Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО
СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?
1Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО
2СДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?
3Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи
Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
1Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
ЖивотНа 47 години се вери омилениот внук на кралицата Елизабета Питер Филипс, братучед на принцовите Вилијам и Хари и најстар внук на покојната кралица Елизабета II, се сврши.„Питер Филипс, син на нејзиното кралско височество принцезата Ана и Марк Филипс, и Хариет Сперлинг, ќерка на покојниот г-дин Руперт Сандерс и Мери Сандерс од Глостершир, официјално ја објавија својата свршувачка. Двете семејства се заеднички информирани за свршувачката и се пресреќни поради прекрасната вест“, изјави портпарол на двојката за Hello. Покрај семејството, и други членови на кралското семејство беа информирани за среќниот настан - кралот Чарлс и кралицата Камила, како и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. „Нивните Височества Кралот и Кралицата и Принцот и Принцезата од Велс се информирани за свршувачката“, додадаваат во соопштението. „Датумот на свадбата сè уште не е официјално одреден.“ Која е свршеницата на Питер Филипс? Питер Филипс (47) и Хариет Сперлинг (45) првпат јавно објавија за својата врска во мај 2024 година, кога беа видени заедно на Бадминтон коњските испити во Велика Британија. Оттогаш, тие најчесто ја криеја својата врска подалеку од очите на јавноста, но неодамна се појавија заедно на Вимблдон 2025 во Лондон. Јавноста ја сакаше затоа што работи педијатрија како медицинска сестра и не е дел од гламурозниот аристократски живот. Исто така, таа е самохрана мајка на мало девојче. Питер беше во брак За Питер, ова не е прв пат да застане пред олтарот. Тој беше во брак со Отумн Филипс од 2008 до 2020 година, со која има две ќерки: 14-годишната Савана и 13-годишната Исла. Иако се разведоа, поранешните сопружници останаа во врска добри односи и да се грижат заедно за децата. Откако ја објавија разделбата во 2020 година, портпаролот на кралското семејство изјави: „Тие одлучија дека ова е најдобриот потег за нивните деца и да го зачуваат своето пријателство. Првиот приоритет останува благосостојбата и воспитувањето на нивните прекрасни деца, Савана и Исла.“ „Омилениот внук на кралицата Елизабета“ Питер е роден во 1977 година. Бидејќи кралската титула се наследува по машка линија, тој нема титула. Би-Би-Си еднаш напиша дека неговите родители „ја одбиле понудата на кралицата“ нивните деца да ја добијат титулата затоа што сметале дека ќе „водат понормален живот“. Во едно интервју, тој спомена дека бил многу близок со кралицата Елизабета II, а некои медиуми напишаа дека тој е нејзиниот „омилен внук“.Тагови: внук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
МакедонијаМакедонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКОГрција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското езеро за вклучување на листата на светско наследство на УНЕСКО.Иницијативата првично беше покрената од грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската унија. Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори. На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на европската комисија во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
МакедонијаСДСМ: Што сега ќе каже „патриотот“ Мицкоски кога и Фон дер Лајен го кажа истото за јазикот и идентитетот?На заедничка прес конференција во Скопје, во Владата, Претседателката на Европската комисија кажа: местото е во Унијата. Останува еден чекор - да се отвори првиот кластер, Основи. И рече јасно: Европа ја пречекува С.Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик. Културата и јазикот ја прават Унијата побогата. Мотото е различност и обединетост. Тоа е реченицата што Мицкоски во кампањата ја продаваше како предадена. Никогаш Северна. Укинување на Преспански договор. Враќање на името. Па дојдоа на власт. Е откако дојдоа Преспа ја нанарече ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: јазикот, културата и национален идентитет се заштитени. Тимчо рече: НАТО никогаш подобра работа за бизнисот. Сега и Фон дер Лајен, пред камери, пред арамијата: ве чекаме со вашиот идентитет и ваш јазик. Што остана од патриотизмот? Бугарските пасоши во редовите на ВМРО. Фирмите во Бугарија. И обвинението дека другиот работи по налог на Радев. Латас - Гебелс. Чекорот што го бара ЕУ не е предавање. Основите се: судство, обвинителство, борба против корупција. Истиот чекор што Мицкоски го запира две и пол години. Второт рок истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас. А пред членство - Лаура Ковеши. Затоа вели „не по секоја цена“. Не поради јазикот, не поради идентитетот. Поради истрага и страв од одговорност. Патриотот нема што да каже. Идентитетот го потврди Брисел. Вратата ја држи тој. СДСМ го кажа ова уште пред избори. Денеска го рече и Фон дер Лајен. Лагата остана кај бандата. Скопје, 02.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
МакедонијаСерафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходиГо поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.Го поддржуваме органското производство да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој денес во Куманово ги отвори деветтиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак 2026“. „Органското земјоделство е современ, прецизен и контролиран начин на производство што бара знаење, следливост и одговорност кон животната средина и здравјето на луѓето. Органскиот производител заслужува систем што ќе го препознае неговиот дополнителен труд и ќе го заштити од погрешно декларирани производи и нелојална конкуренција“, истакна министерот Серафимовски. Тој нагласи дека политиките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се насочуваат кон засилена контрола, сигурна сертификација, потврден квалитет и поголема видливост на домашните органски производи. „Добриот производ се создава на нива или на фарма, но неговата вредност се потврдува на пазарот. Новата механизација, дигиталните решенија, прецизното наводнување и современата опрема за преработка им овозможуваат на производителите порационално да ги користат ресурсите, да ги намалат загубите и да создаваат повисок квалитет“, порача министерот Серафимовски. Организатори на „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“ се здружението „Живот“, Комората на органски производители на Македонија и Општина Куманово, а на манифестациите учествуваат производители, изложувачи и гости од земјата и од странство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter