Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
2Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
ЖивотПринцеза е позитивна на Ковид-19- неизвесна е посетата на царскиот пар на ЕКСПО во Осака Принцезата Аико (23), единственото дете на јапонскиот цар Нарухито и царицата Масако, е позитивна на COVID-19, објави денес Агенцијата за царско семејство.Принцезата Аико (23), единственото дете на јапонскиот цар Нарухито и царицата Масако, е позитивна на ковид-19, објави денес Агенцијата за царско семејство, доведувајќи ја во прашање планираната посета на царскиот пар на Осака, каде што се одржува Светската изложба Експо 2025. Во соопштението се вели дека принцезата во вторникот имала температура над 38 степени Целзиусови, а следниот ден направила антигенски тест што ја потврдил инфекцијата, објави новинската агенција Кјодо. Таа ќе остане во царската резиденција во Токио до недела, се вели во соопштението, додавајќи дека ниту царот ниту царицата во моментов не покажуваат симптоми на COVID-19. Царскиот пар треба да патува во префектурите Кјото и Осака од сабота за три дена за да присуствува на меѓународен форум и да го провери местото на Светската изложба во Осака. Агенцијата соопшти дека тие, доколку е потребно, ќе бидат тестирани и за COVID-19.Тагови: Ковид-19 Принцезата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖерновски: „Тајниот план“ на Муцунски е тајна само за гласачите на ВМРО„Тајниот план“ на Муцунски е тајна само за гласачите на ВМРО – Владата на Мицкоски договора прифаќање на Францускиот предлогНие сакаме преку вас до граѓаните да соопштиме една многу важна вест. Таа е поврзана со она што го слушнавме од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека постои, цитирам, таен договор за започнување на преговори со Европската Унија. Денеска оваа прес-конференција е посветена токму на тоа, односно да го разоткриеме, како опозиција, тој план. Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме, нели, за нас некакви посебни договори и така натаму. Па најновото што го слушнавме од Мицкоски е дека ќе сме влегле во Европската Унија, ама без право на глас. Сето тоа падна во вода и веќе нема простор за нови импровизации. Единственото нешто што сега го прави човекот којшто седи позади мене и сите околу него е како оваа лага, којашто им ја продадоа на гласачите, да ја претстават како победа. Како да покажат дека тоа не е лага. Се обидуваат да направат стратегија како да го прикажат како победа она што до вчера за нив беше лага и велепредавство. И целата таа стратегија за тоа што денеска се случува во овие простории, затоа што како поинаку ќе се објасни дека СДСМ бил во право? Ќе се објасни дека токму врз тие лаги дојдоа на власт. Ова сакам да ви го објаснам со тоа што сите заедно, и како политичари, и како новинари, и како граѓани, се зачудивме за наглиот пресврт во политиката и дипломатијата на Тимчо Муцунски. Сè започна со тоа кога самиот призна дека ние не сме северномакедонци, како што тие тврдеа кога беа во опозиција. Дека ние не зборуваме северномакедонски јазик, како што тие тврдеа кога беа во опозиција, туку, напротив, дека денеска сме Македонци и дека зборуваме македонски јазик. Тоа не беше доволно. За да се подготви теренот уште подлабоко, дојдоа неговите уверувања дека, замислете, протоколот не е дел од преговарачката рамка. Нешто што беше основа, клуч за напад врз тогашната власт од денешната опозиција, врз СДСМ. Нешто врз што ги добија изборите. Претходно претседателката на државата веќе призна дека јазикот, културата и националниот идентитет се заштитени. Ја цитирам, токму со Преспанскиот договор. Потоа го имате Тимчо Муцунски. Повторно се изјасни за возвишувањето на НАТО, дека е најдоброто нешто што ни се случило и дека гарантира безбедност за граѓаните. Затоа сакавме да одржиме оваа прес-конференција за да им објасниме на граѓаните што сега се случува и каква стратегија подготвува Владата на Мицкоски. Претстојуваат денови кога граѓаните, особено оние коишто ја дадоа поддршката на ВМРО, ќе им стане јасно дека тоа беше партијата којашто врз основа на лаги дојде на власт и којашто сè уште со лаги владее. Доаѓа време кога ќе стане јасно дека СДСМ ја зборуваше вистината, дека СДСМ презеде обврски, гласаше одлуки коишто беа за добробит на граѓаните, тешки, меѓутоа за да добиеме просперитет во иднина и да ги зачуваме младите во нашата држава. Доаѓа период кога ќе сведочиме за една победа на политиките и визионерството на СДСМ, но и пораз на политиките и на лагите на ВМРО. Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на ИО и Секретар за меѓународна соработка Скопје, 05.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИнцидент во Лајпциг. Дрон со експлозив опасно се приближи до украински авионНАТО потврди дека во текот на ноќта, во близина на украински авион на германскиот аеродром Лајпциг/Хале, било забележано беспилотно летало, по што летовите биле прекинати поради безбедносен инцидент. Според безбедносни извори, леталото било опремено со експлозив и детонатор и се наоѓало во непосредна близина на украинскиот товарен авион „Антонов“. Неколку авиони, вклучително и еден патнички, биле пренасочени откако на аеродромот во источна Германија биле забележани неидентификувано летало и сомнителен предмет. ❗️🇩🇪🇺🇦 A drone with explosives and a detonator was found on the ground at Leipzig Airport at night. The drone was near a Ukrainian Antonov cargo plane, which caused the airport to temporarily suspend operations, - Bild After the incident, one cargo plane was forced to re-land.… pic.twitter.com/4T6ZGmMXJh — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) August 5, 2026 Операциите во северниот дел на аеродромот продолжиле рано во средата, додека јужниот дел останува затворен додека трае истрагата. Во близина на јужната писта е пронајден сомнителен предмет, кој полицијата го прегледала со помош на робот за отстранување експлозивни направи. Полицијата истражува дали постои поврзаност меѓу неидентификуван летечки објект и сомнителниот предмет. Не постои непосредна опасност, изјави портпарол на полицијата. Аеродромот Лајпциг/Хале, сместен во источниот дел на земјата, игра централна улога во транспортот на воена опрема – особено за германската војска и сојузниците од НАТО – а служи и како база за флотата на украинската карго-авиокомпанија „Антонов ерлајнс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од КарпошОпштина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор.Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните училишта на територија на Општина Карпош, при што на првоодделенците ќе им бидат врачени ранчињата и училишниот прибор. Со оваа мерка, Општина Карпош ќе им посака топло добредојде на најмладите ученици и успешен почеток на нивното образование, а воедно обезбедува и финансиска поддршка за семејствата во пресрет на новата учебна година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook