3Побарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткуп
Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
2Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и имотни деликтиВо рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Денеска (01.07.2026) на подрачје на општините Велес, Градско и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, ПК Градско и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше потенцирана потребата за намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Вакви превентивни активности спроведоа и Одделението за превенција на СВР Скопје во Скопје, како и СВР Штип во Штип. Полициски службеници од ОВР Неготино, во Демир Капија реализираа превентивна активност на тема „Внимавај на својот дом“, со укажување за граѓаните за поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Полициски службеници од ПО БПС при ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“ во рамки на која на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес, Одделението за превенција на СВР Скопје и ПС БПС Кочани и Берово, во Велес, Скопје, Кочани и Берово реализираа превентивни активности на тема „Носи кацига“ насочени кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Вчера пак, на подрачје на општините Градско и Росоман, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа активност со цел да им се укаже на возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
СветСирија го добива првиот парламент по падот на АсадПрвиот парламент на Сирија во ерата по Асад беше формиран, откако привремениот лидер Ахмад ал-Шара назначи 70 пратеници, со што вкупниот број на членови достигна 210.Првиот парламент во ерата по поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад беше формиран денес со објавување на список од 70 пратеници избрани од привремениот лидер Ахмад ал-Шара. Шефот на изборната комисија на Сирија, Мохамед Таха ал-Ахмад, им изјави на новинарите дека новиот парламент од 210 членови ќе ја одржи својата прва седница во понеделник, објави „NBC News“. Потоа пратениците ќе положат заклетва и ќе биде избран парламентарниот Претседателски совет. Списокот од 70 пратеници избрани од ал-Шара вклучува 15 жени, со што вкупниот број на жени членки во парламентот достигна 22. Сириските власти ја одржаа првата фаза од парламентарните избори во октомври, освен во јужната покраина Свеида, која е контролирана од вооружени бунтовници Друзи кои се спротивставуваат на централната влада. Гласањето исто така не беше одржано во североисточниот дел од Сирија контролиран од Курдите во тоа време. Изборите во североисточна Сирија се одржаа во мај откако владините сили ја презедоа контролата врз областа за време на конфликтот претходно оваа година. Сè уште не е одреден датум за гласањето во Свеида, но двајца претставници од регионот се меѓу имињата што ги објави Ал-Шара денес. Парламентот ќе има 30-месечен мандат и ќе работи на нов изборен закон, додека ќе го подготвува теренот за гласање на следните избори. Сирија е без парламент откако бунтовничката офанзива во декември 2024 година, предводена од сега веќе непостоечката група Хајат Тахрир ал-Шам, го заврши владеењето на династијата Асад. Извор: Б92Тагови: Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МетеоУтре променливо облачно и нетабилноВремето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена. Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: нетабилно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПобарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткупОсновното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа, таа не му впишала оценка во индексот и во електронскиот систем дека не положил туку директно побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил наведениот испит. На 29 јуни во нејзината канцеларија, ги примила парите од студентот, така што му дала инструкции да ги остави на помошната маса, помеѓу скрипта и еден лист бела хартија, а во индексот му запишала преодна оценка. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување неколку мерки на претпазливост – забрана на напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничената да се јавува во судот, привремено одземање патна исправа, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со студентот, како и забрана за вршење на работни активности на факултетот.Тагови: поткуп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook