Прибе: Независни политичари услов за владеење на правото

Сите земји од Западен Балкан се соочуваат со стандардите за  владеењето на правото. 

Понекогаш се потребни промени во законодавството, а за тоа треба независни политичари кои ќе направат соодветни реформи, рече правниот експерт од Европската комисија Рајнхард Прибе денеска говорејќи на меѓународната научна конференција „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите".

Според Прибе, услов за владеење на правото во земјава се независни политичари, кои треба да имаат волја за да го имплементираат.

-На таков начин правниот систем ќе може да воспостави независност. Без демократско управување, не може да постои ниту владеењето на правото, вели Прибе.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека владеењето на правото е воздух без кој не се може во едно општество.

-Владеењето на правото е едно од фундаменталните принципи за започнување на преговорите со Европската Унија, за прогрес на патот кон Унијата, нешто што е многу важно за развојот на државата и општеството внатре, истакна Османи.

Денешната конференција, како што рече тој, е можност за Прибе, кој во 2015 и 2016 година ги даде првите извештаи и препораки за владеење на правото, да се направи рекапитулација, односно едно последно тестирање пред големата октомвриска одлука на ЕУ.

-Убеден сум и можам да најавам дека октомври ќе биде историски месец за Република Македонија, бидејќи сосема заслужено ќе добие датум за започнување преговори со ЕУ, рече Османи.

Според него, моментот е неповторлив, a разликите околу законот за јавно обвинителство не се непремостливи.

-Политичките лидери ги знаат очекувањата на граѓаните, ќе одговараат соодветно и ќе ги надминат своите почетни позиции за да се најде конечно решение, рече Османи.

Според него, со политичка волја може да се дојде до решение за законот за обвинителство.

– Како Влада имаме усогласен став по законот за јавно обвинителство и заедно го донесовме законот на владина седница. Во законот се инкорпорирани и ставовите на ДУИ, рече Османи./МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

- Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата./МИА

Пандов: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат

„Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ“

Мицкоски го доживувам како политичар од 21-от век и не сме оптеретени со национализам, што јас го нарекувам шовинизам. Пораките се дека Македонија треба да се врати во рацете на народот, Историски гледано ВМРО-ДПМНЕ и со ДПА и со ДУИ имало коректна коалиција, но ДУИ се повампири во времето на Заев и работите ги доживуваат низ признма на бизнис и пари и така ја гледаат државата. Не прифаќам дека нема нова понуда, Мицкоски има земено кај себе многу млади кадри и тие луѓе не се бирани за да дојдеме на власт и да ги фатиме фотењите. Идејата е Македонија повторно да биде горда, имаме во секое село Албански комитети, има бошњаци, роми, власи. Мораме да го причекаме 8 Мај да видиме што ќе каже семафорот, очекувам да добиеме 58-60 пратеника. Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ, веруваме на нивната желба тие да го променат ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат тоа значи дека историската комисија може да разговара, но тоа да не биде услов за отворање поглавја со ЕУ, рече Александар Пандов во Само Вистина.

притисни ентер