Претставена е новата електрична Шкода - Канал 5

Претставена е новата електрична Шкода

Škoda продолжува да го открива новиот електричен SUV.

Претставена е новата електрична Шкода

Откако го откри иновативниот ентериер, Škoda одлучи да започне со откривање на надворешноста на новиот модел. Поточно, станува збор за концептот Vision 7S, автомобил со кој Чесите најавуваат нов дизајнерски израз. Приложените рендери не откриваат многу, но сосема е сигурно дека најголемите новитети ќе бидат видливи на предниот дел на возилото.

Црната затворена решетка станува стандард за електричната понуда, додека дизајнот на светлата е целосно нов во форма на буквата Т со интегрирани LED диоди за дневно возење. Отворено е прашањето дали ќе можеме да го видиме агресивно исечениот преден браник во природа.

Задниот дел се заснова на два важни елементи. Едниот е заобленото задно стакло кое влегува во страните на возилото, а другиот се вертикално ориентираните светла. Интересно е што и задниот браник добива седум вертикални отвори како тој напред.

Да потсетиме дека малку порано можевме да ја видиме внатрешноста на новата Škoda со дигитален кокпит, поголем централен екран и класични контроли за вентилација. Плус е и поставување на детско седиште во средината на кабината. Да го споменеме и „исечениот“ волан и трите реда седишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР предупредува: За два дена пристигнува голем облачен бран со дожд, грмежи и силен ветер – подгответе се!

Вчера Македонија беше погодена од силно невреме, а екипите уште од раните утрински часови работат на санирање на последиците. Засега главните патни правци се проодни.

УХМР предупредува: За два дена пристигнува голем облачен бран со дожд, грмежи и силен ветер – подгответе се!

Невремето зад себе остави расфрлан отпад, искршени гранки и оштетени покриви. Апокалиптични сцени од поплави можеа да се видат во Скопје, но и во Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде што покрај материјалната штета беа предизвикани и сериозни проблеми во сообраќајот.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Но, најновата временска прогноза на УХМР најавува ново влошување на времето во петок.

Прогноза за 24.07.2026

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде и засилен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е државен удар

На денешната седница е да поразговараме за повеќе аспекти на процесот на проширување на Европската Унија, кои се актуелни во изминатиот период, процесите кои со многу голема динамика се случуваат во Европската Унија.

Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е државен удар

Проширувањето, како еден од врвните приоритети на што се става акцент од страна на Европската Унија во изминатите месеци, со конкретни чекори кои се случуваат и кои го развиваат скептицизмот, би рекол, посебно кај нас, нашите граѓани, кои со право се разочарани од многу случувања во изминатите години.

Евроинтегративниот пат никогаш не бил лесен. Ако се вратиме и ја погледнеме еволуцијата од независноста на државата во 1991 година, Лисабонската декларација, решението на проблемот, приемот во Обединетите нации со референцата, решението на блокадата, ембаргото од страна на Грција, тешките години во тој период за време на ембаргото, кризата во 2001 година, Рамковниот договор, решавањето на проблемите, кандидатскиот статус од 2005 година, потпишан со Европската Унија.

Претходните години, помош од различни канали, програмата ФАР е една од нив, од страна на прво Европската заедница, а потоа Европската Унија.

Помошта која континуирано доаѓа во следните години, решението на проблемот со името со Грција, Преспанскиот договор, членството во НАТО, разочарувањето од француското вето во годините после тоа и сега овој период кога се става една нова динамика од самата Европска Унија, имајќи ги предвид геополитичките случувања во светот, пред сè во Европа, после војната во Украина.

Со жалење можам да констатирам дека се лоши последните извештаи од страна на Европската комисија, од сите официјални лица кои доаѓаат од Европската Унија.

Влијанието на оваа власт врз правосудството, независноста на правосудството, отвореното влијание од страна на највисоките инстанци на власта, слабиот перформанс во борбата со корупцијата, влијанието на „српскиот свет“ и со тоа влијанието на Русија врз овој регион, овде на Балканот, на овој дел од Европа, се нешто што отворено стои во извештаите.

Понатаму, контролата на медиумите, притисокот врз новинарите, исто така се констатирани во извештаите на Европската Унија.

Нешто што е целосно контрадикторно со најавите дека ние сакаме да одиме кон Европа од страна на власта, а притоа не се прави чекорот напред кој треба да се направи.

Се разобличија повеќе, би рекол, лажни најави и политики од страна на актуелната власт.

Прво, дека е загрозен идентитетот и јазикот со Преспанскиот договор,со експлицитно признание од највисоките претставници на власта дека не само што не е загрозен, туку е потврден и идентитетот и јазикот со Преспанскиот договор.

Дека членството во НАТО носи само и исклучиво бенефити, а никако ризик по ниту една основа за државата.

Понатаму, тоа дека не е возможно да има гаранции во пристапниот процес, како што немало гаранции за ниту една земја, поради тоа што пристапниот процес е исполнување на критериуми за членство во Европската Унија.

Тоа исполнување на критериумите, откако ќе се отворат поглавјата, е тоа што ја зајакнува нашата држава, тоа што го менува системот,тоа што ни отвора простор и пристап до фондовите на Европската Унија, до кои не можеме да дојдеме на поинаков начин, ниту можеме да најдеме алтернативен извор во овој момент.

Имаме примери од земјите кои последни влегле во Европската Унија, тоа се Бугарија и Хрватска. Како благодарение на пристапниот процес и членството во Европската Унија се сменија тие земји.

Знаеме што беа Хрватска и Бугарија пред нивното членство во Европската Унија.

Знаеме колкава сума пари, милијарди евра, им се отвори можност да користат како грантови од Европската Унија за инфраструктурни проекти кои ги сменија и Хрватска и Бугарија.

Да не зборуваме за Романија и другите држави. Една Италија и Шпанија се променети поради членството во Европската Унија, економии со кои ние не можеме ни оддалеку да се споредуваме.

Едноставно, нема друг извор и немаме алтернатива, освен членството во Европската Унија, кое како стратешки пат започна во 1991 година, од независноста на Македонија.

Се поставува прашањето дали намерното запирање на европскиот пат не е форма на државен удар.

Кога се знае што треба да се направи, кога ниту едно поглавје не е отворено, а четири земји кандидати за Европската Унија одржаа меѓувладини конференции во еден ден – Албанија и Црна Гора, понатаму Молдавија и Украина, кои видовме како го решија проблемот со Унгарија по смената на власта во Унгарија.

Имаше проблем со малцинството, па го надминаа со разговори и со преговори.

Да резимирам во овој дел, очигледно е дека немаме алтернатива.

Очигледно е дека не одиме напред. Ние сме единствената земја која нема отворено поглавје за преговори, додека овие четири земји кандидати очигледно ќе бидат следните земји членки на Европската Унија.

Затоа што со конкретни чекори претставниците на Комисијата и на Советот кажуваат дека проширувањето е еден од четирите приоритети на Европската Унија во овој период, помошта за Украина, која веќе се финализираше по промената на власта во Унгарија, понатаму реконструкцијата на Европската банка и прашањето на вештачката интелигенција.

Различните ставови на земјите членки на Европската Унија со Соединетите Американски Држави се преточуваат во конкретни чекори, конкретни буџети и конкретни постапки.

Секој ден гледаме како регионот оди напред. За жал, ние стоиме во место.

Ќе дојде временски период во кој веќе нема да може да се споредуваме со никого, затоа што едноставно луѓето овде нема да ја гледаат иднината.

Ќе го затворам ова воведно излагање со едно од прашањата кои ги имам до евроамбасадорот Рока. Се надевам дека ќе може да одговори за време на неговото излагање.

Што ќе се случи ако ситуацијата овде остане статус кво?

Што ќе се случи со предвидувањата со креирањето на следниот седумгодишен буџет на Европската Унија?

Дали ќе бидеме предвидени како земја која ќе може да користи финансиски средства од Европската Унија во следниот седумгодишен период? Или ќе останеме на маргините со некои мали буџетски ставки кои ќе можеме да ги користиме само за одредени работи, ако власта не покаже желба, волја и конкретни насоки и чекори за продолжување на европскиот пат.

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче на седница на Националниот совет за евроинтеграции

YouTube video

Скопје, 22.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција продаде рекордни 172.000 дресови за време на Мундијалот 2026

Продажбата на дресовите на француската фудбалска репрезентација за време на Светското првенство во 2026 година порасна за 134,3 отсто во споредба со претходниот турнир одржан во Катар во 2022 година. 

Франција продаде рекордни 172.000 дресови за време на Мундијалот 2026

„Интерспорт“ (Intersport), официјалниот продавач на дресовите на францускиот тим, објави дека продал рекордни 172.000 дресови за време на годинешниот Светски шампионат.

Овој резултат е особено значаен ако се земе предвид дека Франција го играше финалето против Аргентина во Катар, додека на овогодишното Светско првенство беше елиминирана во полуфиналето.

Најголема побарувачка имаше за дресот со името на капитенот Килијан Мбапе, додека Мајкл Олиз и освојувачот на „Златната топка“, Усман Дембеле, го зазедоа второто и третото место.

Продажбата на дресовите на Франција беше за 85,5 отсто поголема отколку за време на турнирот Евро 2024. Особено популарен беше зелениот дрес за гостувачки натпревари, наречен „Liberté“ (Слобода) и инспириран од симболиката на Статуата на слободата; Француската фудбалска федерација објави дека овој модел бил распродаден во текот на неколку недели.

Дресовите не беа евтини. Верзијата за возрасни чинеше околу 110 евра, додека дрес персонализиран со името на играчот достигнуваше цена од речиси 130 евра.

Детските големини се продаваа по цени меѓу 85 и 105 евра. За време на Светското првенство, „Интерспорт“ (Intersport) продаде вкупно околу 360.000 дресови на различни репрезентации, при што дресовите на Франција беа најпродавани, пред оние на Португалија и Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер