Приказна за детето кое го мразеше својот сиромашен татко додека не ја откри тајната - Канал 5

Приказна за детето кое го мразеше својот сиромашен татко додека не ја откри тајната

Децата често знаат да ги осудуваат своите родители доколку немаат пари да им ги исполнат сите нивни желби. Овој краткометражен филм од Сингапур со наслов “Дар“ е токму една таква приказна.

Приказна за детето кое го мразеше својот сиромашен татко додека не ја откри тајната
Во филмот се зборува за едно дете кое го мрази својот сиромашен татко се додека не ја открие големата тајна.

Искрено ви советуваме да одвоите седум минути и да го погледнете овој филм, за да можете да ја дознаете тајната која ќе му го промени животот на синот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на фестивалот на грчкиот филм

Од 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на грчкиот филм.

Од 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на фестивалот на грчкиот филм

Оваа година фестивалот е фокусиран на жените во грчката кинематографија. Под мотото Женскиот поглед-киното на жената- фестивалот има оддава признание на женските филмски авторки- нивната креативност и придонес во филмската уметност.

На фестивалот ќе бидат прикажани три долгометрани и два краткометражни филма со кои се обединуваат различни генерации на режисерки од Грција.

Датумот на отворање на фестивалот 25 ноември е симболичен- на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените со филмот-„ titanic ocean“, на Константина Котзамани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, просечната потрошувачка во октомври 59.149 денари

Растат и владината и синдикалната потрошувачка кошничка.Владината во октомври пораснала за 942 денари или 1,6% повеќе во однос на септември и изнесува 59.149 денари.

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, просечната потрошувачка во октомври 59.149 денари

Најголем раст, како што посочи минисерот за економија и труд Бесар Дурмиши е забележан кај храната и пијалоците, но генерално оценува дека цените се стабилни.. Споредувајки ја инфлацијата во еврозоната која изнесува 4%, оцени дека Македонија е најдобра со 3,3% во месец октомври. Вели дека ДПИ останува на терен, а доколку се утврдат неоправдани зголемувања на Владина седница ќе се разговара за евентуални мерки за основните прехрамбените производи, како намалување на маржите.

- Дали имаме зголемување на цените овој месец? Да, имаме особено кај овошјето и зеленчукот затоа што знаеме дека тие се сезонски производи и нормално дека во овој период секоја година имаме зголемување, ќе работиме и понатаму и понатаму ќе преземем мерки кои што ќе бидат соодветни за да им излеземе во пресрет на граѓаните да го заштитиме животниот стандард,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Паралелно, ССМ ја објави синдикалната минимална кошничка за ноември, која бележи раст од 469 денари и достигна 70.827 денари. Со вклучен трошок за изнајмување стан од 60 квадратни метри, износот достигнува 86.202 денари. Најголем дел од семејниот буџет, односно 25.902 денари, според пресметките на ССМ, отпаѓаат на храна и пијалаци. Сепак, во споредба со октомври, трошокот за оваа категорија е намален за 268 денари. Разликата меѓу владината и синдикалната кошничка за октомври и натаму е над 11.000 денари.

Инаку, Дурмиши потсети и дека во март следува редовното усогласување на минималната плата. Според досега објавените статистички потадоци и законската формула, која предвидува 50% од растот на трошоците за живот и 50% од растот на просечната нето плата, минималецот се очекува да се зголеми за околу 1450 денари и да достигне приближно 27.500 денари..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отпушок од цигара го предизвикал пожарот во ГОБ „ 8 септември“, се запалиле инвалидски колички

Десетици пациенти утринава беа евекуирани од Градската болница 8 Септември, откако пожар избувнал на одделението за ортопедија на вториот кат.

Отпушок од цигара го предизвикал пожарот во ГОБ „ 8 септември“, се запалиле инвалидски колички

Откако од прозорците на болничката зграда почнал да излегува чад, веднаш била спроведена евакуација на пациентите и медицинскиот персонал, а била повикана и Противпожарната бригада. За среќа, повредни нема.

„Утринава избувна пожар во Градската Општа Болница 8-ми Септември,којшто предизвика вознемиреност кај пациентите..Надлежните екипи веднаш интервенираа,а причините за избувнувањето на пожарот се непознати“.

Командирот на скопската противпожарна единица, Ѕвонко Томевски, за Канал5 вели дека запалени биле инвалидски колички на балконот, но пожарот бил брзо локализиран со противпожарни апарати.

–Добиен е повик преку 112 и веднаш се упатени четири возила во болницата. Пожарот веднаш беше изгаснат со противпожарни апарати. Опожарени се инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба, не се запалила никаква инсталација. Има материјална штета. – изјави Томевски.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорот на ГОБ „8 септември“ за дополнителни информации околу пожарот, тој не одговори ниту на повиците, ниту на пораките, но во меѓувреме од осми септември преку соопштение информираа дека според првичните иформации можно е пожарот да бил предизвикан од отпушок од цигара. Точната причина и околностите се утврдуваат, наведуваат од болницата.. На местото на пожарот немало електрична ниту гасна инсталација а материјалната штета била незначителна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер