Приградските населби мака мачат со јавниот превоз, ЈСП тврди дека има капацитет да ги опслужи - Канал 5

Приградските населби мака мачат со јавниот превоз, ЈСП тврди дека има капацитет да ги опслужи

Покрај јавниот превоз во централното градско подрачје, Јавното сообраќајно претпријатие треба да ги опслужува и приградските населби кои гравитираат околу Скопје. 

Приградските населби мака мачат со јавниот превоз, ЈСП тврди дека има капацитет да ги опслужи

Според информациите објавени на веб страницата на Јавното сообраќајно претпријатие, јавен превоз има до селата Рашче, Визбегово, Долно Лисиче, Љубен, Трубарево, Љубанци, Љуботен, Студеничани, Моране, Ржаничино, Катлановска Бања, Колонија Идризово, Арачиново, Брњарци, Орланци, Грушино, Бојане, Копаница, Сопиште, Матка, Побожје...

Од Јавното сообраќајно претпријатие во изјава за МИА велат дека моменталната состојба со јавниот превоз е подобрена и дека сите возачи максимално се трудат да го запазат предвидениот возен ред и да стигнат во претходно определениот термин.

Сепак, на нередовен јавен превоз се пожалија од Општина Сопиште од каде нагласуваат дека секојдневно до нив стигнуваат поплаки од граѓани. Велат дека проблемот е актуелен веќе две години, но дека во последно време станува се поалармантен - автобусите не сообраќаат по утврдениот возен ред, а често се случува неколку поаѓања и воопшто да не се реализираат. Поради нередовност на автобусите, граѓаните не можат да го планираат времето и доцнат на здравствени прегледи, работа, училиште, факултет....

Градоначалникот на Сопиште, Стефче Трковски во изјава за МИА вели дека квалитетот на испорачаните услуги е на незадоволително ниво и покрај тоа што како Општина навремено ги подмируваат финансиските обврски кон ЈСП.

- Автобусите доцнат или ги нема, на почетокот не беа редовни, но сега се случува и воопшто да ги нема. Имаме редовна комуникација со месните заедници, но и граѓаните се јавуваат, пишуваат дописи. Сето тоа ние го проследуваме, толку се нашите ингеренции, да го известиме Јавното сообраќајно претпријатие и Градот Скопје за квалитетот на нивните услуги. Најчесто немаме никаков одговор, немаме редовна комуникација, иако се обидуваме, вели Трковски во видео изјава за МИА.

Во општина Сопиште има околу 10.000 жители, но со оглед на тоа што станува збор за општина која во последните години стана доста атрактивна, бројот на жители за викендите се зголемува речиси двојно. Јавниот превоз, според проценките на општината, го користат околу 5.000 жители.

- Сопиште има променлив број на жители. До петок сме 10.000, но за викенд имаше уште 10.000 жители. Најголемиот процент од жителите го користат јавниот превоз како што се студентите, средношколците, добар дел од луѓето одат на работа со јавен превоз. Сакаме јавно да апелираме до ЈСП и до Град Скопје, како основач на ЈСП, час поскоро да го решат овој проблем затоа што жителите од општина Сопиште заслужуваат квалитетен јавен превоз како и сите останати жители на град Скопје, вели Трковски.

[Патничка од Скопје во автобус на ЈСП вчера се здобила со тешки телесни повреди откако паднала на второто ниво во автобусот.]

Од ЈСП во писмена изјава за МИА тврдат дека превозот во текот на денот, согласно возниот ред е реализиран навреме со чесни исклучоци кога станувало збор за исклучување на возилото поради технички проблем и неможноста навремено да се достави резервен автобус. Од неодамна, како што велат, на територија на општина Сопиште имале вклучено и од новите автобуси од типот MAN.

- Редовно сообраќа автобуската линија со бр.58 на релација Транспортен центар - с.Добри Дол, автобуската линија со бр.58А која сообраќа на релација Транспортен центар - с.Света Петка и за автобуската линија со бр.58В која сообраќа на релација Транспортен центар – Брзовец. Причините за некогаш ненавременото поаѓање на автобусите е главно метежот во собраќај или градежни активности, за кои се трудиме да бидат незачестени, велат од ЈСП.

Тврдат дека имаат доволно капацитет да ги задоволат потребите на жителите од оваа општина и дека преземаат се што е во рамки на нивните можности за редовен јавен превоз.

- Ги имаме земено во предвид нивните забелешки и превземаме се што е во наша можност за да сообраќаат редовно линиите, со оглед на актуелната ситуација во која е претпријатието и фактот дека возилата во возниот парк на ЈСП Скопје се со просечна старост од 13 години и тековно може да се случи каков било дефект. Ги замолуваме тамошните граѓани за разбирање, и се надеваме на понатамошна соработка како и досега што сме работеле на изнаоѓање на заеднички решениј, нагласуваат од ЈСП.

Во општина Сопиште сообраќа автобусот бр. 58 кој го има во неколку линии, поточно број 58 кој оди до Добри Дол, 58б кој транзитира до Брзовец и 58а до Света Петка. Во летниот период има и 58-ца која гравитира од Нова Брезница до Јаболце.

Според информациите за возниот ред објавени на веб страната на Јавното сообраќајно претпријатие, во просек 58-ца треба да има на половина до еден час, а поретко одат 58а и 58б. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес.

Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани.

Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција.

Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност.

Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди.

Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП.

Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф.

Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата.

Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија.

Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“.

„Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот.

Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)

Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.

Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)

Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот.

Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата.

Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“

Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават.

Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон.

Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент.

„Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој.

Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи.

YouTube video

Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента.

Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај.

Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви.

Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер