Пристигна Polestar 3, главниот конкурент на Тесла (ВИДЕО) - Канал 5

Пристигна Polestar 3, главниот конкурент на Тесла (ВИДЕО)

Атрактивен дизајн, над 500 КС и дури 610 километри досег се главните предности на шведско-кинеската марка.

Пристигна Polestar 3, главниот конкурент на Тесла (ВИДЕО)

По plug-in хибридниот Polestar 1 и електричниот кросовер Polestar 2 од фабриката на шведскиот бренд поддржан од кинески капитал, доаѓа третата, најсериозна новина на пазарот. Тоа е првиот SUV во гамата што „пука“ многу високо. „Полестар 3 е моќен електричен SUV кој ги привлекува сите сетила со својот непогрешлив скандинавски дизајн и одличната динамика на возење“, изјави извршниот директор на марката, Томас Ингенлат.

4,90 метри долгиот теренец ќе се произведува во Кина и САД, а поставен е на нова платформа и ќе има почетна цена од 89.900 евра, што е помалку од неговите директни ривали.

За таа вредност нуди електричен погон од 490 КС и 840 Nm, кој може да се зголеми на 517 КС и 910 Nm со доплата од 6.600 евра. Во првиот случај, спринтот до 100 km/h трае околу 5 секунди, а во вториот случај паѓа на 4,7 секунди.

YouTube video

Чудовиштето тешко 2,5 тони може да оди до 210 km/h, и да полни струја на секои 610 km. Ова може да се припише на поголем сет на батерии со капацитет од 111 kWh. Полначот има моќност до 250 kW.

Станува збор за модел кој по големина стои до Audi e-tron и BMW iX, но се дистанцира со својот оригинален дизајн. Останува препознатлив по предниот спојлер, но и по чеканот на Тор што го носи на светлата. Внатре, има дигитален кокпит предводен од централен екран од 14,5 инчи. Го носи новиот Android Automotive OS, еден од најнапредните оперативни системи во автомобилскиот свет.

Да го споменеме и задниот багажник со зафатнина од 484 до 1411 литри и предниот со симболични 32 l. И да, опремата е првокласна, па меѓу другото вклучува и Brembo сопирачки, како и Bowers&Wilkins со 25 звучници.

YouTube video

Моделот е веќе во понуда, а првите испораки се очекуваат во четвртиот квартал од следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата.

Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). 

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во  „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Љупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи.

Љупчо Зиков, Умејр Мухамеди и Љуљзим Фаризи во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер