторинг на микрочестичките генерирани од сопирачките и гумите, објави Ауто Клуб. Засега ништо нема да се промени за сопствениците на постоечките автомобили. Правилата ќе важат само за нови возила. Сите модели воведени по 29 ноември 2026 година ќе мора да го исполнат стандардот Eуро 7, додека до крајот на 2027 година истото ќе важи за сите нови автомобили регистрирани во Европската Унија. Големата вест е дека за прв пат ќе се мерат ултрафини честички со големина од само 10 нанометри, особено кај бензинските мотори, како и честички генерирани од абење на сопирачките и гумите. До 2035 година, ќе важи единствено ограничување за сите возила, вклучително и електричните, иако тие користат помалку сопирачки благодарение на регенеративното сопирање. Построги контроли за електрични и хибридни возила Euro 7 воведува задолжителни контроли за издржливоста на батериите. Електричните и плаг-ин хибридните автомобили ќе мора да задржат најмалку 80 проценти од капацитетот на батеријата по пет години или 100.000 километри, додека по осум години или 160.000 километри, минималниот капацитет ќе мора да биде 72 проценти. Се воведуваат и тестови на температури до -7 °C за проверка на ефикасноста на батериите во текот на зимата. Друга важна промена е постојаното дигитално следење на емисиите во реално возење. Веќе нема да биде доволно возилата само да поминат лабораториски тестови, туку ќе мора да докажат дека ги исполнуваат стандардите за време на секојдневната употреба. Системот ќе ги снима податоците во реално време и ќе спречува манипулација со софтверот што претходно предизвика големи скандали. Евро 7 како претходник на построги стандарди Иако производителите успеаја да омекнат дел од новите правила, експертите истакнуваат дека Евро 7 е само првата фаза од долгорочниот план за намалување на емисиите. Исто како што претходните стандарди станаа построги со текот на времето, се очекува и овој да биде дополнително заострен како што напредува технологијата и пазарот се префрла на електрична мобилност.Тагови: возачи Еуро 7 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролетВо вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 телевизија, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски зборуваше за договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, финансирањето на брзата пруга и очекуваниот почеток на градежните работи на овој значаен инфраструктурен проект. „После подолго време, првпат во Македонија се испочитува рок. Имено, сите шест студии требаше да бидат готови до 31 август и ние на истиот датум ги добивме. Што значи дека сега влегуваме во финалната фаза и, ако е сè добро, рокот ќе го запазиме, а тоа е да ги имаме веќе и градежните работи од пролет“, рече Николоски. Одговарајќи на прашањето дали промената на премиерот во Обединетото Кралство може да влијае врз динамиката на реализација на проектот, Николоски нагласи дека станува збор за стратешко партнерство со држава чија политика во оваа област не зависи од промените на владата. „Во однос на политичкиот контекст, се работи за пресериозна држава, втора најголема сила во НАТО, држава членка на Советот за безбедност на ООН, и таму овие одлуки не се променуваат со промената на влада“, посочи Николоски. Како потврда за континуитетот на стратешкото партнерство, тој најави дека во втората половина на ноември и на почетокот на декември повторно ќе се одржат средби на високо ниво во Лондон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаМицкоски на отворање на трговски комплекс „Триангла“Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на отворањето на трговски комплекс „Триангла“ во општината Гази Баба. Денес присуствував на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ (Fashion Park Triangla), во Општина Гази Баба. Станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можности за отворање на околу 250 нови работни места. Ваквите инвестиции се важен двигател на локалната економија, придонесуваат за развојот на Гази Баба и создаваат нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата. Честитки до инвеститорите за реализираниот проект и многу успех во понатамошното работење! , објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика. За прв пат се градат шест автопати истовременоМакедонија гради шест автопати истовремено, а динамиката на реализација на сите делници се одвива одлично.Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 каде што говореше за напредокот на најголемите инфраструктурни проекти во земјава и ги откри роковите за нивно завршување. За автопатската делница Кичево–Букојчани, чија изградба започна пред неколку дена, Николоски истакна дека станува збор за технички сложен проект, а како обезбедување дека рокот на изграбда ќе биде испочитуван, обезбедени се високи банкарски гаранции од изведувачите. "Во однос на Кичево-Букојчани, има многу сериозни банкарски гаранции за изведувачите коишто ги поднесоа за извршување на автопатот во рок. Се работи за тешка делница, но не е долга делницата. Оставаме 4 години, и убеден сум дека овој рок ќе биде испочитуван", посочи вицепремиерот. Заменик претседателот на Владата зборуваше и за автопатските делници кои ги гради конзорциумот "Бехтел и Енка", каде динамиката на работите се одвива според планираното. "На Тетово-Гостивар целокупниот пат е пробиен и тоа можат да го видат сите кои патуваат, на Гостивар-Букојчани можат да се видат големите мостови кои веќе се изградени, а очекувам во најбрзо време да го промовираме најголемиот мост како завршен. Динамиката на двата оди добро и очекувам да завршат во 2029 година. Уште подобра динамика имаме на Прилеп-Битола, каде од 40км колку што ќе биде вкупната траса, веќе првото отварање ќе го имаме на средина на следната година, околу 12 км, втора половина следната година ќе имаме уште едно отварање и 2028 ќе го завршиме цел", истакна Николоски. Во однос на планираната автопатска делница од Струга до Ќафасан, Николоски откри дека државата разгледува алтернативна рута поради ставовите за овој регион на УНЕСКО, која би можела да биде прифатлива. Тој додаде дека изградбата на автопатот од Скопје до Блаце, се очекува да биде завршен до 2030 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook