ТехнологијаПретставен е скафандер за патување на Месечината, дизајнер е позната италијанска модна куќаИталијанската модна куќа „Прада“ и компанијата „Аксиом Спејс“од Хјустон го претставија дизајнот на вселенските одела, т.е. на вселенскиот костум што ќе се користи за мисијата на НАСА „Артемис 3“, т.е. за патување на Месечината.Оделото, кое е познато како „Axiom Extravehicular Mobility Unit“ (AxEMU), беше претставено на Меѓународниот астронаутички конгрес во Милано, а неговиот дизајн е комбинација на висока функционалност и естетика, бидејќи е неопходно да се прилагоди на суровата услови на Месечината, објави Ројтерс. Оделото е дизајнирано да ги издржи екстремните температури на јужниот пол на Месечината и да функционира во студени области најмалку два часа. Астронаутите ќе можат да вршат вселенски прошетки во времетраење до осум часа во овој костум. - Многу сум горд на резултатот што го презентираме денеска. Ова е само првиот чекор во долгогодишната соработка со компанијата „Axiom space“ – изјави главниот маркетинг менаџер на модната куќа „Прада“ Лоренцо Бертели. Мисијата Артемис 3, која е планирана како прво слетување на астронаути на Месечината од 1972 година, е закажано за 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКаква казна очекува Роналдо – отсуство од националниот тим во траење од половина година? Португалската фудбалска федерација го суспендираше Кристијано Роналдо откако тој го напушти кампот на репрезентацијата по несогласувањата со тренерот Жорже Жесус.Португалската фудбалска федерација го суспендираше Кристијано Роналдо откако тој го напушти кампот на репрезентацијата по несогласувањата со тренерот Жорже Жесус, а конечната одлука за времетраењето на казната би можела да се движи во опсег од еден до шест месеци. Според еден португалски весник, суспензијата била автоматски покрената врз основа на дисциплинските правила на Сојузот, додека дисциплинскиот совет ќе одлучува за нејзиното конечно времетраење. Казна во времетраење од повеќе од еден месец би можела да значи дека Роналдо ќе ги пропушти следните натпревари на Португалија во Лигата на нациите, против Данска и Велс. Според американската спортска мрежа ESPN, се очекува казната да биде пократка, а при одлучувањето ќе се земе предвид и извинувањето на Роналдо. Конфликтот изби за време на натпреварот меѓу Португалија и Норвешка, кој Португалија го доби со 4:2. Според медиумите, Жезус го испратил Роналдо на загревање, но потоа не го вклучил во игра, што искусниот напаѓач го доживеал како навреда и одлучил да го напушти репрезентативниот камп. Роналдо во вторникот им се извини на своите соиграчи и на португалската јавност, признавајќи дека неговите постапки треба да имаат последици. „Одговорноста е исклучиво моја. Уште еднаш им се извинувам на Португалците, но прекршеното ветување имаше одлучувачко влијание врз мене. Сметав дека моето останување само ќе му наштети на тимот и го направив она што отсекогаш велев дека ќе го сторам доколку повеќе не се чувствувам корисен – си ги спакував работите и заминав“, изјави Роналдо. Тој додаде дека очекува Португалската фудбалска федерација да го казни за напуштањето на кампот, нагласувајќи дека правилата мора да важат за сите играчи, без оглед на нивниот статус во националниот тим. „Јас не сум кој било играч, јас сум капитен на тимот, што претставува отежнувачка околност“, изјави Роналдо. Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во ЗелениковоЛокалната власт во Општина Зелениково, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатата година работеше на подобрување на локалната инфраструктура, при што беа реконструирани повеќе локални улици.Во населеното место Орешани беше изградена нова пешачка патека, од мостот на главната улица до преминот преку Зелениковска Река. Општината, исто така, набави повеќе видови возила наменети за одржување на патната инфраструктура и за извршување на комуналните дејности. Особено значаен за Општина Зелениково е и проектот за градски воз на релацијата Зелениково-Скопје, кој на граѓаните им овозможува подобра поврзаност со главниот град. Општината и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредување на животната средина, подобрување на условите за живот и создавање поквалитетна и поздрава средина за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 годинаМакедонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања. Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник. Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии. Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети. Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири. Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност. Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година. Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook