Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“ - Канал 5

Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“

Компанијата „Уанплус“ (OnePlus) го претстави својот паметен телефон „Уанплус 13“ пристигна со новиот процесор „Квалком снепдрагон 8 елит“ (Qualcomm Snapdragon 8 Elite).

Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“

Новиот модел првично ќе се продава во Кина, но наредниве месеци ќе стигне и на светските пазари. Има „БОЕ“ екран, „ИП-69“ сертификат за отпор и поголема силиконско-јаглеродна батерија со капацитет од 6.000 мегаампер-часови. Екранот изгледа како да е рамен, но суптилно е закривен од сите страни. Како резултат на тоа, „Уанплус 13“ е малку пократок од неговиот претходник, но сепак има екран од 17,32 цм.

Други особини на новиот телефон се резолуција од 1.440 пиксели, широка палета на осветленост и стапка на освежување 1 до 120 херци. Тука е и пософистицираниот ултразвучен скенер за отпечатоци.

Паметниот телефон е достапен во бела, метално-темносина и сина боја. Верзијата со 256 ГБ внатрешна и 12 ГБ РАМ-меморија чини 632 долари, а најскапата верзија со еден терабајт внатрешна и 24 гигабајти РАМ-меморија чини 842 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.

Тројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се

На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.

Обвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев

Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување.

На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .

Зајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоци

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер