МакедонијаПревозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зонатаЗдруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена. На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат. Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор. Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook