Предупредување од експерти: Ковид беше само најава на катастрофата што следи - Канал 5

Предупредување од експерти: Ковид беше само најава на катастрофата што следи

Експертите на Светската здравствена организација изразија загриженост дека светот би можел да се соочи со нова, далеку посмртоносна пандемија од Ковид-19, кој однесе околу 1,2 милиони животи.

Предупредување од експерти: Ковид беше само најава на катастрофата што следи

Бука

Експертите на Светската здравствена организација изразија загриженост дека светот би можел да се соочи со нова, далеку посмртоносна пандемија од Ковид-19, кој однесе околу 1,2 милиони животи.

Според нивните предупредувања, пандемијата на ковид беше само предупредување за она што би можело да следи.

Таканаречената „болест Х“, непознат патоген со потенцијал да предизвика глобална катастрофа, ги загрижува стручњаците.

Иако најлошата фаза од пандемијата на ковид заврши, вирусот продолжува да циркулира, со нови варијанти како онаа што неодамна го погоди Обединетото Кралство.

„Ебола, Марбург, грип, сите коронавируси, но веројатно најважна е болеста Х – термин што го смисливме во 2018 година за непознат патоген со потенцијал за сериозна глобална пандемија“, изјави Маргарет Харис од СЗО.

Во документарецот на Би-Би-Си „Болест Х: Потрага по следната пандемија“, д-р Крис Ван Тулекен го истражува работењето на СЗО во Женева, каде стручњаците секојдневно ги следат епидемиите на болести ширум светот. Некои од овие патогени имаат застрашувачки стапки на смртност.

На пример, епидемијата на птичји грип во Виетнам забележа 129 случаи, од кои 65 беа смртни – стапка на смртност од 50 проценти. Слично на тоа, жолтата треска во Јужна Америка (Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор и Перу) предизвика 56 смртни случаи од 144 потврдени случаи, пишува Mirror.

Особено е загрижувачки Хенипавирусот, кој се прошири од свињи на луѓе во Малезија во 1990-тите, уништувајќи цело село. Со потенцијална стапка на смртност од 40 – 75 отсто, овој вирус претставува сериозна закана, особено затоа што негови елементи се пронајдени кај австралиски лилјаци, што укажува на можност за пренос по воздушен пат. Во случај на глобално ширење преку воздушниот сообраќај, последиците би биле непроценливи, известува Mirror.

Уште една закана е птичјиот грип H5N1, кој се прошири на стоката во Тексас, инфицирајќи земјоделски работници и ветеринари. Иако не е пријавена значајна штета од контаминирано млеко, стручњаците предупредуваат дека H5N1 „е поблизу до пандемијален потенцијал од кога било претходно“. Најлошото можно сценарио вклучува мутација на вирусот во многу заразна и смртоносна варијанта.

Д-р Ван Тулекен нагласува дека современото земјоделство го зголемува ризикот од зоонози – болести што се пренесуваат од животни на луѓе. Освен тоа, брзиот глобален воздушен сообраќај го олеснува ширењето на патогени пред стручњаците да можат да реагираат. Освен вирусите, СЗО исто така следи бактериски и габични инфекции што би можеле да станат следна закана.

СЗО активно ги следи потенцијалните закани преку секојдневни состаноци со стручњаци од Африка, Азија и Америка. Целта е рано откривање и спречување на ширењето на нови патогени.

Д-р Харис предупредува дека следната болест Х би можела да дојде од кој било дел на светот и да предизвика масовни жртви пред да се развијат ефикасни мерки.

„Она што доаѓа би можело да направи пандемијата на Ковид-19 да изгледа благо“, заклучува Харис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор..  

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

-На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни.

Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен.

Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5...

Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд.

Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба...

Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка...

Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано.

Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер