Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
1Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
КултураПретстави од седум земји на 11.фестивал „Скупи“ Под мотото „За здрав дух“ од 12-ти до 18 октомври ќе се одржува 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“ на кој ќе бидат изведени седум претстави од Албанија, Русија, Косово, Израел, Србија, Иран и од Бугарија. Фестивалот во четврток ќе биде отворен со претставата „Куќата на Бернарда Алба“ од Лорка во режија на Ќендрим Ријани, на театарот „Андон Чајупи“ од Корча, Албанија. Отворањето ќе биде во Сули ан во 20 часот. Во наредните денови фестивалот ќе се одржува во Младинскиот културен центар каде ќе гостуваат претставите: „Ѕверот“ на театарот „У Моста“ од Перм, Русија; „Маченик“ на Градскиот театар од Ѓаковица, Косово; „Пуши како маж“ од Тел Авив - монодрама инспирирана од животот на Фрида Кало; „Визии од сребрениот век“ на Центарот за културна деконтаминација од Белград; „Зборувај, Медеја“ на театарската компанија „Јирјирак“ од Техеран и, на последниот фестивалски ден - „Слугинките“ на Националниот театар „Иван Вазов“ од Софија. - Ќе се обидеме да ја одржиме традицијата и да покажеме театри кои не сме ги виделе досега, и некои што ги знаевме, а мислиме дека е добро да ги видиме, а што не сме ги гледале на другите фестивали. Во таа смисла, имаме навистина што да ви понудиме, рече селекторот на фестивалот Сенко Велинов денеска на прес-конференција. На програмата, рече тој, не ставаат македонски претстави затоа што публиката нив може да ги види на редовниот репертоар на театрите, а за нив, рече, има и посебен фестивал - МТФ „Војдан Чернодрински“. - Кога македонски претстави играат на домашни фестивали значи алиби. Фестивалите си пополнуваат простор за да ги оправдаат некако и времето, и парите, додаде Велинов. Како и во минатите изданија, на „Скупи 2017“ ќе биде доделена една награда - Гран-при за најдобра претстава, за која ќе одлучува тричлено жири во состав: Веби Ќерими, Ѓорѓи Јолевски и Лука Кортина. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДесет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..Тагови: Денот на независноста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs) Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу малиСАД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.Тагови: Виткоф Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook