Прилепските занаетчии трпат огромни штети поради пандемијата, бараат пристап до кредитни линии - Канал 5

Прилепските занаетчии трпат огромни штети поради пандемијата, бараат пристап до кредитни линии

 Над 35 дуќани во прилепската стара чаршија се празни.

Прилепските занаетчии трпат огромни штети поради пандемијата, бараат пристап до кредитни линии

Пандемијата им направи големи штети на занаетчиите, производителите, бутиците. Бележат намалени приходи за 50 до 90 проценти, покажува истражувањето на Економскиот факултет – Прилеп.

Според професорот Коста Сотироски, статистички, од сите аспекти се анализирале состојбите кај 74 мали и средни претпријатија.

-Од истражувањето се добија низа податоци за влијанието на КОВИД. Пред сѐ, намален број вработени кај анкетираните. Немаше промена на сопственичката структура на дуќаните. Речиси 93 проценти од анкетираните бизниси се изјаснија дека нивниот приход е намален до 90 отсто, односно од 50 до 90 проценти. Огромна е загриженоста за продолжување на бизнисот, објаснува професорот Сотироски.

Иако занаетчиите се жалат, голем процент, дури до 70 отсто, посочува професорот, ги користеле досегашните економски мерки.

-Од една страна има незадоволство од економските мерки, од друга, има значаен процент на корисници на тие мерки. Во зависност од мерките, искористени се од 40 – 70 отсто. Ковид-кризата различно влијае според дејноста. Најпогодени се производствените, занаетчиските бизниси и оние, современи бутици, констатира Сотироски.

Кире Трпчески, претседател на Занаетчиската комора од Прилеп, вели дека досега немало ваков пад на дејностите. Се пријавиле и за четвртиот сет мерки. Занаетчиите бараат да се издвојат како посебна гранка за да може да користат кредитни линии, зашто имаат поинакво сметководство и не може апликациите соодветно да ги пополнат.

-Ковид-кризата редизвика долгорочни промени на начинот на функционирање на сите мали и микро претпријатија. Се појавија проблеми од сите аспекти: од намалена побарувачка, од отежнат начин на набавување на одредени материјали и репроматеријали, суровини, посебно за оние кои се занимаваат со производствени дејности. Во третиот сет владини економски мерки речиси сите занаетчии бевме опфатени со нето-плата, освен одредени компании кои имаа проблеми поради стари долгови. Голем број од занаетчиите ја искористија оваа мерка. Благодарение на тоа, на еден краток рок, ги премостивме оние директни последици. Но, сведоци сме дека во Старата чаршија има околу 35 празни дуќани што е алармантно. Досега тоа го немало, истакнува Трпчески.

Ако некој дуќан во Старата чаршија се празнел, се знаел новиот сопственик или кираџија.

-Сега е поинаку. И во овој четврт сет мерки, како занаетчиска комора побаравме да добиеме од Владата помош, зашто и во одредени кредитни линии што ги даваше Владата за премостување на овие кризни моменти, ние не можевме да се појавиме како апликанти за кредитната линија која одеше преку Меѓународната банка за обнова и развој бидејќи во апликацијата имаше ставки кои не можевме да ги исполниме, зашто водиме едноставно книговодство. Поради тоа, ние баравме Владата да го издвои занаетчискиот сектор од овој систем, или, преку посебна апликација за занаетчиите да ги направи достапни овие кредити, или пак да одиме со директна помош за занаетчиството. Посебно за занаети кои се водат во изумирање и занаети кои се водат за рестартирање, што е многу тешко. Ние побаравме да учествуваме во овој четврт сет на мерки и се надевам дека нема да бидеме исклучени како што не бевме и првиот пат и голем дел занаетчии искористија средства, дополнува Трпчески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер