МакедонијаПретставникот на УНДП Григоријан доби симболичен клуч од Кавадарци како благодарност за соработката Постојаниот претставник на УНДП Македонија, Армен Григоријан, доби симболичен клуч од Кавадарци, како благодарност за соработката. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека му го предава „клучот“ од градот, како симбол на вечно пријателство и гостопримство во оваа општина. Триесет години од работата на УНДП во државата, беа одбележани вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци. Григоријан рече дека му е чест што е дел од овој настан и задоволство што го доби овој клуч и посака и понатамошна соработка, во служба на заедницата. -Заедничките резултати во Вардарскиот регион се бројни. Ги поддржавме општините во градењето на капацитети, ангажман на граѓаните и изработка на техничка документација, што резултираше со реални проекти. Поттикнавме и интер-општинска соработка, интегрирани планови за развој и Индекс на општински развој. Преку национални и регионални партнерства, го поддржавме вработувањето и малите и средни претпријатија преку Оперативниот план. Вардарскиот регион има клучна улога во економскиот раст и нашата поддршка има цел да го ослободи неговиот целосен потенцијал, истакна Григоријан. Тој нагласи дека младите се во сржта на активностите. - Програмата Гаранција за млади ги поврзува младите со работни места и обуки, додека младинските совети и иницијативи добиваат континуирана поддршка. Дигитализацијата добива се поголем фокус - програмата ЛОГЕС е активна во неколку општини, а наскоро започнуваме и проект за сајбер безбедност во Кавадарци. Денес, работиме на зелена и дигитална транзиција преку Градскиот експериментален фонд и на урбана рехабилитација преку проектот за справување со аерозагадувањето. Списокот на постигнувања е навистина долг, подвлече Григоријан. Заменик амбасадорката на Швајцарија во државата - Михал Харари, рече дека се долгогодишен и посветен партнер на Северна Македонија, кој ја поддржува, на патот кон европска интеграција. На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој рече дека Кавадарци е градот што претставува синоним за квалитетното македонско вино. - Соработката помеѓу УНДП и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не е само формалност, туку вистинска можност за трансформација на нашиот земјоделски сектор. Преку заедничките проекти со УНДП, ние работиме на модернизацијата на македонското земјоделство и неговото приспособување кон европските стандарди. Преку оваа соработка, ние како Министерство се запознаваме со меѓународните стандарди и најдобрите практики во земјоделството. Ова е особено важно во контекст на климатските промени и потребата за одржливо производство на храна, истакна министерот. Трипуновски напомена дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно ги поддржува малите семејни винарии преку учество на меѓународни саеми и презентации на македонски вина на локални и меѓународни манифестации. -Нашата цел е македонското вино да стигне до секој агол од светот. Ние продолжуваме да ги поддржуваме малите винарии и со гордост можам да соопштам дека е распишан јавниот повик кој предвидува инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем. Овој повик обезбедува финансиска поддршка до 600.000 денари по корисник, што ќе им овозможи на нашите винарии да ја модернизираат својата опрема и да го подигнат квалитетот на производството, нагласи министерот. Притоа подвлече дека дополнително, винариите кои освојуваат прво, второ или трето место на престижни меѓународни натпревари, добиваат парични награди до 300.000 денари. Ова, како што рече, не е само финансиска поддршка, туку и признание за нивниот труд и посветеноста. - Македонија има исклучително добри климатски услови, богата почва и долгогодишна традиција, совршена комбинација за производство на вина од светска класа, но и други земјоделски производи. Со правилна поддршка, инвестиции и промоција, нашите производи можат да станат најуспешни извозни производи, истакна Трипуновски. Градоначалникот Митко Јанчев рече дека е голема чест, што Општина Кавадарци е домаќин на овој настан. - Ќе зборувам и во име на сите останати осум други општини од Вардарскиот плански регион, кои низ годините биле активни партнери на УНДП со бројни заеднички иницијативи. Со вкупно девет општини, Вардарскиот регион е движечка артерија во националната економија, со одлични климатски услови за развој на земјоделството, долгогодишна традиција за производство на вино, како и со потенцијалот за развивање на планински туризам кој го стимулира развојот на локално и регионално ниво, со фокус на јавно приватно партнерство и подобрување на квалитетот на живеење, истакна Јанчев. Притоа појасни дека соработката со УНДП се реализира во неколку стратешки области. -Преку владиниот Оперативен план на активни мерки и програми за вработување, активни сме во сите мерки и програми за вработување, а посебно во оние со фокус на малите и средни претпријатија, поддршката за отворање нови квалитетни работни места со еднакви услови за сите. Растот во овој регион е од суштинско значење, во услови кога зборуваме за задржување на младите дома, градење на одржливи и просперитетни заедници и креирање конкурентен бизнис сектор, нагласи градоначалникот. Во регионот, подвлече тој, УНДП и донаторите дале огромен придонес во јакнењето на капацитетите на општинската администрација и во вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување одлуки. - Во моментов спроведуваме повеќе проекти како што се, проект за подобрување на квалитетот на воздухот во Кавадарци, за сајбер безбедност, Фонд за експериментирање со градовите за што вечерва потпишавме и договор за грант, информираше Јанчев. Тој го честита јубилејот на сите вработени во УНДП и посака уште долги години плодна и успешна работа. - Очекуваме и во иднина да продолжиме да соработуваме, затоа што само заедно можеме да создадеме подобра иднина за нашите граѓани. Особено задоволство претставува фактот што Општина Кавадарци изминатите 30 години се истакнува како потврден партнер со УНДП, рече Јанчев. Тагови: Кавадарци УНДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16