Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп
2Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп
3ВМРО-ДПМНЕ: Од опозиција Филипче вели Македонија не е на продажба а сите паметиме како со Заев го продадоа името
„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
ТехнологијаПристап до мобилен интернет 1 732 063 претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути Вкупниот број на активни претплатници во мобилна телефонија заклучно со третиот квартал 2024 година достигна 2 095 819 и бележи раст за 9,7 проценти во однос на претходниот квартал, а за 1,05 проценти споредено со третиот квартал минататСпоред денеска објавениот Извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во третиот квартал 2024 година, пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) имаат 1 732 063 претплатници, а пристап до интернет со широк опсег 544 937. Порастот на квартално ниво кај претплатниците со мобилен интернет изнесува 11,75 проценти, а на годишно ниво 2,3 проценти. Во мобилната телефонија бројот на резиденцијалните постпеид претплатници бележат раст од 0,62 процети од претходниот квартал додека во однос на истиот квартал од претходната година се забележува раст од 3,04 проценти, деловните бележат пораст од 0,69 проценти во однос на претходниот квартал додека во однос на третиот квартал од 2023 година се забележува идентичен пораст од 0,69 проценти. Евидентирано е намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос на вториот квартал од 2024 година од 24,19 проценти. Кај вкупниот број на испратени ММС пораки во третиот квартал од 2024 година има пораст од 6,41 процент во однос на претходниот квартал и пораст од 17,65 процетенти споредено со третиот квартал од 2023 година. Кај вкупно реализираниот сообраќај во минути има пад од 21,32 проценти во однос на минатиот квартал и пад од 17,03 проценти во однос на третиот квартал од 2023 година. Пад од 9,79 проценти АЕК регистрира кај вкупниот број на реализирани повици во мобилни комуникациски мрежи во однос на претходниот квартал и од 6,95 проценти во однос на третиот квартал од 2023 година. Според просечниот обем на појдовен сообраќај (во минути месечно) по претплатник инициран од јавна мобилна комуникациска мрежа, во третиот квартал од 2024 година претплатниците во мобилната телефонија просечно зборуваат 174,67 минути. Најголем дел се остварува во сопствена мобилна мрежа и изнесува 108,77 минути (62,27 проценти). Споредено со вториот квартал од 2024 година може да се забележи намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации. Податоците за уделот на мобилните оператори на пазарот на мобилна телефонија по број на активни претплатници заклучно со 30 септември лани покажува дека А1 Македонија учествува со 47,71 процент, Македонски Телеком со 46,66 проценти, Лајкамобајл има пазарен удел од 3,12 проценти, Телекабел од 1,20 проценти, МТЕЛ од 1,21 процент додека Греен Мобиле има пазарен удел од 0,10 проценти. Вкупен број на фиксни линии (сите технологии) во третиот квартал лани изнесува 454.160 и во однос на истиот квартал лани е зголемен за 1,9 проценти. Целокупниот обем на сообраќај во третиот квартал од 2024 година во однос на истиот квартал од претходната година бележи пад од 21,15 проценти, додека во однос на вториот квартал од 2024 година бележи пад од 7,03 проценти. Претплатниците просечно иницирале 5,13 повици месечно. Во третиот квартал лани регистрирани се 437 684 претплатници на ТВ услуги.Тагови: мобилна телефонија АЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски до СДСМ: ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ВИ СЕ ЈАВИ И ЗНАМ 3.0 !Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност.Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје. Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе ги имаат видено и дека секој еден функционер мора да биде свесен дека функцијата е доверена од граѓаните и подлежи на нивна оценка. „Секој еден функционер од ЗНАМ, почнувајќи од сите вас овде во салата, завршувајќи до мене – секој еден е менлив. Граѓаните даваат и граѓаните земаат власт. Но, притоа ЗНАМ не смее да биде една реприза од она што е веќе видено во Македонија.“ - истакна тој. Осврнувајќи се на обвинувањата од страна на СДСМ, Димитриевски упатувајќи им директна порака, порача дека Движењето ЗНАМ нема да дозволи обидите за политички пресметки да го променат начинот на кој движењето ја гради довербата со граѓаните. „Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери. Во ЗНАМ афери нема. Нас не краси чесност, отчетност, одговорност и транспарентност. И ние сме различни од сите нив останати. Но, притоа ќе им кажам да внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0. Но, на крајот на денот, еден е ЗНАМ – Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА и еден ден ќе биде ЗНАМ политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.“ - порача Димитриевски. Отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ продолжува во повеќе градови низ Македонија до крајот на годината, како дел од континуираниот процес на претставување на сработеното и резултатите од работењето на функционерите на Движењето во изминатите две години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДетски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во ПрилепЕдна сцена, илјадници детски насмевки и едно прекрасно фестивалско утро. Вака беше на првиот ден од театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп, кој го отвори екипата на Битолскиот театар со претставата „Пинокио“. „За нас беше огромно задоволство и особена чест што со „Пинокио“, во изведба на НУ Народен театар Битола, го отворивме театарскиот фестивал. Додека нашите актери се подготвуваа зад сцената, пред влезот веќе нè чекаше најубавата публика – дечињата, со љубопитност, возбуда и насмевки на лицата. А кога завесата се крена, започна едно поинакво патување – во светот на Пинокио, фантазијата, музиката и детската магија. Најголемата награда за секој што создава театар за деца е токму среќата во нивните очи. Благодариме за прекрасниот пречек и за можноста токму ние да го отвориме ова фестивалско патување“, истакнуваат од НТБ. Оваа е претстава во која Пинокио не потсетува дека секоја голема приказна започнува со детската фантазија. Се работи за приказна што и по повеќе од еден век ни укажува дека патот до тоа да станеш „вистински“ минува низ искушенија, грешки и храброст. Детската претстава не е само забава. Таа е првото место каде што детето учи да препознава чувства, да поставува прашања, да разликува добро од лошо, да верува, да сонува и да ја користи својата фантазија. „Пинокио“ од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски, е приказна за растењето, изборите, искреноста, љубовта и патот кон тоа да станеме подобри. Главниот лик го игра Никола Стефанов, а во останатите улоги се: Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски, како и децата од Театарска школа „Бабец“: Ана Анѓелевска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана Марија Каранфиловска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски, Марија Јовев, Андријана Мемет, Каја Крстевска. Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски, изработка на маски Сара Милевска, ментор на театарската школа Бабец Јулијана Мирчевска. ТФД „Силјан Штркот“ започна со детска радост, а „Пинокио“ со задоволство ја раскажа својата приказна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Живот„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.Бизнис империјата на семејството на американскиот претседател Доналд Трамп е сè повеќе поврзана со бумот на вештачката интелигенција.Бизнис империјата на семејството на американскиот претседател Доналд Трамп е сè повеќе поврзана со бумот на вештачката интелигенција - токму како што Трамп се спротивставува на повиците за забавување на развојот на таа технологија - според анализата на „Вашингтон пост“ заснована на неговите финансиски извештаи и деловни поднесоци. Трамп има личен финансиски удел во компании кои профитираат од брзиот развој на вештачката интелигенција; критичарите тврдат дека ова создава потенцијален конфликт на интереси, со оглед на тоа што неговата администрација донесува одлуки способни да влијаат на вредноста на тие инвестиции. За разлика од неговите неодамнешни претходници, Трамп не ги ставил своите средства во слепа доверба и продолжил да тргува со акции откако се вратил во Белата куќа. Белата куќа ги отфрла обвинувањата за конфликт на интереси. Портпаролот Дејвис Ингл изјави дека инвестициите ги управуваат независни менаџери кои користат компјутерски модели кои ги следат воспоставените индекси на берзата и дека ниту Трамп ниту членовите на неговото семејство не донесуваат одлуки во врска со тоа што се купува или продава. Инвестициските сметки на Трамп покажуваат речиси 30.000 трансакции со хартии од вредност од неговото враќање во Белата куќа. Тие вклучуваат купување акции во компании што произведуваат чипови, сервери и енергетска инфраструктура неопходни за развој на вештачката интелигенција. Меѓу другото, тој купил акции во „Dell“, „Micron“ и „GE Vernova“. Не е познато дали Трамп сè уште ги поседува овие акции, бидејќи тој не е обврзан да ги обелоденува своите трансакции во реално време. Неговите финансиски извештаи исто така покажуваат купување акции во „Broadcom“, „Texas Instruments“, „Credo Technology“ и „Super Micro Computer“ – компании поврзани со инфраструктурата за центри за податоци и вештачка интелигенција. Трамп претходно го поврзуваше растот на сопствените приходи со подемот на берзата. „Знаете зошто заработувам пари? Затоа што берзата расте. Сите заработуваат“, изјави тој во јули. Според пресметките на „Raymond James Investment Management“, акциите поврзани со вештачката интелигенција сочинуваат околу две третини од растот на индексот S&P 500 оваа година. Истовремено, компании поврзани со семејството Трамп исто така се свртуваат кон индустријата за вештачка интелигенција. „Trump Media & Technology Group“, сопственикот на „Truth Social“, се подготвува за спојување со компанијата за нуклеарна фузија „TAE Technologies“, која планира изградба на електрани во период на силен раст на потрошувачката на електрична енергија предизвикан од центрите за податоци. „Truth Social“ исто така сака да им продаде на компаниите за вештачка интелигенција пристап до своите објави, за тие да можат да ги користат за обука на модели. Платформата веќе користи пребарувач заснован на технологијата на „Perplexity“. Доналд Трамп Џуниор е партнер во инвестициската фирма „1789 Capital“, која вложува во компании поврзани со вештачката интелигенција и центрите за податоци, вклучувајќи ги „Cerebras Systems“, „Perplexity“ и „xAI“. Ерик Трамп, преку „American Ventures“, инвестира во компании од областа на одбраната и роботиката кои користат вештачка интелигенција. Браќата исто така го започнаа проектот „American Data Centers“, кој подоцна се спои со крипто-компанијата „American Bitcoin“. Ова се случува во време кога некои технолошки лидери и истражувачи повикуваат на посилни безбедносни мерки за сè помоќните системи за вештачка интелигенција. Лидерите од Anthropic, OpenAI и xAI се меѓу оние кои предупредија дека технолошкиот развој би можел да ја надмине способноста на лабораториите да го контролираат. Во последните денови, Трамп во голема мера ги отфрли ваквите предупредувања. Тој напиша дека единствената заштита потребна од вештачката интелигенција е „СИЛЕН И ПАМЕТЕН претседател“, а потоа предложи создавање посебна „Сила за вештачка интелигенција“ за решавање на проблематичните аспекти на индустријата. „Вашингтон пост“ заклучува дека личните и семејните бизнис интереси на Трамп сè повеќе се преклопуваат со една од најкритичните политички дебати на неговата администрација: колку брзо да се развие вештачка интелигенција и колку строго да се регулира. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16