Пристигна новата Шкода Октавиа

Во Прага е претставен чешкиот роднина на најпродаваниот автомобил во Европа Голф- Шкода Октавиа.

Четвртата генерација на Октавија е многу препознатлива од секој агол, базирана на дизајнот од претходната, но подинамична.

Долга е 4.689мм, широка 1.829мм со меѓуосовинско растојание од 2.686 мм, а располага со 600 литарски багажен простор во стандардната и 640 литарски во караванската изведба.

Освен тоа, патниците на задната клупа ќе располагаат со 78мм простор за колена, 5мм повеќе отколку кај претходната верзија.

Меѓу опционалните опреми спаѓаат Матрикс Лед фарови меѓу кои се наоѓа препознатливата остра предна маска.

Октавиа добила и потполно нов ентериер, сонова контролна табла слична на онаа од новиот Голф со екран осетлив на допир и 10,2 инчен мултимедиален систем.

Што се однесува на погонот, се очекува да бидат вклучени сите опции кои се наоѓаат кај новиот Голф.

Се очекува и верзија со хибриден погон.

Кај таа верзија главна маана е помалиот багажен простор кој ќе изнесува 450 кај стандардната, односно 470 литри кај караванската изведба.

Електрично Фиќо ,,го отвори” новиот мост во Џенова (ВИДЕО)

Новиот електричен Fiat 500 прв премина преку новиот мост „Сан Џорџо“ во Џенова на денот кога беше отворен за сообраќај, по катастрофалното уривање пред две години.

Како што велат во Фиат, идејата била новата „50ка“ на електричен погон да стане симбол на спокојство и закрепнување во Италија „која храбро ја гледа иднината“.

Овој автомобил беше првиот што ги премина 1.067 метри на новоизградениот мост во Џенова, пред да се отвори за редовен сообраќај.

Станува збор за новиот мост „Сан Џорџо“, дело на ѕвездата на италијанската архитектура Ренцо Пијано, изграден по две години од трагедијата што се случи на 14 август 2018 година, кога се сруши стариот мост во Џенова, при што загинаа 43 лица.

Мостот над реката Полцевера - изграден во рекордно време - е вонреден инженерски потфат на главниот град на северниот италијански регион Лигурија, за да стане нов симбол на иднината на Џенова.

Гори кулата на Светскиот трговски центар во Брисел (ВИДЕО)

Попладнево избувна пожар во техничките простории на 27-миот кат од кулата на Светскиот трговски центар (WTC) во Брисел.

Противпожарната бригада на Антверпен е на самото место. Густиот црн чад што се издига е видлив од далеку. Командантот на противпожарната бригада на Антверпен, Берт Бругманс изјави дека станува збор за „многу сериозен“ пожар.

Пожарот избувнал на 27-миот кат на кулата. Никој, за среќа, не е повреден.

Кулата во моментов не е во употреба, бидејќи се реновира, а во моментот на пожарот во ена биле присутни само неколку работници, кои успеале навреме да се евакуираат.

Обвинителството за гонење организиран криминал се засилува со петмина обвинители

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција неместо побараните осум, ќе добие пет нови обвинители. 

Обвинителството на Вилма Русковска се засилува со плус 5 обвинители. Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарала осум обвинители, но Советот на јавни обвинители одлучи да добие пет, поради хроничниот проблем со недостиг на кадар ширум државата, вели претседателот на Советот, Ацо Колевски. Систематизација е направена согласно новиот Закон за јавно обвинителство кој стапи на сила пред еден месец.

Според извршената систематизација Обвинителството за организиран криминал би требало да брои 18 обвинители заедно со Русковска. Но, оттаму тврдат дека и ова е мала бројка за потребите на Обвинителството.

„Во моментов обвинителството функционира со 10 јавни обвинители вклучувајќи ја и Основната јавна обвинителка Вилма Русковска која раководи со ова обвинителство. Според обемот на работа предвидениот број на јавни обвинители е далеку од потребите на обвинителството, за што обвинителството достави барање до Советот на јавните обвинители да се прошири Одлуката за определување на бројот на јавните обвинители за уште осум јавни обвинители, со што бројот на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ​ќе изнесува 21 јавен обвинител“, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Претседателот на Советот на јавни обвинители тврди дека состојбата со кадар не е идеална, поради одење во пензија, а во моментов недостасуваат 60 јавни обвинители. Според Колевски некои обвинителства ќе мора да се затворат, како тоа во Тетово, Прилеп Битола и Гевгелија и Свети Николе каде ќе немаат ниту еден јавен обвинител. Нови обвинители се чекаат дури за две години кои согласно законот ќе ги завршат обуките за Академијата. Како едно од решенијата Колевски најави распишување на оглас на почетокот на септември каде што ќе може да се пријавуваат јавни обвинители.

притисни ентер