ЖивотПринцот Вилијам веќе не е најзгоден ќелав маж на светот, титулата му ја зеде познат актер Благодарение на неговиот кралски статус, принцот Вилијам е еден од најпознатите фаци во светот, а до неодамна ја носеше и титулата „најзгоден ќелав маж“.Сепак, неколку недели откако стана принц од Велс, во ова го престигна познат актер. Истражувањето е спроведено од агенцијата за оптимизација Reboot, која користела неколку фактори за своето проучување меѓу кои се златниот пресек, јавното мислење, нето вредноста и висината. Техниката на златниот пресек, да потсетиме, ја користеле многу уметници за да постигнат рамнотежа и убавина во нивните дела, најмногу на скулптури и слики. Така е создадена листата од 10 славни мажи, на која Вин Дизел се најде на прво место, како „најзгоден ќелав маж на светот“. Ѕвездата на „Брзи и бесни“ доби оценка 6,46 од 10, додека поранешниот првопласиран принцот Вилијам мораше да се задоволи со петтото место со оценка 6,13. View this post on Instagram A post shared by Vin Diesel (@vindiesel) Веднаш зад Дизел се Стенли Тучи, Шемар Мур, Питбул, а потоа Џејсон Стејтам, Брус Вилис, Џо Роган, Двејн Џонсон и Мајк Тајсон, кој има најниска оценка, односно 2,50. View this post on Instagram A post shared by Vin Diesel (@vindiesel) Инаку, користејќи го златниот пресек, познатиот естетски хирург Џулијан Де Силва пресметал кои десет жени се сметаат за најубави, а првото место иѝ припадна на актерката Џоди Каме. По неа следат Зендаја, Бела Хадид, Бијонсе и Аријана Гранде. View this post on Instagram A post shared by Vin Diesel (@vindiesel) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахтиОпштина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗаболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години.Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter