Преживеал напад на поларна мечка: Морав да молчам додека ме гризеше (ВИДЕО) - Канал 5

Преживеал напад на поларна мечка: Морав да молчам додека ме гризеше (ВИДЕО)

Рускиот ловочувар Владимир Слепчов (50) преживеал напад од поларна мечка.

Преживеал напад на поларна мечка: Морав да молчам додека ме гризеше (ВИДЕО)

Слепчов го запознал ѕверот на остров во Арктичкиот океан. Дошол, рече тој, за да го провери кампот за ловџии, и кога се доближил до сауната, излегла поларна мечка со две младенчиња и го нападнала, а тој паднал и се преправал дека е мртов, додека мечката не замине.

"Прво ги видов уништените куќи во кампот каде чувавме храна. Остатоците од храна беа расфрлани на сите страни. Одеднаш огромната поларна мечка со двете младенчиња излета од вратата на сауната, која, судејќи според нејзината големина, беше стара околу една година", рече тој.

Тој продолжи да објаснува дека немал оружје и дека се обидел да ја повреди со парче железо што го нашол во снегот, но промашил.

"Таа истрча кон мене и ме погоди со канџа во градите. Летнав наназад неколку метри. Штом станав, повторно ме нападна. После тоа не можев да станам. Лежев на грб додека ми пријде и мислев дека сега ќе ми го раскине лицето, па затоа го покрив со раце. “, изјави тој за руската телевизија РЕН.

Кога таа почнала да му ги гризе рацете, тој се свртел на стомакот и потоа започнала да го гризе на задниот дел од нозете. Видел како неговата крв капе на снегот и слушнал страшна бучава.

"Кога таа почна да ме гризе, се сетив на мојот деветгодишен син кој ме чекаше дома. Му ветив дека ќе се вратам и морав да го чувам. Не смеев да врескам. Решив да се преправам дека сум мртов. Почувствував силен удар на грбот, а потоа уште еден “, вели Слепчов.

На крајот тој се онесвестил и мечката помислила дека е мртов и заминала со младенчињата.

YouTube video

Инаку, овој камп се користи само во текот на летото, па немало кој да му помогне на Владимир, кој се здобил со повреди на главата, раката и ногата во нападот на мечката. Сепак, тој успеал да ги повика членовите на семејството кои потоа контактирале со службите за итни случаи. Тој бил пренесен со хеликоптер од островот во најблиската болница на копното, во Тикси, Сибир.

Лекарите потврдиле дека Слепчов во моментов е стабилен, но ќе мора да помине уште неколку недели во болницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.

Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер