Принцовите Вилијам и Хари морале да ги кријат чувствата за време на погребот на нивната мајка (видео) - Канал 5

Принцовите Вилијам и Хари морале да ги кријат чувствата за време на погребот на нивната мајка (видео)

Принцовите Хари и Вилијам се уште се сеќаваат на моментот кога слушнале дека нивната мајка, принцезата Дајана, загинала во сообраќајна несреќа.

Принцовите Вилијам и Хари морале да ги кријат чувствата за време на погребот на нивната мајка (видео)
За документарецот на BBC, „Дајана, 7 дена“ отворено зборуваа за своите чувства.

„Се сеќавам дека бев потполно вкочанет, дезориентиран, ми се вртеше во главата. Бев збунет. Цело време се прашував `Зошто јас? Зошто ни се случи тоа? Што направив погрешно“, вели принцот Вилијам.

Веста за смртта на Дајана им ја пренесол татко им, принцот Чарлс, додека биле на одмор во палатата Балморал, во Шкотска.

Раскажаа како кралицата наредила да се сокријат сите информации за нејзините внуци да не се вознемират и останала со нив во Шкотска пуштајќи ги на мира да тагуваат за својата мајка.

„Мислам дека тоа беше многу тешка одлука. Мораше да избалансира меѓу улогите на баба и кралица во тие моменти“, вели Вилијам.

Погребот на принцезата Дајана и одењето по нејзиниот ковчег за нив била најтешка работа во животот, а велат дека морале да ги кријат чувствата и тагата која ја чувствувале поради загубата на мајката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер