Претставена е внатрешноста на новиот Land Rover (ФОТО) - Канал 5

Претставена е внатрешноста на новиот Land Rover (ФОТО)

Станува збор за  популарниот Discovery, кој привлекува поширок опсег на купувачи со релативно прифатлив сооднос цена-понуда.

Претставена е внатрешноста на новиот Land Rover (ФОТО)

Сега има дополнителен адут.

И го наоѓаме во кабината, каде што Land Rover одлучи да ја усоврши удобноста при возењето со нова предна арматура. Така, новата моделска година носи нов дигитален кокпит со централен „слободно лебдечки“ заоблен екран од 11,4 инчи, кој го вклучува инфозабавниот систем Pivi pro.

Се карактеризира со поедноставна употреба, така што до 90 проценти од функциите може да се пристапи во два чекори.

Централната конзола исто така е модернизирана и на тој начин поедноставена. Алуминиумот доминира, а контролата на менувачот сега е уште похармонично пропорционална. Клиентите добиваат и нов систем за прочистување на воздухот, како и стандардно безжично полнење.

Секако, листата на опции е дарежлива и ако се позаиграте, можете драстично да ја зголемите цената на овој удобен теренец со препознатлив изглед.

Понудата започнува со 2.0 турбо бензинец со 200 КС и 320 Nm и помоќниот P250 со 249 КС и 365 Nm, а потоа следи добро познатиот P300e plug-in хибрид со 1.5 трицилиндричен мотор и 14.9 kWh. батерија и сега малку подолг досег од максимум 61 km, односно 47 km во реални услови. Во понудата остануваат дизелите, D165 и D200.

Позната е и цената за британскиот пазар, која ја објави Discovery Sport и започнува од 44.790 фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Денеска (06.08.2026) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки.

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска.

Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната институционална соработка, со цел зголемување на ефикасноста во размената на податоци по електронски пат, организирање континуирани обуки, како и развивање други форми на соработка од делокругот на работењето на Бирото за јавна безбедност и Бирото за јавни набавки.

Меморандумот ги уредува и начините на остварување координација и меѓусебна соработка во областа на спречувањето и сузбивањето на корупцијата и криминалот поврзани со јавните набавки, преку поефикасна размена на информации и заеднички активности во рамките на законските надлежности на двете институции.

Со оваа соработка двете институции ја потврдуваат својата заедничка заложба за зајакнување на институционалните капацитети, транспарентноста и интегритетот во системот на јавните набавки, како и за поефикасна борба против корупцијата и криминалот во оваа област.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот пат

Министерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер.

Ферати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот пат

На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија.

Министерот ја информираше амбасадорката за годишната програма на Министерството за односи меѓу заедниците и за планираните активности кои имаат цел директно да придонесат за зајакнување на општествената кохезија, промовирање на дијалогот и јакнење на довербата меѓу етничките заедници. Во таа насока беше нагласена потребата од продолжување на заедничките институционални напори за создавање стабилна клима на соработка и меѓусебно разбирање.

На средбата се разговараше и за идните проекти и можностите за реализација на нови иницијативи од заеднички интерес. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во консултативните процеси при изработката на стратегиите, како и при спроведувањето на различните активности на Министерството, со цел нивниот глас и перспектива да бидат составен дел од идните политики и проекти што придонесуваат за развојот на општеството и приближувањето кон Европската Унија.

Прес служба на кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме

Македонија не се соочува со енеретски удар заради низок водостој на акумулациите како во делови од Европа, напротив земјава е енергетски безбедна, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме

Владата вели тој не размислува на покачување туку на намалување на цената на струјата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер