АЕК ќе гради телекомуникациска кула на Водно - Канал 5

АЕК ќе гради телекомуникациска кула на Водно

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе почне изградба на нов антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава.

АЕК ќе гради телекомуникациска кула на Водно
Антенскиот систем, што ќе биде изграден на врвот на Водно, всушност ќе претставува кула висока 155 метри со централно армиран бетонски столб на кој ќе бидат сместени четири конзолни платформи со површина од 180 до 200 метри квадратни. Ќе има и челично решеткаст столб, а на врвот антена.
Директорот на АЕК Роберт Ордановски на прес-конференција пред поставувањето на камен-темелникот информира дека изведувач на градежните работи, што ќе траат пет години, е градежното друштво „Гранит“. Вредноста на договорот за градежни работи е 1.084.706.000 денари, финансии на Агенцијата.

Антенскиот систем се гради на врвот на Водно како најпогодна локација што ќе придонесе за подобро покривање на дел од територијата каде има најголема концентрација на емитери. Во него ќе биде сместена софистицирана опрема со помош на која АЕК ќе може да прави мониторинг на сите емитувања на радиофреквенции што ги користат операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, авионавигацијата, функционалните системи... Со тоа, истакнуваат од АЕК, ќе се намалат можностите од појава на разни пречки и интерференции.

- Поради својот специфичен изглед сметаме дека кулата ќе биде симбол за АЕК и од тие причини Агенцијата го редизајнираше своето лого во кое сега е ставен и новиот објект по кој веруваме дека со тек на времето ќе биде препознатлив и Градот Скопје, нагласи Ордановски.

Изградбата на антенскиот систем, според Ордановски, е предвидена со Програмата за работа на АЕК од минатата година, што ја одобри републичкото Собрание. Обезбедени се сите потребни дозволи за градба од надлежните општини и од Министерството за транспорт и врски, извршени се статички испитувања, односно исполнети се сите потребни технички параметри. Намерата на АЕК е во иднина врвот на Водно да биде расчистен од бројните присутни антени и во нивната централна кула да се префрлат сите радиодифузери и мобилни оператори.

За проектот за антенскиот систем АЕК користеле искуства од државите во регионо

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти.

Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала.

Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија.

Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер