Превентивни активности на СВР Тетово и ПС Делчево за заштита од пожари и нелегална сеча и транспорт на дрва - Канал 5

Превентивни активности на СВР Тетово и ПС Делчево за заштита од пожари и нелегална сеча и транспорт на дрва

За време на активноста на граѓаните им беше укажано на потребата од зголемено внимание за заштита на шумите од пожари.

Превентивни активности на СВР Тетово и ПС Делчево за заштита од пожари и нелегална сеча и транспорт на дрва

Денеска (23.08.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Теарце и претставници од ЈП ,,Национални шуми" на неколку локации на подрачјето на Полициското одделение Теарце спроведоа превентивна активност под мотото ,,Пламените јазици се незапирливи“. За време на активноста на граѓаните им беше укажано на потребата од зголемено внимание за заштита на шумите од пожари. Исто така, на возачите им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите да не фрлаат догорчиња од цигари или стаклени предмети затоа што на тој начин ја загадуваат природата. Воедно, населението беше запознаено и за законските импликации доколку се загрозува природата со несовесно однесување кое може да придонесе за предизвикување на општа опасност или пак предизвикување пожар. За време на активноста беа делени и летоци со информативно-едукативни содржини.

Полициската станица Делчево, исто така, денеска реализираше превентивна активност. Активниста беше спроведена во содејство со Регионалниот центар за гранични работи Исток и Шумска полиција на повеќе локации с.Бигла, с.Драмче, с.Илиово и на планината Голак за превенција и заштита од пожари и незаконска сеча и транспорт на дрва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател, Бака

Таа му упати честитки по повод неговиот избор за претседател во август, годинава и изрази подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи преку политички дијалог, размена на посети и унапредување на економската соработка.

Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“. Таа укажа на неопходноста од кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги врзани за Копенхашките критериуми.

Исто така, соговорниците разговараа за актуелните геополитички предизвици и потребата од јакнење на мултилатерализмот, како механизам за силни институции, што ќе им овозможи на малите држави поголемо учество во процесите на одлучување за глобалните прашања.

Претседателката ги искажа своите ставови за потребата од длабоки реформи на меѓународните организации, премин од реактивна кон превентивна дипломатија како предуслов за ефективно справување со глобалната криза, како и за потребата од проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силна бура ги погоди Франција и Британија, ѝ се заканува и на Германија (ВИДЕО)

Првата моќна есенска бура, наречена Остен од британските метеоролози, го погоди северозападниот дел на Франција. 

Силна бура ги погоди Франција и Британија, ѝ се заканува и на Германија (ВИДЕО)

Поради бурните ветрови, 23 департмани прогласија портокалово ниво на готовност, а бурата предизвикува прекини во сообраќајот и широко распространети прекини во снабдувањето со електрична енергија, објавува Euronews.

Бурата брзо се засили над Атлантикот пред да се упати кон Британските острови и францускиот брег. Прво ја погоди Бретања во ноќта од четврток кон петок, а силниот ветер потоа се прошири во Нормандија и регионот Горна Франција. Налетите на ветер беа исклучително силни по должината на брегот. Во Поант ди Раз во департманот Финистер беше измерена брзина од 161 км/ч, а неколку метеоролошки станици исто така регистрираа рекордни брзини на ветерот за октомври.

До денес наутро, околу 161.000 домаќинства останаа без електрична енергија, главно во Бретања, регионот Пеи де ла Лоара и Нормандија. Паднатите дрвја и лошите временски услови го нарушуваат и железничкиот сообраќај, предизвикувајќи неколку линии да бидат суспендирани како мерка на претпазливост. Мостовите се затворени во департманот Сена-Морит.

Се шири во Велика Британија и Германија

Мет-службата издаде портокалово предупредување, второ највисоко ниво, за Корнвол и Девон, каде што се очекуваат налети на ветер до 130 км/ч. Бурата го погоди подрачјето рано наутро. Според National Grid, операторот на електричната мрежа во Велика Британија, повеќе од 16.000 домови во југозападна Англија останаа без струја до доцна наутро.

Ветрови до 100 км/ч се прогнозираат за јужна и централна Англија во текот на целиот ден, додека бурата се движи кон исток по должината на брегот на Ламанш. Во Германија, каде што националната метеоролошка служба ја нарече бурата Луиз, налети на ветер до 100 км/ч се очекуваат на запад и северозапад од земјата.

Серија бури и ново предупредување за викендот

Само неколку дена претходно, бурата Адам ги погоди јужна Франција и Шпанија, носејќи силни грмотевици и обилни дождови. Поплавите најмногу ги погодија француските департмани Гард, Буш-ду-Рон и Вар. Најмалку шест лица загинаа во Шпанија и јужна Франција, од кои две во Франција, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија.

На крајот од викендот се очекува доаѓањето на уште една силна бура, Боело, која ќе донесе нови налети на ветер и обилни дождови. Британската метеоролошка служба веќе го зголеми нивото на предупредување за бурата Боело од жолто на портокалово за Северна Ирска, Шкотска и делови од северна Англија. Предупредувањето важи за сабота навечер и цела недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти.

Тие ја запознаа претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата.

Соговорниците изразија желба за јакнење на македонско-унгарските односи. Дадоа предлози за промоција на државата пред унгарската јавност и подобро меѓусебно културно запознавање, посебно акцентирајќи ги можностите за развој на туризмот. Тие укажаа на потребата од отворање на културни центри во обете држави.

За Сиљановска-Давкова, континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината.

Претседателката изрази задоволство од етаблираноста и препознатливоста на малубројната македонска дијаспора во унгарското општество.

Таа укажа на важноста на културната дипломатија и ја поздрави нивната посветеност и активност врзана за негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер