САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
2САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
3СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
АвтомобилизамПристигна Чери Аризо 8Во салонот на Чери, пристигна луксузниот седан од Кина, Чери Аризо 8. Иако претставен во 2022 година во Кина, Аризо 8 е конечно официјално достапен и во Македонија. Со атрактивна почетна цена од 23.990 евра, нуди богата опрема и луксузен дизајн. Моментално Аризо 8 е достапен само со 1.6 турбо бензинец со 147 коњски сили со 7-брзински автоматски менувач со двоен кумплунг и погон на предни тркала. Аризо 8 забрзува од 0 до 100 км\ч за 10 секунди, има просечна потрошувачка од 7л/100 км и максимална брзина од 195 km/h. Достапен е со две нивоа на опрема, “Комфорт” и “Нобл” кои нудат богата стандардна опрема како дигитална инструмент табла од 12 инчи, 12-инчен мултимедијален систем со Епл Карплеј и Андроид Ауто, ЛЕД осветлување, адаптивен темпомат, асистенција за промена и напуштање на лента, предупредувања за судар и системи за следење на мртов агол. Исто така располага со електрично подесување на седишта, греачи и вентилација на седиштата, двозонска клима, амбиентално осветлување, панорамски кров и далечинско палење. Во поглед на аудио системот, Аризо 8 е опремен со СОНИ озвучување со 8 звучници. Во однос на просторот за багаж, овој модел располага со 445 литри капацитет на багажник. Покрај овие две нивоа на опрема се очекува да биде достапен и како хибрид со 278 коњски сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите ќе се спореди со онаа во Бразил.„125 милиони луѓе гласаа во првиот круг од претседателските избори во Бразил. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на избирачките места – истиот ден“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth). „Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и во бројни други американски градови и сојузни држави, честопати се потребни недели за да се утврдат резултатите – односно да се пребројат – иако станува збор за значително помал број гласови. Гласањето во Америка е корумпирано“, додаде американскиот претседател. Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 25 октомври.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во аголКошаркарите на Денвер Нагетс синоќа загубија од Јута Џез со резултат 109:97 во натпревар од предсезоната во НБА. Еден од најдобрите светски кошаркари во последните пет години, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, одигра само 14 минути и забележа 3 поени, 3 скока и 7 асистенции, но за една од нив особено се зборува. Додавањето преку целата одбрана е потег што Јокиќ го изведува речиси совршено, а овојпат се надмина себеси. Тој упати додавање зад грб низ тројца одбранбени играчи поставени на основната линија и го пронајде осамениот Камерон Џонсон во десниот агол за шут за три поени. NO-LOOK. CROSSCOURT. BEHIND-THE-BACK DIME. ARE YOU SERIOUS, JOKER 🤯 https://t.co/A5upVabWYw — NBA (@NBA) October 4, 2026 Магија. Едноставно кажано.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
СветСАД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата САД ги повлекоа сите свои бомбардери од Раф Ферфорд, британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата за борба против тероризмот.Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери - за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во Америка.САД не наведоа причина за повлекувањето, но тоа следува по големиот инцидент на 27 септември кога полицијата беше предупредена за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база. Петмина мажи првично беа уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата, а потоа ослободени со кауција. Шестиот маж, британски државјанин со иранско државјанство, исто така беше подоцна уапсен и ослободен со кауција.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook