Нови законски измени: Полицијата ќе може веднаш да го отстрани насилникот од домот, воведени и електронски алки
2Нови законски измени: Полицијата ќе може веднаш да го отстрани насилникот од домот, воведени и електронски алки
АвтомобилизамПретставен е новиот Порше 911 GT3 S/C, направен е за патишта, а не за тркачки патеки (ВИДЕО)Porsche 911 GT3 S/C од 2027 година е автомобил кој сигурно ќе предизвика поделени мислења.Кога ќе земете купе без компромис, изградено со прецизност за тркачката патека и значка проткаена со историја на мотоспортот,а наменет за патиштата кога ќе му го отстраните покривот и дел од неговата структурна цврстина и ќе додадете тежина, одеднаш сите имаат гледна точка. Но, ова можеби е GT3 што всушност треба да го купите. Комбинација од најдоброто од гамата Игнорирајќи ги перформансите на кабриолетот за момент, рецептот е многу сличен на оној што се користеше за создавање на ограниченото издание на 911 S/T од генерацијата 992.1 од 2023 година. Ова значи дека добивате елементи на дизајн, шасија и погонски склоп што обично се резервирани за GT3 RS, но исклучиво со шестстепен мануелен менувач - нешто што RS фокусиран на патеката не го нуди. Како и S/T, на S/C му недостасуваат назабени отвори за воздух на предните браници од карбон, но самите браници се обликувани да се вклопат со вратите во стилот на RS, исто така направени од композитни материјали. Исто така, тука е и двојно вентилираниот карбонски капак од моделот GT3 RS, широки задни браници и мал додаток Gurney на дното од преклопниот заден спојлер, пренесен од верзијата GT3 Touring. GT3 моќност, идентични перформанси Под хаубата се наоѓа 4,0-литарскиот атмосферски шестцилиндричен боксер мотор од моделот GT3. Порше вели дека ги дели брегастите вратила од RS, иако развива исти 510 КС како стандардниот GT3, а не 525 КС од верзијата RS. Моторот врти до 9.000 вртежи во минута и е достапен исклучиво со шестстепен мануелен менувач. Дали затоа е побавен? Официјалните податоци велат спротивното. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае истите 3,7 секунди како што тврди Porsche за купето GT3 со мануелен менувач, а максималната брзина од 312 км/ч исто така се совпаѓа со моделот Touring. Полесен благодарение на многу карбон Овие бројки за перформансите го поддржуваат тврдењето на Porsche дека S/C всушност не тежи значително повеќе од купето Touring, и покрај тоа што има целосно електричен покрив што се преклопува за 12 секунди, за разлика од поедноставните решенија што традиционално се наоѓаат кај моделите 911 Speedster. Porsche го наведува S/C на 1.507 кг, додека брз поглед на американскиот конфигуратор открива дека Touring тежи 1.469 кг. Иако е разлика од 38 кг, тоа е значително помало зголемување од 84 кг што доаѓа со изборот на Cabrio верзијата на Carrera S. Porsche го постигна ова со вградување на претходно споменатите делови од каросеријата од карбон, PCCB карбонско-керамички сопирачки (заштеда од 20 кг) и централно заклучувачки магнезиумски тркала (8,6 кг полесни). Бескомпромисна шасија и ентериер Исто така, постојат лесни делови што не се видливи, како што е задната стабилизаторска шипка од карбонски влакна. Како и другите модели на GT3, S/C исто така има предна суспензија со двојни виљушкасти коси, наместо поевтиното и помалку софистицирано решение што го користат послабите модели на 911. Пресметките на тежината на Porsche несомнено ги земаат предвид опционалните карбонски седишта, кои, за разлика од оние во GT3, се преклопуваат за да овозможат пристап до задниот дел од кабината, каде што купувачите можат да нарачаат неколку прегради за складирање. Ако не се одлучите за карбонските седишта, ги добивате спортските седишта на Porsche, кои сепак нудат одлична потпора, но се посоодветни за секојдневна употреба. Без оглед на тоа која опција ќе ја изберете, S/C доаѓа со перфорирана кожа - и совршено заоблен - волан и влез без клуч наместо копче. Пакет Street Style Porsche го ограничи стариот S/T на само 1.963 примероци, но S/C е целосен производствен модел и може да се произведува во значително поголем број. Затоа, сопствениците кои сакаат да се издвојат, можеби ќе сакаат да го разгледаат опционалниот пакет Street Style од одделот Exclusive Manufaktur на Porsche. Со графики на браниците и натписи на Porsche на страничните панели во иста црвена боја како и тркалата, тркалата и панелите на каросеријата на GT3 RS во Slate Grey Neo, и сопирачки клешти во Victory Gold, вистинскиот белег на пакетот Street Style е неговиот ентериер. Црвениот кариран тапацир изгледа како да е позајмен од голф панталони од 1970-тите и сигурно нема да биде по сечиј вкус, но инструмент таблата обложена со кожа изгледа елегантно, а менувачот од орев со отворени пори е убав додаток. Сепак е посебен Новата верзија на 911 е достапна за нарачка сега, а ќе пристигне во салоните низ целиот свет на есен. Некако, не се сомневаме дека овие примероци ќе станат вистински колекционерски улов.Тагови: патиштата Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови обвинувања меѓу власта и опозицијата за случајот со Алта банкаВо новиот Кривичен законик кој веќе е објавен на ЕНЕР и испратен на мислење во Брисел, ќе има и посебно кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Според предложеното решение, кривично ќе одговара тој што, злоупотребувајќи го своето влијание, службената или општествената положба и углед, преку лажни изјави или исправи ќе пласира неточни информации во јавноста, а со тоа ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем до степен што ќе наложи преземање законски мерки за нејзино одржување. За ова дело е предвидена затворска казна од една до пет години. Премиерот Мицкоски вели дека одредбата е додадена по актулените случувања поврзани со Алта банка, но и претходните слични искуства. -За банкарскиот тоа е дел којшто е додаден како резултат на искуството кое сега го гледаме а тоа е искуството со Стопанска Банка Битола, Алта Банка. Гледаме како на отворена сцена имаме обид да се опструира изнаоѓање на решение од одредена политичка структура и тоа да помине неказнето и ладно. И тоа не е прв пат. Ако се навратите назад во 2016/17 година тогаш заменскиот заменик министер во техничката влада за финансии испраќаше писма во светот на начин кој ја опструираше тогашната емисија на еврообврзница. И мислам дека е ова една добра форма за понатаму да не се случува за никој политичар ваква тема да злоупотребува за политички поени,- Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Иако во сегашниот КЗ нема вакво конретно дело, од НБРМ пред неколку дена поднеле две пријави до скопското обвинителство против раководството на СДСМ за наводите што ги изнесуваа на прес конферецнии во врска со Алта банка.. Од обвинителството брифираат дека во пријавите не се наведени конкретни кривични дела, но наводите во нив ќе бидат проверени. Од друга страна, кривична пријава против гувернерот Славески поднесе и СДСМ. Од таму денеска побараа обвинителството да не чека и додека ја разгледува пријавата да преземе итни мерки на претпазливост вклучително и привремена забрана за вршење на должноста на гувернерот. -Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски. Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија,- изјави – Јон Фрчкоски – Член на ИО на СДСМ. Државниот обвинител Ненад Савески синоќа во тв интервју порача дека Обвинителството ќе постапува по сите кривични пријави поврзани со Алта банка, без разлика кој ги поднесува и против кого се поднесени. Тој вели дека секоја пријава ќе биде распределена кај надлежен обвинител, кој треба да ги провери наводите, да ги истражи и да собере докази, нагласувајќи дека самото поднесување пријава не значи автоматски и основ за кривично гонење. Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови законски измени: Полицијата ќе може веднаш да го отстрани насилникот од домот, воведени и електронски алкиИтно отстранување од домот на 48 часа на насилникот од страна на полициски службеник, дури и ако е сопственик на истиот, и алка која ќе ги алармира жртвата и полицијата за негово повторно приближување.Итно отстранување од домот на 48 часа на насилникот од страна на полициски службеник, дури и ако е сопственик на истиот, и алка која ќе ги алармира жртвата и полицијата за негово повторно приближување – се меѓу најрадикалните и клучните предложени измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство кој од август е во Собраниска процедура. Тој е предложен од група пратенички од владејчаките партии, а поддршка има и од МВР. -Еден од радикалните исчекори, ако полицаецот утврди дека станува збор за сериозен ризик по жртвата, може да донесе итна мерка и да го отстрани насилникот од домот, дури и ако домот е во негова сопственост. Во рок од шест часа треба да биде доставена мерката во писмена форма, потоа судот ќе одлучува дали мерката ќе ја продолжи до 30 дена или ќе ја прекине. – - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Кажа Тошковски на брифингот на кој беа споделени податоци во однос на пријавите на семејно насилство. Во 10те месеци од 2026 година биле пријавени речиси 1900 случаи на семејно насилство, односно зголемување за 70% во однос на лани. Според министерот, ваквиот тренд е и поради охрабрувањето на жртвите се почесто да пријават, наместо да молчат и да трпат. Најчести жртви биле жените, напаѓани од брачни или вонбрачни партнери. Законските измени се поднесени на крајот на август, а претседателката на комисијата за еднакви можности – Жаклина Пешевска, уверува дека во завршна фаза се сите консултации за законското решение и дека процедурата ќе продолжи во догледно време. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Да живее слободно СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски, им оддаде почит на хероите што го дадоа најскапоценото за нашиот град да живее.- На 13 Ноември стоиме исправени пред историјата и длабоко се поклонуваме пред оние што ни ја подарија слободата. На луѓето чија храброст беше посилна од стравот, а љубовта кон татковината поголема од грижата за сопствениот живот. Пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје ја извојува својата слобода. По тешките борби, по страдањата и неизвесноста, нашиот град ја дочека победата над фашистичкиот окупатор. Секоја негова улица носи дел од тоа паметење. Секое име врежано на спомениците носи приказна за еден живот, една младост, еден сон прекинат за да можат да живеат соништата на генерациите по нив. Нивната жртва засекогаш е вградена во темелите на слободно Скопје. Наша должност е да ја чуваме од заборав и да ги учиме нашите деца колку скапо е платено правото да живеат слободно. Антифашистичката борба ни остави завет да стоиме исправени пред неправдата, да го браниме човечкото достоинство и да ја чуваме силата на заедништвото. Тоа е духот на Скопје. Градот што и во најтешките мигови знаел да се издигне, да подаде рака и да покаже дека солидарноста е посилна од секоја поделба – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека денес наша обврска е тој завет да се преточи во дела и да создаваме град на ред, чистота и сигурност. - Скопје во кое нашите деца ќе сакаат да останат, да создаваат и да ја градат својата иднина. Со таа мисла работам секој ден. Пред една година затекнавме закочени проекти и наталожени проблеми. Денес, промените се гледаат, големите проекти се движат кон завршницата, а со секој нов парк, мост и обновена улица градиме подобри услови за скопјани. Круна на мојот мандат ќе биде првата подземна сообраќајница, дело што ќе им служи и на генерациите по нас.Нашите ослободители го исполнија својот завет со храброст и со жртва. Нашиот мора да го исполниме со одговорност и со дела. Да бидеме достојни за слободата што ни ја оставија. Да изградиме Скопје достојно за генерациите што доаѓаат. Нека е вечна славата на ослободителите. Нека ни е честит 13 Ноември. Да живее слободно Скопје. Да живее Македонија – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter