Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
1Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
3Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
СветПретставен предлог законот за финансирање на владата на САД„Нацрт-законот претставува ниво на дискреционо трошење од 1,66 трилиони долари за фискалната 2024 година“, рече портпаролот на лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер. Преговарачите во американскиот Конгрес објавија предлог-закон за финансирање на владата до крајот на фискалната година што започна во октомври, бидејќи пратениците се соочуваат со уште една закана за делумно затворање доколку не донесат одлука до петок. „Нацрт-законот претставува ниво на дискреционо трошење од 1,66 трилиони долари за фискалната 2024 година“, рече портпаролот на лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер. Законодавството ги исполнува деталите од договорот што Шумер и републиканскиот претседател на Претставничкиот дом Мајк Џонсон го поставија во јануари. Пратениците минатата недела гласаа за четвртата привремена мерка која стапува во сила на 1 октомври за да се одржи финансирањето на владата и си дадоа два рока да дејствуваат за да се договори финансирање за делови од владата, вклучително и Министерството за транспорт и Управата за храна и лекови, која е покриена до 8 март, додека другите федерални агенции делумно се затвораат на 22 март. „Нацрт-законот содржи агресивни инвестиции што демократите ги направија за американските семејства, американските работници и националната одбрана на Америка“, рече Шумер. Додека повеќето водечки членови на Конгресот се согласија за договорот, остануваат некои предизвици, особено противењето на тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом, кои постојано повикуваа на нагло намалување на трошоците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Шоу бизСофија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 годиниНајплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години. Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели. На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег. Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание. Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСкандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведуваЛегендарниот голман на Германија и Баерн Минхен, Мануел Нојер повторно се разведува, откако ја изневерил својата бремена сопруга Аника со помлада девојка.Еден од најдобрите голмани на сите времиња, 40 годишниот Мануел Нојер повторно се разведува. Неговиот брак со Аника Бицел Нојер не траел долго (нешто повеќе од една година) и двојката се развела само два месеци по раѓањето на нивниот втор син. Според германските медиуми, причината е неверството. Нојер наводно е во врска со 23-годишна жена чие име не е објавено, со која тој поминал време и во Бразил додека се опоравувал од повреда. Двајцата биле видени заедно, а Нојер ја изневерил сопругата додека таа била бремена. Дека ова не се само медиумски шпекулации, покажува објавата на Аника Бизел Нојер на социјалните мрежи на оваа тема. Познатиот голман наводно со месеци е во врска со ова 23-годишната девојка, за која Аника Бизел Нојер се сомневала кога била во последните месеци од бременоста, особено поради неговите чести отсуства. Кратко откако се породила, Мануел Нојер ѝ рекол на сопругата дека сака развод. За Мануел Нојер, ова е втор пропаднат брак. Од 2017 до 2020 година, капитенот на Баерн беше во брак со дресурачката Нина Нојер. Пред тоа, неколку години беше во врска со Катрин Гилх. Нивниот раскин беше објавен кратко по триумфот на Германија на Светското првенство во 2014 година. Првиот брак на Нојер исто така заврши со развод, а неговиот приватен живот повторно стана централна тема во германските медиуми, кои во претходните месеци пишуваа за големите неуспеси на легендата и огромните проблеми со повредите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштетоОпштина Центар изведува градежни работи за санација на кровот во ООУ „Димитар Миладинов“. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.„Го решаваме долгогодишниот проблем со протекување и создаваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од кровната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег. По завршувањето на работите на кровот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето. Со санацијата ќе се спречи протекувањето и ќе се подобри заштитата на објектот од студ и влага. Ова е дел од активностите на Општина Центар за подобрување на условите во општинските училишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook