Пријателството на Дејвид и Викторија со Хари и Меган заврши?! - Канал 5

Пријателството на Дејвид и Викторија со Хари и Меган заврши?!

Заврши долгогодишното пријателство на  светскиот шоу биз брачен пар Дејвид и Викторија Бекам со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган.

Пријателството на Дејвид и Викторија со Хари и Меган заврши?!

Причина за крајот на долгогодишното пријателство е двојката Бекам која наводно открила тајни за војводата и војвотката од Сасекс, пренесува Мејл он Сандеј.

Извор за британскиот таблоид изјавил дека Дејвид Бекам сега е „многу бесен“ поради обвинувањата, кои наводно биле изнесени за време на тензичниот телефонски разговор меѓу него и Хари..

Бекам присуствуваше на свадбата на Хари и Меган во 2018 година и многу ја поддржуваше Меган да дојде во Велика Британија, рече изворот, објави Њујорк пост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Го прашуваме директно Венко Филипче дали тој и Зоран Заев имале каква било комуникација или договор со лица блиски до Румен Радев за насочување на лекувањето на Ива Михаилова во Бугарија? Дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација и одлуката за продолжување на нејзиното лекување надвор од Македонија?

Ива Михаилова, е осомничена во кривично правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според информациите што се изнесуваат во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, другар на Филипче и Заев, во кој се наведува дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија.

Како е донесена одлуката, врз основа на кои стручни медицински процени и дали врз неа влијаел каков било надворешен фактор? Ова се прашања што мора да добијат одговори врз основа на документи и факти, а не на политички препукувања.

И додека надлежните институции и политички субјекти јавно реагираат на постапките и односот на официјална Софија, Филипче и СДС молчат за улогата на бугарските власти во овој случај.

Македонија не смее да биде заложник на политички долгови на Заев и Филипче на нивните лични релации или задкулисни договори. Ниту една медицинска состојба не смее да биде инструмент за политички манипулации, а уште помалку повод за поткопување на довербата во домашните институции.

Затоа, ги повикуваме надлежните институции да ги испитаат сите околности околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Напредокот на Црна Гора ја зајакнува европската перспектива на регионот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија...

Сали: Напредокот на Црна Гора ја зајакнува европската перспектива на регионот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија и можностите за продлабочување на институционалната соработка.

Сали го поздрави напредокот на Црна Гора во пристапните преговори и ја потврди поддршката на Македонија за нејзината амбиција да стане следната членка на Европската Унија. Тој истакна дека овој напредок претставува охрабрувачки сигнал за регионот и за кредибилитетот на политиката на проширување.

На средбата беа разгледани можностите за поинтензивна размена на експертиза, врз основа на Договорот за соработка во контекст на пристапувањето кон Европската Унија, потпишан во 2012 година. Областите од интерес ги опфаќаат координацијата на преговорите, усогласувањето со европското законодавство, реформата на јавната администрација и управувањето со европските фондови.

Министерот ги претстави и приоритетите на Македонија за спроведување на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на конкретните придобивки за граѓаните и бизнисите.

Сали ја нагласи важноста на праведен и предвидлив пристапен процес, заснован на заслуги, како и на регионалната соработка за напредување кон заедничката цел — членство во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Македонска песна и оро утре на „Боемска“ со КУД „Орце Николов“, Блага Петреска и Наум Петрески

Општина Центар утре, 16 октомври, го организира настанот „7/8 Центарски такт“, посветен на македонската народна песна и фолклорната традиција. 

Герасимовски: Македонска песна и оро утре на „Боемска“ со КУД „Орце Николов“, Блага Петреска и Наум Петрески

На Боемска улица 1, граѓаните ќе можат да уживаат во вечер исполнета со музика, народни носии и дружење.

Програмата започнува во 18:00 часот со дефиле на КУД „Орце Николов“, а во рамки на настанот ќе биде поставена и изложба на народни носии. Официјалниот почеток и музичката програма се закажани за 20:00 часот, со настапи на ВИС „Интрада“, Блага Петреска, Наум Петрески и Тули.

„Македонската песна има посебно место во секој наш дом. Со неа сме растеле, сме се радувале и сме ги одбележувале најважните моменти во животот. Со овој настан сакаме да ја споделиме таа љубов и со помладите генерации, затоа што традицијата се чува кога ја живееме и ја пренесуваме. Ги поканувам граѓаните да ни се придружат на Боемска, да запееме и заедно да уживаме во богатството на македонската музика и фолклор“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Со „7/8 Центарски такт“, Општина Центар продолжува да поддржува настани што го негуваат културното наследство и ја доближуваат македонската традиција до сите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер