АвтомобилизамПретставена е апликација за откривање дефект во возилата преку звукОвој пристап прилично го олеснува дијагностицирањето на дефектите.Колку често сте се нашле во ситуација кога вашиот автомобил произведува чуден звук од непознат извор? Проблемот може да трае со денови додека не се открие причината за проблемот. Но,не мора и за сопствениците на Ѕkoda, барем ако оваа иновација доживее комерцијална употреба. Skoda разви апликација за откривање на дефекти. Наречен е Sound Analyzer, а неговата цел е да го открие звукот во автомобилот и потоа да користи технологија за вештачка интелигенција за да го спореди со снимените примероци во базата на податоци. Шемата на која е најсличен снимениот звук исто така ќе биде најверојатната причина за дефектот. Алгоритмот со споредба може да го определи секое отстапување од примерокот и да укаже на можно решение. Апликацијата работи така што тогаш го известува техничарот каде да ја побара причината за проблемот. Во Ѕkoda, велат дека точноста на апликацијата е дури 90%. Во моментов може да препознае десет модели на звук вклучувајќи го и звукот на управувачкиот систем, компресорот за климатизација и спојките во менувачот DSG. Апликацијата изгледа многу ветувачки, па многумина се надеваат дека наскоро ќе доживее барем делумна комерцијализација. Во Шкода нагласуваат дека со нејзината примена ќе се скрати времето кога автомобилот е вон функција. Исто така, Ѕkoda размислува за имплементација на оваа апликација во самиот автомобил при производството, а тоа тогаш би значело инсталација на серија сензори кои постојано би ги прислушкувале настаните во автомобилот. Дефектот ќе се открие порано, а автомобилот може да комуницира со сервисот преку мрежна врска. На сопственикот ќе му остане да потврди некои од понудените услови за услуга. Апликацијата моментално се тестира во 245 сервиси во 14 земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возењеВластите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.Тагови: мито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter