Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
ЖивотПринцот Хари го посети гробот на кралицата Елизабета, морал да бара посебно одобрение (ФОТО)Војводата од Сасекс го посети гробот на кралицата Елизабета II по пристигнувањето во Велика Британија.Принцот Хари слета во Лондон утрово и беше однесен во замокот Виндзор, каде што положи венец и цвеќе и оддаде приватна почит на својата покојна баба во капелата „Свети Ѓорѓи“, на третата годишнина од нејзината смрт, објавува британскиот Телеграф. Тој мораше да побара посебна дозвола за да го посети последното почивалиште на покојната кралица, исто како што направи минатата година. Во исто време, принцот и принцезата од Велс беа само осум милји оддалечени, од другата страна на Големиот парк Виндзор, каде што присуствуваа на заеднички јавен настан во спомен на покојната кралица. Додека разговараше на чај и колачи со членовите на огранокот Санингдејл на Женскиот институт, принцот Вилијам рече дека „не може да верува дека веќе поминаа три години“ од смртта на неговата баба. Кога го прашале за своите деца, тој признал дека неговиот помлад син, принцот Луис, кој има седум години, е „вистинска личност“ и „навистина добро момче“, додека принцот Џорџ, кој има 12 години, знае како да се однесува јавно, но дека „зад затворени врати тоа е сосема друга приказна“. Принцезата открила дека таа и децата „изработувале ракотворби во секој агол од куќата“ за време на летните одмори. Покојната кралица Елизабета Втора е погребана во спомен-капелата на кралот Џорџ VI, покрај нејзиниот сопруг, родителите и сестрата. *checks her flight app and PMK's schedule* Where IS Kris Jenner at the moment? IDK how she manages to cover up all the things going on and still make her family marketable but ... she has/does. Her skills are needed ... Link in comments. Hate the game, not the player. pic.twitter.com/jXTCZVs8dZ — Lisa Robel (@lisarobel) September 8, 2025 Војводата од Сасекс, кој последен пат ја посети Велика Британија во април, ќе помине неколку дена зајакнувајќи ги врските со своите добротворни организации што работат во Велика Британија. Наводно, тој многу се радувал на ова патување, а изворите откриле дека е „во навистина добра ментална состојба“ и „позитивен“, пишува Телеграф.Тагови: кралица Елизабета Втора принц Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерките на Здравко Чолиќ заедно на забаваУна и Лара Чолиќ, ќерките на легендарниот Здравко Чолиќ, ретко се појавуваат заедно во јавноста, поради што секоја нивна заедничка фотографија предизвикува голем интерес кај јавноста и кај нивните следбеници на социјалните мрежи.Овој пат, сестрите позираа заедно на прославата на роденденот, каде што атмосферата дополнително ја загреа настапот на популарниот пејач Дејан Матиќ. Фотографијата од настанот набрзо предизвика бројни реакции, при што многумина ги коментираа нивните елегантни модни избори. За овој настан, помладата Лара Чолиќ избра комбинација што го истакна нејзиниот едноставен и префинет стил. Постарата сестра, Уна Чолиќ, се одлучи за малку похрабра комбинација – црно сако со модерен детаљ во вид на плетенка – со што уште еднаш го покажа својот впечатлив моден израз. Иако се ќерки на еден од најпознатите пејачи во регионот, Уна и Лара главно водат приватен живот и ретко се појавуваат во медиумите. Токму затоа, секоја нивна заедничка објава или фотографија предизвикува дополнителна љубопитност кај јавноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
ЖивотМоцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градотОд денес, улиците, парковите и знаменитостите на Салцбург се украсени со повеќе од 300 позлатени фигурини на Волфганг Амадеус Моцарт, поставени по повод одбележувањето на 270-годишнината од раѓањето на еден од најголемите композитори во историјата. Фигурините високи пет сантиметри се дело на германскиот уметник Отмар Херл и се изработени по нарачка на фондацијата „Моцартеум“, објави денес весникот *Le Figaro*. Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче, Пимперл. Според фондацијата, фигурините се поставени во градината каде што композиторот често шетал, во неговиот некогашен стан, како и на други локации низ градот, пренесува Танјуг. Херл изјави дека не сакал да создаде уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај својот гениј, тој бил обичен човек. Фондацијата „Моцартеум“ нарача вкупно 400 фигурини, а дел од нив се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби поради кражба. Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини се веќе украдени. Посетителите што сакаат да ја земат фигурината како сувенир, можат да ја купат за 100 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак Убавата балканска актерка, 40 годишната Нина Сеничар редовно тренира дури и по две породувања, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. Се снимала себеси на справата за пилатес Кадилак - која се состои од хоризонтален кревет над кој има метална рамка со разни додатоци - пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висела актерката. Инаку, актерката живее во Лос Анџелес со својот сопруг-милионер и децата, а еднаш зборуваше за деловните предизвици и истакна дека секогаш го избирала потешкиот пат. – Ја имам таа потреба да почнам одново, од нула, таа постојана потреба за борба, за мачење. Почетоците воопшто не се лесни. Двапати почнав од нула, во смисла дека двапати се преселив во друга земја, но тоа не значи дека нема да го направам тоа повторно – изјави таа еднаш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter