Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња
Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
1Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња
2Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
1Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
ЗдравјеПрифаќањето на дијагнозата за ретка болест или попреченост помага во справување со болестаСемејства се распаѓаат бидејќи едниот родител не може да ја прифати дијагнозата на своето дете. Експертите посочуваат дека откако ќе се постави дијагнозата на хронична болест, родителите понекогаш реагираат со негирање, лутина, тага и депресија, а децата често се борат со чувството на осаменост или изолација. Ваквата состојба, велат експертите, не треба да се крие, бидејќи само така може да се поткрене свеста за овие состојби. Порачуваат дека со поддршка од општеството, и родителите и децата подобро се справуваат со болеста. - Најчесто, оние кои доаѓаат кај нас и носат дечиња со аутизам и со одредени други синдроми, за жал, не се веќе во брак, разведени се. Едниот родител најчесто знае да каже дека другиот партнер воопшто не прифаќал дека се работи за дијагноза, додека првиот родител компензира со тоа што цело време и внимание го насочува кон тоа да ја подобри ситуацијата, да најде решение, да има повеќе ефикасност во однос на развојот на нивното дете, вели во изјава за МИА Фики Гаспар, педагошки психолог во Гаспар центарот за психофизичко здравје, кој и самиот боледува од ретка болест. Тој нагласува дека секоја поставена дијагноза, родителите ја примаат многу тешко и дека кај нив се јавува страв и неизвесност што ќе се случи со нивното дете кога тие ќе остарат. Среќавањето со дијагнозата, вели Гаспар, кај нив предизвикува анксиозност, страв, стрес, но и чувство на вина и самообвинување, особено кога станува збор за генетски болести. - Во нашиот центар за психофизичко здравје, статистиката покажува дека, за жал, мнозинството од семејните системи се распаѓаат. Доколку не се распаднати, тие не се функционални како што треба да бидат. Затоа, кога ќе се постави дијагнозата, најважното е таа да се прифати. Некои терапевти, прифаќањето на дијагнозата го сметаат како 50 проценти решен проблем, нагласува Гаспар. Тој открива дека дури и нивното укажување дека кај одредено детенце најверојатно се работи за одредена дијагноза, се случува да биде проследено со бурни реакции и закани со тужби. - Со соодветна поддршка од општеството, родителите многу подобро се справуваат со попреченоста или ретка болест на своите деца. Многу е потешко ако нема поддршка, ако се потиснува или не се прифаќа дијагнозата, затоа што во такви случаи, многу често, за жал, во нашето општество, доаѓа до распад на семејниот систем, предупредува Гаспар. Децата со попреченост, како што посочува, често се борат со чувството на осаменост или изолација поради тоа што се стигматизирани. Затоа е многу важна поддршката за да се извлече максимумот од нивните можности. Гаспар центарот за психофизичко здравје, меѓу другото, работи и на психолошката поддршка на родителите на децата со попреченост бидејќи, како што посочува Гаспар, кога има поддршка, 30 до 40 проценти има подобри резултати. - Попреченоста не го дефинира детето. Има прекрасни примери во кои лица со посебни потреби, со ретки болести или видлив хендикеп функционираат сосема нормално и се дел од општеството, продуктивни се за општеството, вели Гаспар. Негирањето на болеста и задоцнетиот третман негативно влијаат врз развојот на болеста Директорката на Клиниката за детски болести Стојка Фуштиќ вели дека хроничните болести од многу аспекти влијаат врз животот. Децата со хронични здравствени состојби може да имаат одредени ограничувања во активностите, а оние со тешка попреченост се спречени да се вклучат во училишните активности, да се дружат со своите врсници и не можат да постигнат независност. Според неа, неопходна е континуирана поддршка на детето и на семејството за да се интегрира детето во општеството. - Да бидат почитувани и прифатени овие деца, да се почитуваат различностите. Хроничните состојби може да влијаат на физичката, емоционалната или интелектуалната благосостојба на детето. Многу хронични болести се влошуваат од стресот, нагласува Фуштиќ. Раната дијагноза и раниот третман, посочува таа, ги ублажуваат последиците од болеста и ги превенираат компликациите од болеста. - Она што родителите треба да го знаат е да ја поттикнуваат самодовербата во рамки на можностите на адолесцентот, да избегнуваат прекумерна заштита. Адолесцентите минуваат низ период кога е многу важно, да бидат слични на своите врсници. Затоа им е особено тешко, да се гледаат, како различни, вели доктор Фуштиќ. Посочува дека семејствата каде има дете со хронична болест, се соочуваат со потешкотии - не можат да работат двајцата родители, имаат потреба од чести консултации со лекари... Според професор доктор Велибор Тасиќ, од Универзитетската клиника за детски болести, воопшто не е лесно на родителите да им се каже дека детето има дијагноза за попреченост. - Треба да се каже на фин и умерен начин без да се даде лажна надеж, лажен оптимизам, да се каже на начин за да може родителите да ги прифатат. Следува отварање интернет, читање, барање совети, негирање на дијагнозата, вели Тасиќ. Професорот Горан Ајдински од Институтот за специјална едукација и рехабилитација смета дека важен фактор за интеграција на овие деца во општеството е и едукацијата на останатите ученици да ги прифатат своите врсници со посебни потреби или ретки болести. - Мора да се подготват и учениците без попреченост, а најмногу нивните родители за да може да им зборуваат убави работи за тие деца, а не нивните деца да бегаат од лицата со попреченост, вели Ајдински. Дефектологот Катерина Гаспар, во изјава за МИА, нагласува дека родителите кои се соочуваат со различни дијагнози на своите деца, имаат огромен број прашања. - Соочувањето со која било дијагноза што трае цел живот, е ситуација којашто носи доста беспомошност, страв, загриженост, немир и слично. Но, сето тоа носи и еден вид на постојана дилема, дали како родител ги правите работите како што треба или не. За жал, овие родители се соочуваат со проблеми, со какви што, родителите кои имаат деца со типичен развој, не се соочуваат. Самата дијагноза е ново поглавје во нивниот живот. На родителите им е неопходна поддршка за тие да имаат едно добро ментално здравје. За жал, во пракса, во нашата држава, исклучително ретко, се посветува внимание на родителите, нагласува таа. Бојан Богдановски, клинички логопед, специјалист во областа на интелектуалната попреченост вели дека е тешко да се биде родител на дете со пречки во развојот. - Кај некои деца што се на училишна возраст, доколку ненавремено е препознаена, понатаму може да се појават специфични потешкотии во школските процеси, но и емоционални нарушувања, бидејќи сите знаеме колку е изразен булингот и колку сѐ повеќе деца сурово се изложени на врсничко насилство, нагласува Богдановски. Најважна, вели Богдановски, е дијагностиката бидејќи има деца кои не се дијагностицирани адекватно и кога ќе тргнат на училиште, добиваат критики од околината дека се премногу мрзливи и не се посветени на наставата, а никој не ја гледа вистинската причина, не ја препознава развојната дисфазија. Состојбата не треба да се крие, нагласува Богдановски, бидејќи само така може да се поткрене свеста за овие состојби. - Професорка од Белград велеше дека дијагнозата е педесет проценти завршена работа. Постојат грешки во дијагностиката. Голем број стручни лица се оградуваат од тоа да кажат дека детето навистина има проблем бидејќи секое избегнување на проблемот, си носи сѐ поголем и поголем товар. Тој проблем од година во година сѐ повеќе се зголемува. Како стручни лица треба да дадеме максимум, вели Богдановски. Пелтечењето е исто така проблем со кој се соочуваат дел од луѓето. Даринка Шостер, мастер логопед, која работи во Србија, вели дека неопходно е да се работи со овие лица и да се подигне нивната самодоверба. Марина Ранѓеловиќ, мастер логопед и дефектолог, На логопедско – дефектолошко – психолошкиот конгрес, што неодамна се одржа во организација на Гаспар центарот, беше претставена мобилна логопедска апликација, што исклучиво се занимава со дигитална обработка на говорот. Таа посочува дека сѐ поголем е бројот на деца имаат говорно јазични проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМаж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)Одгледувањето шафран обично се поврзува со постудена клима и природна средина, но еден пар од индиската држава Махараштра пронашол начин да го произведе овој скап зачин во својот стан-гарсониера.Наместо традиционалните земјоделски методи, тие решиле да се потпрат на технологијата и да претворат простор од само 37 квадратни метри во мала фарма, објавува Observator News. Специфични услови за одгледување Акшај Холи и неговата сопруга Дивја Лохакаре развиле бизнис базиран на аеропоника. На овој начин, тие успеале да создадат средина во која шафранот може да расте, и покрај високите температури во градот каде што живеат. Нивниот потфат им донел значајни финансиски резултати. Според Акшај, бизнисот им донел годишен приход од приближно 38.000 до 47.500 евра. Акшај дипломирал на Факултетот за бизнис администрација, додека неговата сопруга Дивја претходно работела во банкарскиот сектор. Двајцата почнале да ја истражуваат можноста за одгледување шафран во 2020 година, препознавајќи можност на пазар каде што побарувачката за зачинот е голема, додека домашното производство е релативно ограничено. Причината за ова се специфичните услови потребни за негово одгледување. Шафранот генерално успева во области со соодветна клима, па затоа неговото одгледување може да биде многу тешко во региони со екстремни температури. 🚨 Nagpur couple earns over Rs 4 lakh per month from a 400 sqft room business that has a profit margin of 80% https://t.co/jkVW7cf80W — India Live (@IndiaLiveIN) November 12, 2026 Првичните обиди не донесоа резултати Наместо да се потпираат на традиционалното земјоделство, Акшај и Дивја решија прво да ја совладаат технологијата што ќе им овозможи да произведуваат во затворен простор. Во текот на две години, тие поминаа три месеци во неколку наврати учејќи од одгледувачи кои произведуваат шафран во контролирани услови. Нивните почетни обиди не ги донесоа очекуваните резултати. Во почетниот експеримент, тие користеа 100 единици саден материјал, со вкупна тежина од еден килограм, а првата жетва даде само неколку грама од зачинот. Сепак, тие не се откажаа. Подоцна, тие пробаа поголема количина и успеаја да произведат 1.600 грама шафран. Овој резултат ги охрабри да го прошират својот бизнис и да продолжат да инвестираат во производството. Клучот за нивниот бизнис е аеропонскиот систем, во кој растенијата не се садат во земја. Наместо тоа, нивните корени ја добиваат потребната влага и хранливи материи преку контролирано прскање или фина магла што содржи хранлив раствор. Берба од август до декември На овој начин, можно е прецизно да се контролираат условите за раст на растенијата и да се прилагодат на нивните потреби, без оглед на надворешната клима. Токму оваа технологија им овозможила да одгледуваат шафран во град каде што високите температури инаку се сериозна пречка. Тие организирале производство во просторија од 37 квадратни метри, но планираат дополнително да го прошират бизнисот. Поради досегашните резултати, двојката подготвува нова производствена единица со површина од дури 480 квадратни метри. Бербата на шафран трае од август до декември, додека преостанатите месеци се користат за одгледување и одржување на садници за следните сезони. Според Акшај, тие продаваат шафран по цена од приближно шест евра за грам, што значи дека килограм од овој зачин достигнува вредност од околу 6.000 евра. Голем дел од работата ја работат сами. Дополнителна предност е издржливоста на опремата што ја користат, бидејќи машините во нивниот систем, според нив, можат да работат помеѓу 20 и 25 години.Тагови: гарсониера Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТуристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња Четворица вработени во малтешката институција за културно наследство „Херитиџ Малта“ се изведени пред суд под сомнение дека продавале дупликати билети на посетители и ги задржувале парите за себе. Случајот покрена прашања за злоупотреба на системот за плаќање на туристичките места откако беше откриено како вработените наводно заработувале дополнителни пари. Според „Малта Хабер“, вработените наводно искористиле дупка во системот за билетарница за да испечатат повеќе копии од истиот важечки билет. Откриена организирана измама со камери Снимките од надзорните камери наводно покажуваат дека некои билети биле испечатени дури осум пати, по што дополнителни копии биле скриени во промотивни брошури. Кога туристите дошле на билетарницата и платиле во готово, вработените наводно им дале претходно подготвени копии наместо да издадат нови билети. На овој начин, парите од продажбата не завршиле кај институцијата на која ѝ припаѓале. Според информациите презентирани за време на судската постапка, снимката од камерата наводно покажува и како вработените земаат готовина од касите и ги ставаат во своите паричници. Неправилности забележани и претходно Сомневањата за неправилности се појавија уште во мај, кога два идентични билети беа пронајдени во историскиот комплекс „Форт Сент Анџело“. Овој навидум ситен детал предизвика истрага која откри можна злоупотреба на системот за плаќање. Последователните проверки открија дека слични неправилности, според истрагата, се случиле и на други локации управувани од „Херитиџ Малта“. Четворица вработени беа обвинети за нелегално стекнување пари на сметка на институцијата со користење на можноста за дуплирање билети. Случајот стигна до судска завршница Случајот заврши на суд, каде што беа презентирани наодите од истрагата и снимките од надзорните камери. Иако станува збор за сериозни обвинувања, одговорноста на вработените сè уште не е утврдена во судска постапка. Овој случај покажува како дури и навидум едноставен систем за продажба на туристички билети може да стане предмет на злоупотреба кога има пропусти во евиденцијата за контрола и наплата. И целата приказна започна со само два билети кои изгледале потполно исто.Тагови: Малта туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНикол Кидман е добитничка на почесен „Цезар“ на 52. церемонија на доделување филмски награди Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз.Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз, објави денес Академијата за филмски уметности и науки, позната како Академија Цезар. Кидман глумеше во голем број значајни филмови во текот на својата кариера, вклучувајќи ги „Мулен Руж“, „Очи широко затворени“, „Другите“ и „Догвил“. Таа го освои Оскарот за најдобра актерка во 2003 година за улогата на писателката Вирџинија Вулф во „Часовите“. Покрај нејзината актерска кариера, Кидман е и продуцент и коосновач на „Блосом Филмс“, продуцентската компанија зад телевизиските серии „Големи мали лаги“, „Развршување“ и „Девет совршени странци“. Во 2006 година, Кидман ја доби титулата Придружник на Редот на Австралија, додека во 2017 година ѝ беше доделена награда на Канскиот филмски фестивал по повод 70-годишнината од тој фестивал.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20