Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
2Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
1Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на бесправна сеча и пожариОтсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. Денеска (05.08.2026) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, беше реализирана превентивно - едукативна активност „Безбедно поминување на пешаците преку улица- бидете одговорни во сообраќајот“, во која на пешаците им беше потенцирано дека тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони и да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. Отсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. При тоа, им беше укажувано почесто да прават паузи, затоа што заморот е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи во летниот период и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Штип во Скопје, Берово, Штип и Кочани. Во рамки на превентивните активности беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Полициски службеници од ОВР Пробиштип во Пробиштип реализираа превентивни активности за спречување на пожари и бесправна сеча. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари, како и бесправната сеча се кривични дела, што соодветно законски се санкционираат. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми Две лица загинале, а 35 се повредени откако дојде до пукање на улична забава во американската сојузна држава Џорџија, соопштија денеска локалните власти. Дваесет и петмина од повредените се пренесени во болница, објави „Си-би-ес њуз“ (CBS News). BREAKING: At least 2 dead, multiple others injured in a mass shooting at a Homecoming event in Vienna, Georgia, on Sunday, Oct. 4, 2026, according to local reports. The exact number of injured has not been confirmed. https://t.co/rgpFa26FxU — HINT News (@9415st) October 4, 2026 Пукањето се случило во раните утрински часови во градот Вајена, а замениците на шерифот слушнаа истрели околу 1:25 часот по локално време додека патролираа низ областа. Од Бирото за истраги на Џорџија соопштија дека, кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале повеќе лица кои биле застрелани. Две лица кои се здобиле со смртоносни повреди биле пронајдени на неколку блока од местото каде што, според истражителите, започнало пукањето. ⭕ ÚLTIMA HORA: Georgia Tiroteo masivo en Georgia (Estados Unidos) el balance provisional es de 3 muertes y al menos 35 heridos https://t.co/P8QXLRYNYo — isufbenyusuf (@isufbenyusuf) October 4, 2026 Шерифот на округот Дули, Крег Пиви, изјави дека повеќе од 1.000 луѓе се собрале на улицата Пајн за да ја прослават годишнината од собирот на поранешни ученици и локални жители, при што биле испукани најмалку 50 истрели на две различни локации. Надлежните не објавија информации за можен осомничен или за евентуален мотив за пукањето, ниту пак јавно ги идентификуваа загинатите и повредените.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од ХутитеЈеменската влада, поддржана од Саудиска Арабија и меѓународно призната, соопшти дека започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите, поддржани од Иран.Вооружените сили на владата ќе продолжат со офанзивата „сè додека земјата не се ослободи од стисокот на терористичката милиција“, изјави јеменскиот претседател Рашад Ал-Алими во телевизиско обраќање. Портпарол на војската подоцна ги повика Хутите да го положат оружјето. Хутите, го држат главниот град на Јемен, Сана, и огромни делови од северозападот, каде што живее поголемиот дел од населението, од 2014 година. Тие досега издржаа серија напади во текот на годините од страна на Саудиска Арабија, Емиратите и нивните западни сојузници, и го осовременија своето оружје со помош на Иран. Движењето минатиот месец започна изненадувачка офанзива со која го освои стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб,на Црвеното море за само неколку недели, давајќи им на Хутите нова предност над меѓународната поморска рута.Тој напредок, исто така, отвори нов фронт во пошироката американско-израелска војна започната во февруари против Иран кои вклучуваа задушување на транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец.,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
БалканЦрногорскиот претседател донесе тениски рекет во Ватикан, Папата: Ѓоковиќ е СрбинЦрногорскиот претседател Јаков Милатовиќ викендов билпримен во аудиенција кај папата Лав XIV за време на неговата официјална посета на Светата Столица. „Папата Лав XIV би бил првиот папа во историјата што би ја посетил Црна Гора. За време на разговорите било потврдено пријателството меѓу Црна Гора и Светата Столица, како и заедничката посветеност на мирот, меѓусебното почитување и достоинството на секое човечко суштество“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Црна Гора. Милатовиќ истакна дека оваа година се одбележуваат 140 години од Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата Столица, 20 години од воспоставувањето дипломатски односи и 15 години од потпишувањето на Основниот договор. За време на средбата, посебно внимание било посветено на натамошното зајакнување на соработката, вклучително и на отворањето на Апостолска нунцијатура во Подгорица. На крајот од средбата, претседателот Милатовиќ му подарил на папата специјално изработен тениски рекет со црногорски државни симболи, рачно изработен филигран инспириран од добротската чипка и репродукција од првата страница на Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата столица од 1886 година. Милатовиќ му подарил тениски рекет на папата поради неговата страст кон тенисот. При врачувањето на подарокот, тој го споменал тенисерот Новак Ѓоковиќ. „Тој се изјаснува како Србин“, одговори папата. „Тој исто така е многу наклонет кон Црна Гора“, одговорил Милатовиќ. #PapaLeãoXIV recebeu na manhã deste sábado, 3 de outubro, o presidente de #Montenegro 🇲🇪 , Jakov Milatović. 👉🏼https://t.co/ISokOpjk0Q https://t.co/Vhf72pyLLk — Vatican News (@vaticannews_pt) October 3, 2026 Тагови: Папата Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter