Принцот Хари освен кокаин консумирал и магични печурки - Канал 5

Принцот Хари освен кокаин консумирал и магични печурки

Тој  сега открива и што ѝ шепнал на починатата кралица!

Принцот Хари освен кокаин консумирал и магични печурки

Во јавноста не престануваат да излегуваат детали од книгата „Spare“ (Резервен) на принцот Хари, откако истата случајно се појави на полиците низ книжарниците во Шпанија.

Во книгата, освен што изнесува детали од неговиот најинтимен дел од животот, младиот принц открива дека бил одговорен за смртта на неколку лица во Авганистан, дека на 17-годишна возраст првпат пробал кокаин и дека продолжил да го зема уште неколку пати. Војводата од Сасекс признава дека пробал и халуциногени печурки кои ги имал во фрижидерот во форма на колачи, а во една прилика, како што навел во книгата, поради оваа дрога, разговарал со кантата за ѓубре.

-Бев во бањата и имаше сребрена канта за отпадоци со педала за отворање. Ја погледнав и таа зјапаше во мене. Се претвори во огромна глава. Згазнав на педалата, а нејзината уста се отвори. Набргу и тоалетната школка се претвори во глава – напишал младиот принц во неверојатните мемоари, во чии делови увид имал и британскиот портал Дејли мејл.

Бидејќи книгата ја нарекол „Резервен“, многумина веруваат дека тоа се однесува на неговото чувство оти секогаш бил во втор план во однос на неговиот постар брат, особено кога станува збор за редот на наследување на британската круна.

Односот помеѓу браќата „пукнал“ кога Хари во домот ја донел поранешната американска актерка Меган Маркл, која очигледно не била во согласност со стандардите на Вилијам. Принцовите поради неа дури и физички се пресметале, па Хари во книгата открива дека неговиот брат за време на расправијата го грабнал за јаката и му упатил погрдни зборови. Сепак, тој признава дека разделбата со Вилијам всушност настанала кога Вилијам решил да започне сериозна врска со неговата сегашна сопруга Кејт Мидлтон. Како што признава, тоа за него бил еден од најтешките денови во животот, бидејќи имал чувство како да се збогува со својот брат и како нивните младешки денови и авантури да завршиле.

Присетувајќи се на заминувањето на Вилијам и Кејт во Бакингемската палата, Хари наведува дека во тој момент знаел дека се збогуваат засекогаш.

Покрај тоа, Хари открива и детали од своето детство, вклучувајќи го и моментот кога се соочил со веста дека неговата мајка загинала во несреќа, како и начинот на кој неговиот татко му го соопштил тоа, обраќајќи му се цело време со зборовите „мил мој сине“. Тој се присетил и на средбите со луѓето кои ѝ оддаваа почит на покојната принцеза. Во книгата наведува дека сите плачеле, а тоа него го нервирало бидејќи не можел да плаче.

Војводата од Сасекс во својата книга зборува и за служењето војска и за тоа како во борбените акции во Авганистан морал да убие дури 25 „непријатели“. Тој признава дека тоа не го радува, но и дека не се срами од тоа.

Читателите можат да очекуваат уште многу шокантни детали во книгата, како и тоа дека ја изгубил невиноста од „постара дама на полето“, што принцот го смета за своја понижувачка епизода. Тој се присетил и на почетокот од забавувањето со својата сопруга Меган, и на тоа како ја прифатил нејзината актерска кариера. Сепак, признава дека зажалил што ги гледал љубовните сцени во кои глумела, шегувајќи се дека му е потребна „терапија со електро-шокови“ за да ги избрише сликите од неговиот мозок.

Сепак, нарушениот однос со неговиот брат секогаш бил во фокусот на јавноста, па Хари во книгата се осврнал и на други непромислени моменти кои довеле до уништување на тој однос. На пример, Меган во телефонски разговор ѝ кажала на Кејт дека има „бебешки мозок“, кога се породила. Тоа се случило пред свадбата на Меган и Хари во 2018 година. Откако Вилијам ѝ сугерирал дека тоа е „непристојно и дека така не им се зборува на родилките“, Меган ѝ се извинила на Кејт, но и покрај тоа Вилијам го вперил прстот кон сопругата на Хари, на што таа му одговорила: „Ако немаш ништо против, тргни го прстот од мене!“.

Помеѓу браќата дошло и до физички конфликт поради Меган, која принцот од Велс наводно ја нарекол „непристојна и тешка“. Хари тврдеше дека неговиот брат го фатил за јаката и го соборил на подот. Од јачината на ударот, пукнала чинијата со кучешка храна, па принцот Хари бил целиот измачкан.

Интересно е што во својата книга младиот принц имал само пофални зборови за својата покојна баба, кралицата Елизабета Втора, наведувајќи дека за нејзината тешка состојба дознал преку медиумите. Тој исто така открива дека неговиот татко, сегашниот крал Чарлс III, тогаш му рекол да не ја води Меган во Балморал, каде кралицата умирала, а тоа тешко го погодило Хари. Иако во медиумите се пишуваше дека принцот не ја нашол својата баба жива по пристигнувањето во Британија, тој во своите мемоари открива кои биле неговите последни зборови што ѝ ги упатил.

- И шепнав дека се надевам оти ќе биде среќна и дека ќе биде со мојот дедо, принцот Филип. И кажав и дека сум горд што толку верно ги извршуваше своите обврски до самиот крај – напишал Хари.

Што се однесува до кралот Чарлс, тој, како и Вилијам, неколкупати е спомнат во мемоарите. Интересно е дека, наводно, многупати знаел да се пошегува со својот помал син „дека се чини оти воопшто не е негово дете“. Ова беше особено интересно за британските медиуми, со оглед што неколкупати беше присутна теоријата дека покојната принцеза Дајана му го родила Хари на друг маж.

Интересно е што никој од кралското семејство не го кометираше објавувањето на мемоарите, но медиумите шпекулираат дека сите членови на кралското семејство се во шок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени

Маскиран напаѓач упаднал на состанок на парламентарната група на Зелената партија во германскиот град Шверте и употребил бибер спреј, повредувајќи осум лица, соопшти полицијата во Дортмунд.

Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени

Едно лице е однесено во болница, додека седум други се здобиле со полесни повреди, објави регионалниот јавен радиодифузер WDR. Осомничениот сторител избегал кога полицијата пристигнала на местото на настанот.

Полициските службеници го бараат и ги испрашуваат сведоците.

„Се справуваме со чин кој е многу веројатно политички мотивиран. Сè укажува на тоа“, изјави портпаролот на полицијата.

Налепница залепена на стаклото од канцеларијата на партијата пишува „Подобро мртов отколку црвен“.

Полицијата истражува дали налепницата е поврзана со нападот. Зелените во Шверте во соопштението изјавија дека се згрозени од насилството.

„Полоши последици беа спречени само благодарение на храбрата интервенција на член на парламентарната група. Откажувањето не е опција“, соопштија Зелените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ѝ постави ултиматум на Америка: Ова се условите за мир

Главниот преговарач на Иран и претседател на Парламентот, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Техеран нема да преговара со Соединетите Држави за ставање крај на конфликтот сè додека не се исполнат седум ирански услови.

Иран ѝ постави ултиматум на Америка: Ова се условите за мир

Калибаф ги даде овие изјави во вторник, а неговото обраќање беше емитувано на иранската државна телевизија.

Иранските власти јавно не открија за какви услови станува збор. Државните медиуми пренесуваат дека тие вклучуваат укинување на санкциите, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на запленетите ирански средства.

Калибаф исто така предупреди дека Иран ќе го „прошири географскиот опсег на конфликтот доколку непријателот направи грешка“.

Поморските сили на Иранската револуционерна гарда соопштија дека три нафтени танкери налетале на поморски мини во Ормускиот теснец и се запалиле, и покрај тоа што биле надгледувани од воздух од страна на американските сили. Според Гардата, танкерите налетале на мините бидејќи пловеле низ теснецот кршејќи ги прописите.

САД и Израел започнаа војна против Иран кон крајот на февруари. Во средината на јуни, Иран и САД потпишаа меморандум за разбирање во Исламабад, со посредство на Пакистан. Договорот предвидуваше прекин на воените дејствија и рок од 60 дена за преговори за поширок мировен договор. Договорот почна да се распаѓа уште кон крајот на јуни, а истече во средината на август, при што преговорите никогаш не започнаа.

Во средината на септември, Иран му достави на Вашингтон нов предлог кој содржи седум услови. Според претходните извештаи на Ројтерс и катарската новинска агенција „QNA“, тие вклучуваат укинување на блокадата на иранските пристаништа и санкциите за извоз на нафта, одмрзнување на средствата, плаќање воени репарации и прекин на непријателствата на сите регионални фронтови.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во октомври изјави дека Ормускиот теснец би можел да се отвори во рок од шест дена, доколку Вашингтон ги прифати овие услови.

Според Ал Џезира, главниот спор меѓу двете страни се однесува на редоследот на чекорите. САД бараат прво да се отвори Ормускиот теснец и уште од самиот почеток да се разговара за иранската нуклеарна програма, додека Иран инсистира прво да се укинат блокадата и санкциите.

На почетокот на ноември, Иран – преку Катар, кој дејствува како посредник – испрати предлог до САД во врска со својата нуклеарна програма. Сепак, Техеран има намера да разговара за ова прашање дури откако Вашингтон ќе ги исполни седумте барања на Иран.

По ова, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, за можностите за посредување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ведро и студено време со температури од минус 8 до 12 степени

Времето утре ќе биде утрото ведро и студено, а преку денот променливо облачно, соопшти УХМР. 

Утре ведро и студено време со температури од минус 8 до 12 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

-1 Попова Шапка, Крушево, 1 Маврови Анови, 2 Лазарополе, 4 Берово, Прилеп, 5 Крива Паланка, Битола, 6 Тетово, Штип, 7 Виница, 8 Претор, Зајчев Рид, Велес, Охрид, Кавадарци, 9 Скопје Петровец, Демир Капија, 10 Струмица, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде ведро и постудено.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер