Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
МакедонијаПријавите за семејно насилство речиси секојдневно го полнат полицискиот билтенПријавите за семејно насилство речиси секојдневно го полнат полицискиот билтен. Само за продолжениот викенд има десетина пријави за напади врз сопружници и малолетни деца, а од МВР информираа дека 5 лица биле приведени, од кои едниот бил странски државјанин. Дел од психолозите во земјава велат дека иако во минатото жртвите не сакале да пријавуваат пред се, поради обесхрабрувачките одговори од надлежните, сега свеста е променета и се почесто се наоѓа храброст да се реагира на насилството. -Најверојатно стануваат се посвесни дека не мора така да се живее, дека тоа не е дел од традицијата, дека тоа не е „класичен“ брак. Имаше на пример клиенти кои кажуваа дека полицијата им препорачала дека „па, следниот пат немој да бидеш ти таков инает да му се спротивставуваш, ќе бидеш и потрпелива“. Така да, затоа што она добила шамар зашто не била трпелива. И полицијата го менува својот начин на реагирање, дека се се повеќе полицајците информирани за тоа што е семејно насилство, како би можеле во тоа да реагираат,- Мирјана Јовановска – психолог. Јовановска вели дека државата има многу малку податоци за тоа што се случува во земјата и колку е застапено семејното насилство. Сепак, таа гледа позитивно на тоа што граѓаните кои се жртви на семејно насилство стануваат посвесни и го надминуваат стравот од пријавување. -Не е лесно, нели, да дојдеш до тоа да го изнесеш сето тоа што се случува дома да го изнесеш надвор, да го раскажеш некаде и да вклучиш многу луѓе, полиции, социјални работници и кого се не за да се реши проблемот. Жените особено стануваат се посвесни за својата важност во општеството, за својата улога во општеството, за правото на безбеден, спокоен живот, за тоа дека да бидеш сопруга не значи дека мораш да ќутиш и да трпиш и да бидеш жртва и дека тоа е судбина што мора да ја трпат цел живот,- Мирјана Јовановска – психолог. Последниот случај кој го вклучи алармот кај надлежните беше со трагедијата во Тафталиџе со Ивана и Катја, а претходно и случајот во Велес со убиството на Росица Коцева. За двата имало пријави за насилство до надлежните, а во случајот со Ивана и Катја внатрешната контрола во МВР потоа утврди пропусти кај 39 полицајци кои потфрлиле во постапувањето со пријавите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16